ЕП (U-21) 2017 - Група Б

  • Креатор на темата Креатор на темата ob1
  • Време на започнување Време на започнување
Како бе може овој Брума да е младинец? Повеќе личи на ветеран, да му се плукнам у фацата рошава.
 
Што некој Португалија фаворит за титула? :ROFLMAO:
 
i primer nie da tepame so portugal so ke se desi
 
Реално одбраната ни е срање. Штопериве играат катастрофално двете утакмици. Бековите и тие у голем дел од мечот се лоши.

Двајца играчи кои се на ниво двата меча е дуото у средниот ред Боби и Барди.

Мислам дека ако некој од нашиве „упали“ кај скаутите, тоа се овие двајца, сигурно ќе загризаат екипи за нив после првенствово. Елмаз исто ама тој е уште многу млад, исто и Ѓоргев. Овие двајца се веќе готови играчи и спремни се за префрлање у сениори.

Марковски и Радевски се убер фејл на првенствово. Двајцата не можат да се носат со противничките бекови. Паѓаат, не можат да ги издриблаат, не можат да се заградат.

Сер Боби одлично ги погоди измените, а и општо втора утакмица по ред добра му беше тактиката, штета што нашиве у мечов влегоа ко попарени...


Николов и Барди двете утакмици ги играат за чиста 10ка... Марковски и Радевски се таман за екипи како Работнички и Шкендија, со такви амбиции.... дури се си мислам дека Марковски му држи место во прва постава на некој друг (ѓоргев) поради Саша Ќириќ... Саша можда и трансфер му има спремено ама овој ТОТАЛНО разочара овие две утакмици, не може да се состави со топката, тешко дека ќе успее да го шитне некаде после вакви две мизерни утакмици....
 
Според мене и Демири ги одигра одлично овие утакмици...Одлично покрива позади(е ок,со Шпанците за последниот гол излета малце :D ),учествува во креирање на напади,најдобар е од последната 4-ка позади(море 6-ка,вклучувајќи ги и голманот и Мурати денес)..Од Бејтулаи сум тотално разочаран,за време на квалификациите ми изгледаше многу подобар од Демири,ама кога си стегна автогол со Франција потона тотално...Мурати се бореше дечкото денес,неам никаква замерка,покриваше позади,ама имаше па ептен голем број на изгубени топки...Мислам дека пола изгубени топки беа од него денес,а во дефанзива си беше солиден,имаше некои добри стартови. Зајков и Велковски не ми се за коментирање...Кај Зајков се приметува неиграњето цела сезона,а Велковски се приметува неамбициозноста/мрзливоста...
 
али повторно му ја утна на Ѓорѓев и го заглави на крило. Играта му се состоеше само од погрешни пасови, изгубени дуели и лоши центаршутеви, и само што дојде во средина и го даде голот. Тоа му е природна позиција на детето, таму е најкорисен и Боби треба да го примети тоа.
Од кај па сеа дека тоа му била природна позиција и дека било кикс на Милевски што го играл крило, па он цела кариера (бар на сениорско ниво, појма неам во младински категории кои позиции играл) само како крило и има играно, не знам како заклучи дека било утка што Благоја на таа позиција го играл и дека природна позиција од секогаш му била во средина.
 
Последно уредено:
Имајте во план дека игравме против светските прваци до 20 години од лани, каде сега 70% oд тие играчи, играат и сега во Полска за Србија. Ама знаев дека ќе останиме непоразени од Србија, ептен не потценија и тие, си мислеја лагано ќе си земат 3 бода. Затоа извлечија бод во 89 минута....
Јас сум презадовилен од играта од двета утакмици и против Шпанија и сега со Србија, а убеден сум дека ќе прикажиме добар фудбал и со Португалија. Тешка ни беше групата и неможиме да имавме големи очекувања, сепак сме дебитанти и пред овие играчи постои светла иднина.
Конечно да изгубиме 5:0 од една Шпанија и да нема плукање кон играчите, то е доказ дека играле машки фудбал, игра со муда, без предавање, срце на терен ! Па макар и изгубиле како во петокот со 5:0. Против една Шпанија да имаш +20 удари, скоро двојно повеќе од нив.
Одбраната мислам ни е најслабиот дел од тимот, па после следува нападот, затоа имаме многу шанси, а слаба реализација, факт беше и во групата во квалификациите каде имавме малку постигнати голови. За одбраната ај против Шпанија, налет шо примивме 5 гола, ама игравме со играчи од типот на Асенсио, Делофеу, играчи кој играт во Реал, екс Барселона, Атлетико Мадрид, Арсенал....
Ама пак со србите, првиот гол шо го дадоја ај што беше во офсајт, ама онака да се врти топката па да стигни до Гациновиќ :facepalm: плус мислам дека имаше и пенал во за нив во текот на акцијата до голот.
Зајков :tapp: калку само играше добро во квалификациите, сега ептен во слаба форма е, Велковски е многу бавен за штопер, како шо игра во Вардар пред одбрана можи е подобар на неприродна позиција. Десно на бек Мурати ме изненади, добар меч изигра со Србија, не беше лош, само шо играше многу дефанзивно, до средината одеше и толку, не е офанзивен бек или пак такви инстукции добива од Милевски, сепак Мурати се покажа како подобар од Бејтулаи. Ама јас сепам мислам на десен бек мораше да го земи Тошевски, тука одлуката останва на Боби, тргна со Бејтулаи и Мурати, а Тошевски пак си доби повик во сениорите кај Игор, се надевам ќе користи барем за таму. Лев бек двете утакмици стандардно си игра Демири (y)
Средината вчера Николов и Барди, имаа неколку лоши додавања особено првиот, инаку и двајцата се ТОП играчи !
Најголемо разочарување до сега се Кире Маркоски и Марјан Радески :нинџ:
Ниту на двете утакмици не покажаа ништо, Бабунски со Шпанија изгази, најдобар играч ни беше, со Србите потфрли тоталка и со право беше заменет.
Елиф Елмас кое играчиште ќе биди овај, секоја чест :cuc: Многу се раздвижи играта од кога влезе во игра, можеби и требаше да го пушти Боби да игра и прва постава пред Маркоски !
Има иднина во младите, тука се Барди, Елмас, еве го Демири е солиден. За Ѓорѓев освен голот шо го даде тој прецизен проектил друго не изигра ништо посебно.

За Алексовски ќе биди добро голманче и овој, за со Шпанија ајде не го коментирам, ама вчера фати добри топки, на 1:2 пред да го примиме голот за нерешено имаше пантерска одбрана :cuc: А после тоа за голот на Урош, тој ја носи цела кривица, грешка проценка имаше, тука е негова вина голот, ама то е то, некогаш треба и среќа да те служи :D

П.С. Овој Петар Петковски само јас мислам дека е подобар од Ангелов и Аврамовски или и некој друг го дели истото мислење со мене ? :pos: Требаше да му дај шанса тренерот, ниту Ангелов и Аврамовски не покажаа ништо напаѓачки.
 
Од кај па сеа дека тоа му била природна позиција и дека било кикс на Милевски што го играл крило, па он цела кариера (бар на сениорско ниво, појма неам во младински категории кои позиции играл) само како крило и има играно, не знам како заклучи дека било утка што Благоја на таа позиција го играл и дека природна позиција од секогаш му била во средина.
Ѓорѓев е најслабиот поединец заедно со Радески и Маркоски овие две утакмици, ако не го рачунаме голот од вчера. Изгубен е на крило, затворен, со слабо учество во играта, едноставно ништо не покажа. Ете вчера голот го постигна баш како играч од таа позиција на која јас викам дека Боби треба да го игра, затоа што мислам дека подобро ќе се снајде. Нека му даде цела утакмица на таа позиција наместо на крило и мислам дека ќе биде многу поефективен, тоа ми беше муабетот, и затоа пишав дека мислам дека Милевски греши.
 
Заборавив да пишам вчера, овај марковски в газ да си ја пикне топката.Простак.
5 пати во второто полувреме имаше ситуација каде што е сам и може д напрви чист центаршут овај ми изиграва кварезма и си ја пика вгаз топката со дриблинзи.Ниту еднаш не помина на тој начин и сите акции ги еба
 
Зашто цело време менуваме капитени? :D[DOUBLEPOST=1498243660][/DOUBLEPOST]Ок, со време ќе си ја угасам утакмицава
 
Кој те тренирал бе тебе вака да идеш на топка? ццццццццц
не ми се верува какви голови примаме. :facepalm:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom