Штета за резултатот, не беше реален, не заслуживме ваков пораз во никој случај ама тоа е.. Сепак се далеку подобри, поискусни, појаки се и технички и физички и тактички. Браво за дечките што пробаа да се надигруваат, играа без страв, ама па и некако премногу се залетаа, тука малце критика заслужува и Боби Милевски иако тој е најзаслужен што стигнавме до тука. Шпанците како свесно да не пуштија, веројатно и они очекуваа да тргнеме со висок пресинг па ни ја препуштија играта, и дадоа лесни 2 гола набрзина и го решија мечот. Не требаше така да се залетаме, посебно кога во средина играме со 3 офанзивни играчи, а знаеш дека противникот има брзи играчи напред кои ќе повлечат лесно контра. Според мене згреши и што тргна со Маркоски и Ангелов, и двајцата немаат никаква минутажа во клубовите, Кире чим во Работнички не се избори за стартни 11.. Ама ете, реши да игра со истите од квалификациите, и тука мислам малце погреши. Мораше и Тошевски да го земе, Попзлатанов не беше редовен толку за да не може да го исфрли од состав.. Одбраната испадна најслаба, ама мора да го земете во предвид и средниот ред, кој не помага којзнае колку дефанзивно. Сепак, главите горе, игравме со играчи од домашно првенство, пола од стартни 11 имаат слаба минутажа, а за противник имавме играчи на Реал, Барса, Арсенал.. Можеме со Србија и Португалија до позитивен резултат, ги сметав Португалија за далеку подобри, ама имаа многу бледо изданије и они, поготово физички беа катастрофа, мада и Србија покажа дека се доста квалитетни.