Данок на добивка за странски лица.

  • Креатор на темата Креатор на темата Kiko
  • Време на започнување Време на започнување
Во кратки црти:

Ако некој престојува подолго од 183 дена од календарска година во една земја тогаш тој е даночен резидент на таа земја и плаќа даноци по нејзините даночни закони. Ако Словакот престојува повеќе од 183 дена во Македонија, поднесува даночна пријава во Македонија а ако не тогаш плаќа даноци во Словачка по нивни даночни правила.

Без разлика дали ќе формира фирма во Македонија како физичко лице или неговата Словачка фирма ќе формира подружница во Македонија, ако живее повеќе од 183 дена во Словачка ќе плати данок по Словачките даночни стапки. Тоа значи дека за дивидендата заработена во Македонија ќе плати 10% персонален данок или данок на добивка во Македонија, ама во Словачка ќе ја доплати разликата до нивниот персонален данок или данок на добивка. Ако тој е 33%, на платените 10% во Македонија ќе доплати уште 23 % во Словачка.
Ако причина за отварање бизнис во Македонија е поетфтина работна сила или кадар што тешко се наоѓа во Словачка тогаш ОК. Ама отварање бизнис во Македонија само ради поволна даночна стапка е грешка, пошто данокот ќе го плати секако, само дел во Македонија, а дел во Словачка. Вообичаено, кога се формира фирма за развој на софтвер, Македонскиот субјект служи само како развоен центар кај што се креира производот. На својата мајка компанија и фактурира со цени со кои си ги покрива само оперативните трошоци + околу 5% провизија . Тоа значи дека Македонската компанија не креира профит, туку профитот го прави мајката компанија која го продава финалниот производ на купувачите.

Генерално, постојат повеќе фактори кои влиаат врз односите помеѓу мајката компанија и нејзините подружници. Не може да се објасни се во две-три реченици.
Имај во предвид дека ваквите совети не се баш ефтини. Ако поминеш под 500 ЕУР треба да си среќен.

Ако е се ова така ја стварно не го разбирам концептот за избегнување на двојно оданочување.
Ниеден смеководител не ми рече дека за работа завршена во мк е препорачливо странската фирма да плаќа данок во странската држава.

Еден подобар сметководител (кој познав дека немаше искуство со овие работи)кој денеска го прашав ми одговори дека откако газдата ќе плати 10% данок на добивката е чист. Ова не ми штимаше.Успеав некако да закажам сосанок во Рафајловски, каде што меѓу редови ми беше кажано дека треба на ова да се плати 10% персонален данок. Значи вкупно 22% данок на добивка. Е сега на ова со договорот меѓудржавен има некои дедукции и стапката на некој од овие даноци се намалува за 5%. Бев премногу уморен да сфатам. И таму не беа баш расположени да ми кажат за без пари многу. Како што кажа цената е 500 евра месечно. И после многу напорен ден не знам ни веќе што пишувам.
Ама дека една јавна информација треба да чини 500 евра , тоа стварно не ми е јасно. Ќе најдам и детално ќе опишам на овој форум шот како оди. За да не ја поминува мојата голгота некој друг. А ако го мрзи да истражува нека плати 500 евра.
 
Кога ќе плати 10% данок е чист ама во Македонија, во Словачка ќе си доплати уште 23 %( ако е 33% нивниот персонален данок). Ако немавме договор за одбегнување на двојно оданочување ќе платеше 10% во Македонија и 33% во Словачка. Договорот го признава плаќањето на данок во едната земја и само се доплаќа разликата во другата земја. Има повеќе комбинации кој данок ќе се плати и во која земја, дали на добивка или персонален према тоа каква фирма ќе се формира, ама се сведува на тоа дека на крај Словачкиот газда како физичко лице ќе го кошта вкупно 33% персонален данок ако престојува повеќе од 183 дена во Словачка.

Нема многу места кај што можеш да се обратиш. Рафајловски, Проагенс, Еуроконсалт, МСФИ од домашните или ПрајсвотерхаусКуперс, КПМГ, Ернст & Јанг од меѓународните.
Ако некој сметководител немал искуство во ова, јасно ти е дека не треба да ти биде извор на инормација. Можеби сега 500 ЕУР ти изгледаат многу, ама ако те спасат од казна од неколку илјади евра или ти намали плаќање на данок заради добро структурирање тогаш вреди да ги дадеш.
И уште нешто. Не може да се даде генерално мислење кое ќе им користи на сите. Секоја ситуација е различна.

Член 7 од законот
Добивка од вршење дејност.

Добивката на претпријатието на државата договорничка ќе се оданочува
само во таа држава
, освен во случај кога претпријатието врши дејност во другата
држава договорничка преку постојана деловна единица која се наоѓа таму. Ако
претпријатието врши дејност според горенаведениот начин, добивките на
претпријатието можат да се оданочуваат во другата држава, но само за оној износ
кој и се припишува на таа постојана деловна единица.

Ја колку што го разбирам ова е дека се оданочува само во државата каде што се извршува дејноста. Значи данок на добивка 10% во мк. еееее сега заебаниот дел што не го разбирам.

(1) Дивидендите кои ги исплатува друштво кое е резидент на државата
договорничка на резидентот на другата држава договорничка се оданочуваат во
таа друга држава.

(2) Меѓутоа, таквите дивиденди можат(а не мора?) да се оданочат и во државата
договорничка чиј резидент е друштвото кое ги исплатува дивидендите во
согласност со законите на таа држава, но ако примателот е стварен корисник на
тие дивиденди, обложениот данок не може да надмине повеќе од 5%.

Значи. Плаќаш данок на добивка 10%, потоа плаќаш персонален данок во словачка , а може да платиш уште 5% во македонија??? Како го разбираш ти ова.

Во прилог останатие ставки од членот за дивиденди што ама ич не ги разбирам.

Одредбите на овој член не влијаат на оданочувањето на добивката на
друштвото од која дивидендите се исплатуваат.

(3) Изразот "дивиденди", употребен во овој член го означува доходот од
акции или други права, кои не се должнички побарувања, учество во добивката и
доходот од други права, вклучително и корпоративни права, кои подлежат на ист
даночен третман како и доходот од акции според законите на државата чиј
резидент е друштвото кое ја врши распределба.

>> Чист приход на крај на година?<<

(4) Одредбите од ставовите 1 и 2 нема да се применуваат ако стварниот
корисник на дивидендите, резидент на државата договорничка, врши дејност во
другата држава договорничка чиј резидент е друштвото кое ги исплатува
дивидендите преку постојана деловна единица која се наоѓа во таа држава, а
правото по однос на кое дивидендите се платени е стварно поврзано со таквата
постојана деловна единица. Во тој случај соодветно ќе се применуваат одредбите
на член 7.

(5) Кога друштвото кое е резидент на државата договорничка остварува
добивка или доход од другата држава договорничка, другата држава не може да
воведе данок на дивидендите кои ги исплатува друштвото, освен ако тие
дивиденди се исплатени на резидентот на другата држава или ако правото врз
основа на кое се исплаќаат дивидендите е стварно поврзано со постојана деловна
единица која се наоѓа во таа друга држава, ниту нераспределената добивка на
друштвото да ја оданочува со данок на нераспределените добивки на друштвото,
дури и ако дивидендите се исплатени или нераспределената добивка потполно
или делумно се состои од добивката или доходот кои настанале во таа друга
држава.

>>Fuck me дури сега се изгубив<<
.
 
За да не се губиш во проценти најважно е прашањето што веќе го пишав погоре. Зошто се отвара фирма во Македонија и што се постигнува со тоа. Дали заради поефтина работна сила? Програмери што ги нема во Словачка? Близина на пазар? Емотивна врска со Македонија?
Колкав обем на работа е планиран? Колку вработени?
Одговори ми го ова и ќе ти кажам како да се постави фирмата. Нема потреба да се замараш со даночни стапки и процедури на меѓународни даночења.
Едно е какви се номинално даночните стапки а друго е како се одредува даночната основица на која се пресметува и плаќа данокот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom