Како да влијаеме сами на себе?

  • Креатор на темата Креатор на темата katinakatalina
  • Време на започнување Време на започнување
...најефикасно влијаеме на себе кога никако не влијаеме...звучи смешно и идиотски но е така :)
 
...незнам зошто не би било возможно...едноставно прифати се себе во целост и живеј ги своите болки,стравови и предизвици...тоа е единствениот вистински пат
 
Од моето скромно искуство во решавање на проблеми прифаќањето е најсуштинско решение, вистинско длабоко прифаќање со љубов.
 
Прифаќањето себеси мислам дека е кревање на бело знаме, прифаќање на поразот кој ти го нанела судбината или поисправно би било немање друг излез, потрошени опции, ќор сокак..језива ситуација.
Се додека можам да се борам, да влијаам на себе за да променам нешто или да не дозволам да ме променат, не кревам раце од себе, неможам туку така да прифатам било што ако постои барем и мала
трунка надеж за подобра промена.
Проблемот е што понекогаш сме премногу уморни, немаме сила за понатака да продолжиме, потребен ни е некаков двигател..е тоа во моментот и ми фали, некој да ме поттурне за да почнувам да делувам сама на себе.
 
Не си сама. Има многу луѓе што се наоѓаат во слична па и полоша ситуација. Во слична ситуација сум и јас, твојот проблем многу ми асоцира на лавиринтот во кој јас се наоѓам повеќе од две години. Но како да се победам самиот себе? Да го слушнам ова од некој друг би се изнасмеал. Околината е главниот причинител, односно сплет на настани што негативно влијаеле/ат врз личноста и комолетно го менуваат начинот на живеење, тоа како личноста размислува, како се чувствува, како спие, каков апетит има, дали се смее или плаче и сл. Како што може да се нанеси физичка повреда, може да се нанеси и психичка, што е многу често во ова модерно општество, во кое завистот, љубомората, омразата, лицемерието се на многу високо ниво, тоа кога на некој му подаваш рака а добиваш нож во грб, кога некој глуми пријател за да извлече нешто во своја корист и да ти наштети кога најмалку очекуваш. Искрено пријателство добрина и почит се помалку има. Кај мене женскиве се едни од главните виновници. Се почна со раскинување на врска, не ми беше прва но повлече низа негативни настани. Дојде нова врска што место да ја подобри драстично ја влоши ситуацијата, во меѓувреме гледано бев среден човек, вработен, дотеран, со добра кола, со женска до мене. Почнаа да се менуваат луѓето околу мене, многу почнаа да ме избегаваат и игнорираат, луѓе што сум се дружел порано, маалски другари, познаници што сум имал едно здраво. Се прашував зошто но не можев и уште не можам да си дадам одговор, ни сум украл ни сум зел нешто од некого. Но тоа не беше се, дојде период во кој што се тргна надолу, останав без женска, почнав корпи да јадам, колку и да се трудам, колку и да сум фин, добар, да се трудам да го насмеам женското, следеше истото... корпа. Сега ја знам грешката што ја правев а тоа е дека бев премногу добар. Дали е тоа лошо? Запознав и нови другари, нови друштва, но ништо, лицемери, завидливи, луѓе од корист, добар си само кога тие се осеќаат дека се над тебе и кога му одиш по ќејфот, 100 услуги да му направиш и еднаш за нешто да ги одбиеш ради тоа што навистина не можиш или затоа што ти прекурчило од немање усул, одма не чиниш, одма бараат начин да ти вратат. Покрај сите овие токсични луѓе еден период ги заборавив и се повлеков од вистинските пријатели. Го изгубив и здравјето, останав и без работа. Замор, несоници, анксиозност, умот сто на сат, дереализација, депресија, губење на позитивни чувства. После и ситуацијава во државава, полно негатива, на тв само политика, група на измамници се пресметуваат меѓу себе, турски серии со содржина за вени сечење. Стандард никаков, смешни плати, дома напнато едвај се врзува крај со крај. И пак останува прашањето, како да влијаеме сами на себе? Дали можеме?
 
Прифаќањето себеси мислам дека е кревање на бело знаме, прифаќање на поразот кој ти го нанела судбината или поисправно би било немање друг излез, потрошени опции, ќор сокак..језива ситуација.
Се додека можам да се борам, да влијаам на себе за да променам нешто или да не дозволам да ме променат, не кревам раце од себе, неможам туку така да прифатам било што ако постои барем и мала
трунка надеж за подобра промена.
Проблемот е што понекогаш сме премногу уморни, немаме сила за понатака да продолжиме, потребен ни е некаков двигател..е тоа во моментот и ми фали, некој да ме поттурне за да почнувам да делувам сама на себе.
Ако се бориш против судбината се бориш против цел космос тоа е идентично како зрнце песок да се бори против целата пустина... Најчесто и не знаеме што е најдоброто за нас.
 
Концентрирај си ја волјата кон само помагање со истата интенција. У животот многу нешта неможеме да контролираме, пробувајки само се бориме против реалноста на тоа што е. Кога се бориш против нешто што изгледа како да неможеш да го надминеш секогаш ке бидеш Под тоа нешто, дај си кредибилитет.
 
Треба да бидеме свесни но нетреба да се грижиме до степен на стрес и анксиозност.

Таа самоконтрола и самодисциплина ќе направи да имаш ефект во правиот моммент врз себе,да влијаеш и господариш на себе.
 
Многу труд треба да вложиш за да дојдеш до тој процес на самоконтрола и самодисциплина...тежок и макотрпен пат на кој има многу промени во развојот:(..лесно е да се каже ама тешко е да се научиш.
 
Postojat drevni i moderni tehniki za samodisciplina. No kako sto kaza clenkata pogore so mala ispravka. Lesno e da se kaze, tesko e da se sprovede.
 
Древните ги знам, сум читала, но кои се модерни техники за само себе дисциплинирање:confused:
Modernite tehniki se samo modificirani drevn tehniki, prilagodeni, uprosteni i gi ima nasekade vo sekoe selo i grad kade sto se nudat za unovcuvanje.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom