Која насока да ја одберам, Медицина/Економско

  • Креатор на темата Креатор на темата Filip4e98
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
14 јуни 2017
Мислења
7
Поени од реакции
1
Возраст
23
Завршувам 9-то одделение годинава, 5.00 сум и се мислам помеѓу Васил Антевски Дрен - Економски, или Панче Караѓозов. Сакам повеќе да идам економски и ми иде и математика и се, ама се двоумам. Ваше мислење ?
 
Завршувам 9-то одделение годинава, 5.00 сум и се мислам помеѓу Васил Антевски Дрен - Економски, или Панче Караѓозов. Сакам повеќе да идам економски и ми иде и математика и се, ама се двоумам. Ваше мислење ?
..ете сам си одговори каде треба да идеш, тоа што ,,ти иде,, надогради го и стани најдобар, а тоа двоумењето твое игра ѓаволот да биде наопаку - не го слушај! , ако сакаш поради некого да одиш на друга професија земи го како хоби тоа...ама шибај економски (y)
 
Зошто сите мислат дека во средно економско има многу математика? Во гимназија има повеќе математика него ли економско.
 
Океј, решен сум више економски, само сакам у Скопје у Дрен да идам, и тоа како се вика економски техничар или, мислам на струката ако не се лажам ?
 
Ако мислиш да одиш на економски, оди во некое средно каде што ќе си го прчиш и запиши се на приватен.
Ако имаш врски и кој да те вработи со тој факултет имаш иднина, ако немаш врски со економски ќе може да: редиш по рафтови во КАМ, Веро, Тинекс, таксист, камионџија, продавач....или ако си политички активист или дете на родители кои имаат добри конекции ќе те пикнат во банка или во државна администрација и цел живот ќе се шеташ со шпиц чевли, кошула и пантолони.

Ако ти оди математика, од мене совет ти е да си одиш во гимназија, првите 2 години се исти за сите, па потоа си одиш природно математички клас, ќе те боли глава во средно со 3 математики и програмирање, али после тоа секој факултет ќе ти биде „лесен“, а за понатаму да се запишеш на ФИНКИ и да се правиш програмер, голем дел од овие другите професии со тек на време нема да постојат посебно делот на економски каде што софтвер може да ја работи над 80% од работата на луѓето.
Не би сакал да навредам ничија професија, но веќе имаш софтвери како SAP во кои со еден месец курс човек кој никогаш не сретнал економски факултет може да работи без никаков проблем работа од некој кој е магистер на економски, со тек на време парите нема ни да постојат, иднината е на интернет плаќања, а се ќе биде сведено на картици, податоците за сите ќе стојат на клауд и доаѓа иднината на криптовалутите, па уште помалку ќе бидат потребни професии од ранг на економистите, а се повеќе луѓе „кои знаат да се разберат со компјутерите.
 
Економски и математика ... не ми се споиви некако овие две работи, зашо врска немаат едно со друго.
Математиката на факултет ни беше па ... средно жалосна. Единствено што професорот ја тупеше таа неговата веројатност, што е најглупав/најдосаден дел од математиката според мене.
Ко економист што му одеше математика и се заебав, оди на нешто друго, зашо овде немаш математика, а тешко и иднина. Ќе ти се одмили и факултет и се.
Оди медицинско.
 
Ако се одлучиш за економско, а не ти се учи многу многу, боље ти е место Дрен да одбереш Арсени Јовков (Моша), само малце знаење да покажешќе поминеш одличен. Единствен проблем е ако не знаеш да се понашаш во такво место во кое владеат некултурни и необразовани особи.
 
Дрен ти е школо а фино поминување на средношколските денови. Многу луѓе, многу женски ама малку учење. Ништо нема да ти помогне ако после на факс одиш на економски. Впрочем и таму е слично. Бапни се во некоја јака гимназија и фурај си го филмот до факс така.
 
Дрен ти е школо а фино поминување на средношколските денови. Многу луѓе, многу женски ама малку учење. Ништо нема да ти помогне ако после на факс одиш на економски. Впрочем и таму е слично. Бапни се во некоја јака гимназија и фурај си го филмот до факс така.
Дрен ти е школо ако си градско дете и имаш пари успеваш ако не воопшто не се запишувај, барем кога станува збор за дружби.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom