S
silmarillion
Гостин

Непријателот е инфилтриран преку една соседна држава како одговор на нашите шпиунски активности во земање на 250.000 нивни пасоши со цел остварување на Тројански коњ стратегија. Непријателот е моментално на 12/24 тркала и е виден како провоцира пред Соборниот Храм. Од таму, нашата извидница го има забележано како се повлекува во импровизираната касарна, односно пожарна кај Дојрана во правец на Автокоманда.
Откако нашата извидница го забележа жолто камуфлирниот непријател дека незабележливо ја преоѓа границата на Деве Баир, одлучено е да се пронајдат неговите слаби точки со цел негово неутрализирање. Договорено е по неутрализирањето, на терен да искочат од постарите членки на УМС со нивните крпи и џогери да зачистат, како што ги рибаа фасадите на СК2014 при нивното скеврнавење со бои од страна на предавниците.
Официјално сме во војна, војната на крановите, одлучувачката битка!