K
Kiko
Гостин
Во кратки црти:
Ако некој престојува подолго од 183 дена од календарска година во една земја тогаш тој е даночен резидент на таа земја и плаќа даноци по нејзините даночни закони. Ако Словакот престојува повеќе од 183 дена во Македонија, поднесува даночна пријава во Македонија а ако не тогаш плаќа даноци во Словачка по нивни даночни правила.
Без разлика дали ќе формира фирма во Македонија како физичко лице или неговата Словачка фирма ќе формира подружница во Македонија, ако живее повеќе од 183 дена во Словачка ќе плати данок по Словачките даночни стапки. Тоа значи дека за дивидендата заработена во Македонија ќе плати 10% персонален данок или данок на добивка во Македонија, ама во Словачка ќе ја доплати разликата до нивниот персонален данок или данок на добивка. Ако тој е 33%, на платените 10% во Македонија ќе доплати уште 23 % во Словачка.
Ако причина за отварање бизнис во Македонија е поетфтина работна сила или кадар што тешко се наоѓа во Словачка тогаш ОК. Ама отварање бизнис во Македонија само ради поволна даночна стапка е грешка, пошто данокот ќе го плати секако, само дел во Македонија, а дел во Словачка. Вообичаено, кога се формира фирма за развој на софтвер, Македонскиот субјект служи само како развоен центар кај што се креира производот. На својата мајка компанија и фактурира со цени со кои си ги покрива само оперативните трошоци + околу 5% провизија . Тоа значи дека Македонската компанија не креира профит, туку профитот го прави мајката компанија која го продава финалниот производ на купувачите.
Генерално, постојат повеќе фактори кои влиаат врз односите помеѓу мајката компанија и нејзините подружници. Не може да се објасни се во две-три реченици.
Имај во предвид дека ваквите совети не се баш ефтини. Ако поминеш под 500 ЕУР треба да си среќен.
Ако е се ова така ја стварно не го разбирам концептот за избегнување на двојно оданочување.
Ниеден смеководител не ми рече дека за работа завршена во мк е препорачливо странската фирма да плаќа данок во странската држава.
Еден подобар сметководител (кој познав дека немаше искуство со овие работи)кој денеска го прашав ми одговори дека откако газдата ќе плати 10% данок на добивката е чист. Ова не ми штимаше.Успеав некако да закажам сосанок во Рафајловски, каде што меѓу редови ми беше кажано дека треба на ова да се плати 10% персонален данок. Значи вкупно 22% данок на добивка. Е сега на ова со договорот меѓудржавен има некои дедукции и стапката на некој од овие даноци се намалува за 5%. Бев премногу уморен да сфатам. И таму не беа баш расположени да ми кажат за без пари многу. Како што кажа цената е 500 евра месечно. И после многу напорен ден не знам ни веќе што пишувам.
Ама дека една јавна информација треба да чини 500 евра , тоа стварно не ми е јасно. Ќе најдам и детално ќе опишам на овој форум шот како оди. За да не ја поминува мојата голгота некој друг. А ако го мрзи да истражува нека плати 500 евра.