Фан клуб: Мајами Хит!

  • Креатор на темата Креатор на темата Il Chino
  • Време на започнување Време на започнување
Тешка, но од голема важност Победа на Мајами... 91-85 :D

Тврд натпревар, изедначен, во кој и двете екипи си имаа свои моменти, но во клучните Мајами беа поуспешни и го добија натпреварот :)... Премногу изгубени топки, посебно Вејд, премногу промашени шутеви на Бош, добро чуван Батие, скоро безопасен денеска (само две тројки :))...

Се на се, испадна добро, психолошката предност е на страната на Мајами, и со минимум една победа од две на домашен терен (а зошто да не и двете :D), ја зимаме титулата :D

Вторник спрема Среда во 03:00 часот почнува четвртиот натпревар :)

The HEAT Win! Miami HEAT 91 - OKC Thunder 85.
The HEAT lead the series 2-1!

LeBron James 29 points, 14 rebounds and 3 assists.
Dwyane Wade 25 points, 7 rebounds and 7 assists.
Chris Bosh 10 points and 11 rebounds.
Shane Battier 9 points and 3 rebounds.
 
Feel the HEAT ! :D
Добро го отворивме натпреварот каде што Бош постигна 6 поени, а во продолжението беше помалку забележителен. Добро ни дојде и тројката на Батие во последните секунди на првото полувреме која ни донесе водтство. Вејд промаршуваше и губеше топки што е нетипично за него но се разбуди при крајот третата четвртина кога имавме негатива со -10 и повторно го свртивме резултатот во наша корист. (да не заборавиме дека Ле Брон поентираше со тројка за водство во третата четвртина :D )
За разлика од првото полувреме, второто го започнавме катастрофално но како што пишав погоре Вејд се разбуди и негативата која ја имавме брзо се надополни.
Нијанси одлучуваа во овој натпревар но играчите на Мајами беа поприсебни во клучните моменти и го добија натпреварот.
Доколку го добиеме следниот натпревар го земаме прстенот.
Let's go HEAT !

:cool:
 
Ете ги тие фатални 3-1 после кој никој досега не успеал да се врати во финале.
Одлична игра вечерва, Марио Чалмерс легендата ја реши утакмицава... :cuc:

Останува да видиме што бидна со ЛеБрон, се надевам дека брзо ќе се опорави. Недај боже да неможе да игра следната па да испадне од готово вересија. :place:
 
Уште една Голема победа во финалната серија... 104-98, Браво Момци :icon_mrgr:

Лош почеток, како во грч, губевме и со 17 разлика... Потоа следуваше наша одлична серија, во која главни актери беа Норис Кол и Рио Чалмерс :D... Браво Рио, MOTM, сам ја превзеде одговорноста на крај, кога ЛеБрон се повреди...

ЛеБрон лошо згазна и го повреди бутниот мускул, првично изгледаше безопасно, потоа на тајмаутот изгледаше како да неможе да продолжи, за да влезе во игра и да постигне тројка во одлучувачките моменти :cuc:... Се надевам не е ништо сериозно, и дека ќе биде способен за настап веќе за два дена...

Криво ми е само, што за еден скок ќе имаше Трипл-Дабл, ама кога победата е веќе наша, тоа иде во втор план...

Мојата желба се исполни, да се добијат првите два домашни натпревари... Во третиот домашен, со Господ напред... Не верувам дека сме аматерска екипа, при вакво водство, да загубиме три натпревари по ред :)

The HEAT Win! Miami HEAT 104 - OKC Thunder 98.
The HEAT lead the series 3-1!

LeBron James 26 points, 12 assists and 9 rebounds.
Dwyane Wade 25 points, 5 rebounds and 3 assists.
Mario Chalmers 25 points and 3 assists.
Chris Bosh 13 points and 9 rebounds.
 
Miami-Oklahoma 104:98 (3:1) :)
 
I love this game :love:

Само уште една :) . Се надеваме не е ништо сериозно со LJ :/
 
Тимска сработена утакмица...така и се доаѓа до прстенот.:love:
Би било добро дома да си завршиме работата.:D
 
Баш би сакал одново да ја видам тројката на Леброн при крај , кога едвај стоеше... каква Зверотиња еј . Заслужува не прстен , цел накит заслужува Кралот.... спремете се за славје следниот натпревар, Леброн ќе игра , санирана е повредата експресно...
 
Газење, газење, газење... :D

Втора Шампионска Титула на Мајами, Прва на Кралот Џејмс поради кој навивам за Мајами :)
Пресреќен сум, како за Џејмс, така и за тимот, заслужија Титула, лани им избега од раце, оваа немаше каде да бега... Апсолутно заслужено, без ни трошка сомнеж...

Каква трета четвртина, ураган ги зафати Оклахома :D... Мајк Милер денеска распали, 6-7 за три :vozbud:... Кралот својот Прв Трипл-Дабл во финалињата го имаше токму денеска, 25 поени 11 скока 13 асистенции :cuc:... Одлична партија денеска и на Вејд, Бош, Чалмерс... Браво Момци :)

Цела година ЛеБрон не гледал Тв, освен некој филм на Двд, интерет никако, ноќен живот никако... Концентрација максимална, прв пат насмејан на 25 секунди до крај, голем професионалец, секоја чест... MVP на регуларниот дел, MVP во Плеј-офот... 2012 година е негова година за паметење, се надевам не е последна, ќе има уште многу вакви ;)

Толку можам да пишам засега, утре повеќе, и плус некоја слика :)

23m1yqr.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom