Секогаш Евреите и Масоните во Ватикан иле љубоморни на техничкиот и интелектуалниот напредок на Македонија
Уше црешовото топче ко го напраја Македонските научници тие пратија саботери да го уништат илинденското востаније да не се дознае тајната која би овозможила од дрво на цреша да се прават едно чудо машини апарати возила ракети.
Таја тајна на црешово дрво - појако од дијамант засекогаш е загубено или скриено во тајните библиотеки длабоко во бункерите на Ватикан!
Дал да плачам ил да се смеам...имаше една песна порано......
Но се си доага со годините,нели??
Нема врска ајде нека ти биде.Пишував на оваа тема оддамна,дури имав и фотографии залепено ако не се лажам.
Македонија во тој период значи зборувам за Екс-Ју или кога повекето ако не и 100% не сте биле во план да се појавите на овој свет,имаше машинска индустрија која за жал сега ја нема.Еве ке се обидам да се сетам на фабриките кои произведуваа авто делови(ако има некој вампир ко мене нека дополни)
1.Руен Кочани.Руен Кочани произведуваше ламели и потисни плочи за секое возило кое се склопуваше во Екс-Ју,а имаше и продажна мрежа низ цела Ју.Дури и во произвдниот програм имаше и за западно европските возила кои беа ретки но ги имаше.Инаку лиценцата беше на SASH или нешто така беше.Значи се купуваше потисна и ламела која беше со екстра квалитет.
2.ХТЗ или Херој Тоза Драговик од Охрид.Комплетна галантерија за производствениот програм на Црвена Застава и ТАС Сараево.Од каиши,шал табли,предни маски,итн,итн........
3.ФАС 11 Октомври кој освен производство на автобуси имаше и погон каде се произведуваше целата галантерија за нивните автобуси.Шасијата стигаше од Мерцедес,а останатото беше од ФАС 11 Октомври.
4.Авто Гума.Производство и репарација на сите производи од гума за авто индустријата во Екс-Ју.Од манжетни,гумици за баланс-штангла,пиксни за амортизери,итн,итн.....Квалитет без збор.....
5.Раде Кончар ама не Хрватскиот туку погонот во Скопје,произведуваше разводници за палење за програмата на Црвена Застава,а во ливницата беа лиени од бакелит палецот и разводните капи....
6.Тетекс од Тетово.Целиот асортиман на тапацири и навлаки за седиштата за Црвена Застава и ТАС Сараево беа од тој погон.И по 30 години со малку чистење изгледаат како да се сега монтирани.....
7.МЗТ Леарница.Малкумина знаат дека гусените спојки и алуминиумските прирубници за Фико беа правени таму.Квалитет без збор.Порано не се слушало да ти се скрши спојка.....
8.И уште еден куп на занаетчиски погони кои изработуваа ситна галантерија за Црвена Застава и ТАС Сараево......
Ако сум промашил нешто,вампирите кои ке го читаат слободно нека додадат.......
Значи не е до црешовото топче или до Ватикан,туку е проблемот што сите овие фабрики кои ги наведов ВЕКЕ НЕ ПОСТОЈАТ!!!!!!!!
Жално но вистинито.Македонија има капацитет за авто индустрија.Можеби не во некој поголем обем но сепак авто индустрија.......
Кој сака да чита,нека повели.Тој што сака да трола и да с***е глупости,поарно ке му биде да го батали тоа......