Моментално во Македонија една ситуација стана ненормална.
Цената на килограм жито, а тоа откупна цена на килограм пченица или килограм јачмен е пониска отколку цена на килограм храна за крави а тоа цена на килограм трици и концентрати.
До пред 1-2 години секогаш цената на житото кое земјоделците и сточарите ќе го произвеле на нива била повисока, а триците и концентратот имал пониска цена.
Сега имаме ненормална ситуација, храната која мора сточарот да ја купи за крави е поскапа од житото кое го произвел..
Нешто си грешка, другарче.
Тешко дека квалитетен концетрат како храна за крави било пониско од цена на жито. Од причина, нели што цената на концетратот ја дигаат другите работи во составот.
Кога разговараме за цена на месо, млеко во МК и споредба со други држави - првиот проблем е немање храна за животните т.е. имање
скапа храна. Од целата храна за животни (како суровина) 80-90% се увезува !
Македонија едноставно не е способна да си произведе храна !
Ако знаеш дека трошокот за храна ти е 60-80% од сите вкупи трошоци - тогаш јасно е дека ние не можеме да имаме евтино месо или млеко.
Зашто е ова вака -долга приказна.....
Друга работа, до пред 15-16 години откупна цена на млеко за сточарите беше 22-24 денари плус имаа премија од 2-3 денари.
Денеска откупната цена е 15-16 денари некаде до 18 денари ама ретко.
Пред 10 години беше и 28, ама тоа е нереална цена.
Кога имаш висока цена - пак имаш проблем : висока цена на суровина значи и скап краен производ-сирење, кашкавал, пакувано млеко. Е сега, не сме ние затворен систем- штом имаш скап домашен кашкавал ( или млеко) , тогаш на пазарот ке навлезе поевтин увозен. Тогаш ке ти се јави проблем за пласман на домашните млекари, кои пак проблемот ке го префрлат кај сточарите , со поголемо намалување на цена, или намалување на откуп.
На крај таа висока откупна цена пак ке доведе проблем кај сточарите...
А да, во супермаркети цената на млекото за граѓаните е повисоко отколку пред 15-16 години.
Затоа што газдите на млекарите се поврзани со секоја власт во Македонија ( без разлика на партија) и го дерат грбот на земјоделецот.
На малопродажната цена на млекото влијаат многу фактори, најмалку алчноста на газдите.
Прво, трошоците за преработка и пакување, струја,амбалажа, се многу поскапени од пред 15 години. Понатаму, трошоци за дистрибуција ( бензин) исто се пакачени. Понатаму, под притисок на ЕУ, имаш многу дополнителни трошоци за задоволување на ХАЦЦП стандарди...
Сето ова носи повисока цена отколку пред 15 години