Цени на производи кај нас vs остаток од светот

  • Креатор на темата Креатор на темата Goldie
  • Време на започнување Време на започнување
Уште еден текст кој не придонесува со ништо освен со поттикнување на емиграција. Се надевам газдите од дојче веле ги читаат овие бесмислени текстови. Следен текст споредба на образованието во Јапан и Македонија.
Шо знаеш, може на некој ќе му текне оти треба да се превземат мерки кои би ја подобриле состојбата. Бар сеа сме во економски бум. Пари има, знаење има, само некој да ја искористи ситуацијата!
 
Шо знаеш, може на некој ќе му текне оти треба да се превземат мерки кои би ја подобриле состојбата. Бар сеа сме во економски бум. Пари има, знаење има, само некој да ја искористи ситуацијата!
Не сме во економски бум веќе. Нема влада две години и тоа се одрзаува на економијата. Најдоброто решение е да се иселиме во Германија пошто патлиџанот е евтин.
 
Јас сосема ги разбирам младите што си одат. И сигурен сум дека заради евтин патлиџан не си одат. Тие што во последно време си одат, не се неписмени. Процениле каква иднина ќе имаат овде
 
Цел свет се сели некаде, луѓето се повеќе си ја гледаат личната иднина. Не коментирам дали е тоа во ред или не, секој со своите размислувања а и секој случај е различен па не може да се коментира генерално.
 
Цел свет се сели некаде, луѓето се повеќе си ја гледаат личната иднина. Не коментирам дали е тоа во ред или не, секој со своите размислувања а и секој случај е различен па не може да се коментира генерално.

Ич не е во ред тоа што го прават, си ја гледаат својата иднина и иднината на своето семејство пред се. Наместо да останат во државата и да му помогнат на нашиот драг премиер да ја направи Македонија подобро место за живеење, така да што ќе плаќаат даноци за да се направат нови барокни фасади и панорамски тркала секако да има и пари за плати на административците.

Туку да не бегаме од темата, јасен е насловот мислам да не коментираме нечии одлуки ;)
 
Ич не е во ред тоа што го прават, си ја гледаат својата иднина и иднината на своето семејство пред се. Наместо да гледаат да останат во државата и да му помогнат на нашиот драг премиер да ја направи Македонија подобро место за живеење, така да што ќе плаќаат даноци за да се направат нови барокни фасади и панорамски тркала секако да има и пари за плати на административците.
Селективно читање. Ова опозицискиве перлани на мозоци ве отапеле максимално. Постот почнува со ЦЕЛ СВЕТ а ти зборуваш за Груевски. Државава не е на Груевски туку наша. Ама ај да не почнуваме, владеењето на Груевски придонесе да се отворат некои проблеми кои ги имавме како нација од претходно а кои беа замаскирани.

Во право си. Дај да коментираме на темата. Ова за мене е шок. Мислев дека лебот во Германија е 10 евра. Единствена дилема после текстов ми е дали лебот во Германија е евтин или кај нас е скап?
 
Селективно читање. Ова опозицискиве перлани на мозоци ве отапеле максимално. Постот почнува со ЦЕЛ СВЕТ а ти зборуваш за Груевски. Државава не е на Груевски туку наша. Ама ај да не почнуваме, владеењето на Груевски придонесе да се отворат некои проблеми кои ги имавме како нација од претходно а кои беа замаскирани.

Во право си. Дај да коментираме на темата. Ова за мене е шок. Мислев дека лебот во Германија е 10 евра.
Единствена дилема после текстов ми е дали лебот во Германија е евтин или кај нас е скап?
Немој да му ја мислиш премногу, ќе те боли главата.
 
Цените на храна, производи, и енергенси (кои влијаат на цените на сите производи) не можат да бидат пониски од тие што ги имаме, само ќе поскапуваат.
Цените за овие производи, кои беа наброени во првиот пост, се со мала разлика низ Европа. Среќа кај нас што сме земјоделска земја, па барем свежо овошје и зеленчук имаме по пристапни цени за нашиот стандард.
Немањето сопствени енергенси и голема потрошувачка (хипермаркети како Лидл, Керфур и слични) ги прави цените кај нас и повисоки, пример млеко тетрапак е скоро дупла споредена со некои земји од ЕУ. Реално е цените дополнително да поскапуваат кај нас.
може да поскапуваат и двојно и тројно и колку што е лакомоста на газдите, трговците.... ама на крај ќе се дојде во ситуација кога ќе нема на кого да му продаваат оти тие истите сакаат само светски цени на храна, м2, цени по ресторани... ама не се спремни и светски плати да поделат на вработените.



пр. да земам цена на месо

како може да биде 1кг. месо и со слична цена на тукашната ајде да споредиме:
  • колкава е платата на оној што работи на фармата во македдонија и колкава е платата на оној што работи во германија,
  • колкав е трошокот на оној транспортерот што работи во македонија (плата + гориво) и колкав е трошокот на оној транспортерот што работи во германија,
  • колкава е платата на оној што работи во месара во македонија и колкава е платата на оној што работи во германија,
  • колкава е закупнината за м2 на оној што работи македонија и колкава е закупнината на оној што работи германија
  • сигурно кај нас на пола од продаденото нема дасе плати данок таму на 90% ќе платат,
  • за хигиена, контрола и квалитет на производите не ни сакам да правам споредби
според мене нема друга логика освен лакомоста на луќето овде.
 
Океј, овие работи се очигледни факти, секој има најмалу еден роднина што живее или живеел, или едноставно бил во Германија и ти го кажал истото за цените.
И на вакви теми редовните трубачи се осеќаат повикани одма да ја бранат агресивно цела медиумска агенда на наметнување мислење дека „не е толку лошо“ во втората по ред најбрзорастечка економска сила, додуша не само што не е, туку нема никаде многу подобро, тоа е само опозициска пропаганда. А овде не може ни да биде подобро, уште кога ќе се земе во обзир колку претходно со други било најлошо и колку сите не мразат, сите пречки што ни ги подметнуваат, сите предавници, сите соседи, Сорос, ова е врвот на врвовите што може да се достигне со една пожртвувана, лавовска борба за подобро утре. Па пување дека тие биле рационалните, другите биле испраните мозоци... и леле колку сме саркастични. И за се имаат „шах мат“ реплика:

- голема емиграција = па тоа ви е кога им презентирате поразителни факти за државава, со што ја поттикнувате, тоа е една од најглавните причини, лошата перцепција. Плус, тоа си е индивидуално, како може да помислите дека има врска со некакви услови овде, боже сачувај...

- во однос на Германија живееме во никакви услови = а што не ја споменат Норвешка а, таму се уште подобри? тоа текстот го прави чиста пропаганда

- цените на производите за храна во Германија се слични со нашите = да, ама ела да те видам купи ја таму! хаа. Иди купи патлижани во Шпанија ајде ако се поефтини.

државата тоне во проблеми = тоа е така само затоа што порано имавме премногу проблеми и малкуте сегашни не се ни издвојуваа, од дрвата не ја гледавме шумата. Со сегашната транспарентна политика, се е на дофат за проверка па затоа се не ни чини, плус социјалните мрежи претеруваат
Многу сме аздисани, ајде, за се цепидлачиме. Супер си е што ви е, колку има и колку било бетер... има по некој проблем, ама секаде има, не е голема работа. Само да се жалело.

Најсреќни би биле самите кога сите би размислувале така. Додуша, речиси и имаат мнозинство. Не дека чилимановциве што се бодрат само меѓу себе на форумов се некој opinion maker, бидејќи тешко проаѓаат таквите глупости овде и само ствараат поголема аверзија кон нив, просто да се чудиш како ги трпат на софра дома колку се дволични... Ама тие што им ги фрлаат трошките трошат огромни пари од самите граѓани да го наметнат овој „ма се е супер, што ви е на вас, седете си и уживајте“ наратив. А за жал за многумина нешто повторено повеќе од 10 пати станува вистина.
 
Што имаш ти против тоа луѓето да живеат во подобри услови ?
...никој ништо , ако тие таканаречени подобри услови си ги створат сами, вака само глумат глодари на туѓото , но остај тоа , туку таму каде глодаат..... за такви и ги сметаат.., а тоа влече до нивното легло од кај исползеле , па ни криви ни должни и нас за такви не есапат..... :)
 
Просечно МК семејство во месецот јаде 2-3 пати Месо, Просечно ЕУ семејство јаде секојдневно месо.... не дека не ни се допаѓа нам па не го јадеме...ама толку се има... да се помочам у скапаната држава , хк пу .
 
Надпросечно македонско семејство јаде трици и фекалии 60 пати месечно, па не знам каква врска има тоа со цената на бостанот во Германија? Да му се покакам на тоа семејство, прд пуф.
 
Во Германија во глобала цените на скоро сите производи се поевтини отколку во Македонија. Исклучок се некои производи како овошјето и зеленчукот. Како шо имаше некој погоре пишано, околу 100 до 150 евра по човек се доволни за да се помини месец. Дури и да се повисоки тие трошоци, не игра никаква улога на просечна плата од 1500-2000€. Следствено, тоа што зеленчукот или овошјето се поскапи не игра никаква улога со оглед на тоа колку пари месечно се одделува на тоа и кога сé останато од потрошувачката кошница е поевтино.
Сé останато е за нијанса или пак драстично поевтино. Нарочито козметиката, средствата за хигиена, техничка роба... сето тоа е далеку поевтино и нормално квалитетот си држи до стандардите.
Сума сумарум, Германија е социјална држава. Сé она што му е потребно на човек за да живее, е многу лесно достапно, имено храна, вода, живеалиште, греење, превоз итн. Тие работи што не му се неопходни на човек да преживее се поскапи, како кина, театри, ресторани, музеи итн итн.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom