Новинарот Александар Чомовски во емисијата „Програма 200“ на Алсат ги релативизираше повиците за насилство и говорот на омраза содржани во извиците „Клетите Албанци“ ( од протестите, парадоксално наречени „За заедничка Македонија) со нивно споредување со фрлање боја по јавните институции на протестите на Шарената револуција.
Според Чомовски, исто ќе се срамеле и „шарените“ и тие што пееле „Клетите Албанци“!
Телевизијата на својот фејсбук профил го објави тој дел од смисијата која во целсот ќе се емитува во 22.30 на Алсат. Дебатираат: Уранија Пировска, Хелсиншки Комитет, Александар Чомовски, новинар и Имер Селмани, Екс Вицепремиер.