Сите негативни особини кои ги спомнавте на темава некогаш дозволуваат да дојдеме до заклучок дека всушност одреденo нивнo истакнување ни донесло позитивни резултати. Освен, мрзливоста, која сите понекогаш не` зафаќа и може само да ни отежни понатамошен успех на некое поле.
Значи, бескрајните мои анализи некогаш се покажале како позитивна особина, некогаш како негативна. Знам да седнам и да анализирам отпосле, тогаш кога ми е џабе се`. Но, повтовно синџиресто ги надоврзувам, веднаш знам да преминам на следна анализа, самиот резултат да ми донесе нови мисли. И така секогаш. Додека се замарам самата можеби не е толку страшно, но во негативна може да премине кога ќе почне да влијае оваа моја особина и на некој друг. Тогаш добивам коментар „Премногу се замараш, премногу ги анализираш работите и ситуациите”. Но, многу пати до сега се покажала како позитивна, самото размислување и наоѓање секакви можни ситуации во кои би се нашла, ми покажуваат и помагаат како да постапам во некоја конкретна ситуација.
Второ. Своеглава и тврдоглава сум премногу, тешко некој да може да ми влијае на одлуки и мислење. Нормално, некогаш се покажало дека сум згрешила, но барем знам дека сама сум се довела до такво нешто, па повторно тврдоглаво барам начин да ја средам работата.
Трето. Знам да се зафатам или премногу да објаснувам (се` само за да не бидам погрешно сфатена) или со два збора да завршам секаква дискусија.
Четврто. Ретко можам да избалансирам, за мене постои или црно или бело.
Петто. Имам оштар јазик за тие кои се обидуваат да ме направат будала и кои почнуваат да ми се качуваат преку глава.
Шесто.
А да прекинев со пишување?
