Драган Б. Костиќ

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 јули 2007
Мислења
16.467
Поени од реакции
8.662
Возраст
34
Не знам дали постои тема за него но ако нема мислам дека вреди да започнам за него тема и баш во делот за музика. Текст многу малку има на Википедија за него за жал но ќе го ставам тука како вовед во темава.
kostikednagodina.jpg

Драган Б. Костиќ е македонски музички новинар.

Драган Б. Костиќ ја започнал својата кариера во Македонското радио. Тој е најпознат како водител на радио-емисиите "Диско селектор" и "Заборави ако можеш". Емисијата "Диско селектор" започнала да се емитува на 29 јуни 1974 година, додека во 1991 година започнало емитувањето на "Заборави ако можеш". На 31 октомври 2013 година, оваа емисија го доживеало 4 500 издание. Во јуни 2004 година, по повод 30-годишнината на емисијата "Диско селектор", Драган Б. Костиќ организирал голема забава, одржана на лизгалиштето во Скопје, при што биле продадени 6 500 влезници. Исто така, тој е автор и на неколку други радио-проекти, како што се: "Радиоурнебес", "Пријатели, добар ден", квизот "Јас ли сум на ред" итн. Најпосле, тој е познат и како страсен колекционер на музика, поседувајќи огромна колекција од над еден милион аудио записи.

Jaс мислам дека човеков е жива музичка енциклопедија. Пример за тоа како треба да звучи и биде спремен еден радио и тв водител на музичка емисија. Многу сум млад и не сум некој познавач на музиката премногу па затоа и кога и да го слушам ми е задоволство затоа што нешто ќе дознаам за некој музичари од неговите емисии. Премногу сум љубител на слушање радио и радио емисии од ваков тип. Драган го слушав на македонското радио а и сега кога ја направи емисијата Kaвервил која му се емитува на повеќе локални радио станици. Исто така има и една емисија со топ листи Chartfile на Радио слободна Македонија.
 
Последно уредено:
Браво за темата..нека остане оваа, а другана да се брише,
можеби сега ќе успее а и треба па да направи повеќе страници,
стар филм може да најдеш некако и да го гледаш,како-каде да се најдат тие стари радио емисии-оригинал од пред 30 - 40 години и да се слушнат, ги има ли некаде.
-
а да е темата за некоја српска фукса од тајфата на Саша, ќе има муабети со месеци, а за наша Љупка или Сашка едвај 1/ 4 страна.
 
http://forum.kajgana.com/threads/Драган-Б-Костиќ.80782/#post-7610897

Имаш постирано у темата бе брат, имаш постирано.
Искрено активен сум на многу форуми и заборавам што и каде сум постирал/коментирал.

Нека се спојат темите затоа што и постовите на Анчо се добри он е постар и ги знае некој работи од негово време.
 
Добар диџеј, добар водител и добра емисија.
Ја слушам чат пат и ме враќа во деновите од средно.
Секоја чест за Драган Б со точка Костиќ.
 
Гостувањето на Драган Б. Костиќ кај Јанко Јади Бурек. Интересни моабети си направија.

Ова и мотив ми беше да ја отворам темава, али заборавив дека веќе има тема за него :facepalm:
 
Активен си на многу форуми и забораваш што и каде си постирал/коментирал.
:D Затоа решив полека да намалам на две три форуми. Ептен е многу не може да се постигне на толку форуми да си активен и да се коментира.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom