Сакам да студирам Архитектура

  • Креатор на темата Креатор на темата еци^^^
  • Време на започнување Време на започнување
ima privatni casovi da, i jas odev,ali sea sigurno deka ke te primat toa neznam, zavisi od vasite sposobnosti i makotrpnoto vezbanje/crtanje.Sega ovaa generacija sto polagaa priemni imaa i podgotvitelni casovi organizirani od fakultetot.
 
Да прашам, кои предмети ги има и се полагаат во прва година? n00b сум ок.
 
Да прашам, кои предмети ги има и се полагаат во прва година? n00b сум ок.

1. Архитектонски Конструкции 1
2. Архитектонско Проектирање 1
3. Нацртна Геометрија
4. Математика
5. Статика
6. Јакост на материјалите
7. Геоинформациони Системи
8. Архитектонско Студио 1
9. Архитектонско Студио 2
10. Ликовно изразување
11. Моделарство
12. Вовед во комп. помогнато проектирање (CAD/CAAD)

Бујрум. Нуб или не, најарно е да си прашаш...
 
Кога се уписите??? И приемни кога има??? :vozbud:
 
Сакам да се запишам архитектура но математика и физика баш и не сакам:) Сакам многу ликовно и цртање затоа и ме влече овој факултет:)
Е сега со матуриве и подрачјата во 3година многу проблеми ни прават. Мора ли да се иде математичко А или и со јазично-уметничко Б може да се влезе (со помош на ликовно)?

Како што прочитав приемноит со неколку приватни часови се поминува, математиката се учела што ме охрабрува:)
Само се мислам сега кое подрачје да го одберам да не ме зафркнат после за факултетов:/
 
Сакам да се запишам архитектура но математика и физика баш и не сакам:) Сакам многу ликовно и цртање затоа и ме влече овој факултет:)
Е сега со матуриве и подрачјата во 3година многу проблеми ни прават. Мора ли да се иде математичко А или и со јазично-уметничко Б може да се влезе (со помош на ликовно)?

Како што прочитав приемноит со неколку приватни часови се поминува, математиката се учела што ме охрабрува:)
Само се мислам сега кое подрачје да го одберам да не ме зафркнат после за факултетов:/

Прво, во подрачјето за физика спаѓаат статичките предмети и термо-акустична заштита на објектите (предмет: Архитектонска Физика), а истите се прилично лесни и не бараат многу време и труд за обработка на материјалот. Поготово одкога го внесоа ЕКТС и во овој факултет, обемот на предметите е значително намален. Така да од тоа не се плаши... А и го имаш Кире Мали за пријател, кој добро објаснува статички предмети :)

Во однос на организацијата на предметите од средно, и условите за запишување на Архитектура во зависност од матурата, не сум запознаен, а ќе направам услуга и ќе ти одговорам и тебе, и на членот над тебе деновиве, кога ќе прашам во Студентска служба.

Математиката е релативно лесна. За разлика од Градежен Факултет, кој има Математика 1 и 2, ние имаме само една, во прва година на студии, и студентите имаат среќа што имаат нов професор. Мојата генерација полагаше кај професорка од Градежен Факултет (не можевме да најдеме професор), па си подиспотивме столче малку појќе. А приемниот испит математика се основни задачи, па и за тоа можам да кажам дека со малку подсеќање од средно, лесно се спрема.

Ќе го одржам ветувањето, деновиве одам на факултет, па ќе прашам кои се условите.
 
Ојља архитектонци драги ем мили, али некој знаје нечо пофеќе за припремните часофи шо ги организира факултетот? Се до мене стасуваат некои делумни информации, не знам ни кога точно да одам Скопје. Така да, секој со мрсна информација ќе добие супер-молитви :D
 
Подготвителната настава по слободорачно цртање за кандидатите заинтересирани за упис во првиот уписен рок ќе се одржи во периодот од 29.06.2009 до 10.07.2009 год. Заинтересираните поднесуваат пријава во студентска служба на факултетот и уплаќаат 3.600,00 денари, на уплатница ПП50.

Податоците за уплатницата ги сметам како директно рекламирање на факултетот, па затоа, ако некој сака, може да ги добие по ПП, или да ги препише од студентската служба на АФ.

Кога се уписите??? И приемни кога има?

Податоците за уписите и потребните предмети од државната матура за запишување на Архитектонски Факултет, може да се превземат во .pdf формат ОВДЕ.
 
Сакам да се запишам архитектура но математика и физика баш и не сакам:) Сакам многу ликовно и цртање затоа и ме влече овој факултет:)
Е сега со матуриве и подрачјата во 3година многу проблеми ни прават. Мора ли да се иде математичко А или и со јазично-уметничко Б може да се влезе (со помош на ликовно)?

Како што прочитав приемноит со неколку приватни часови се поминува, математиката се учела што ме охрабрува:)
Само се мислам сега кое подрачје да го одберам да не ме зафркнат после за факултетов:/

Не мора, јас бев општествено хуманистичко подрачје (A) па еве сум, положив се од прва (што и не е некој успех кога си по ЕКТС, нормално е) :)

Како и да е, од голема полза е да имаш математика во 3-та и 4-та година. Не дека е тешка, туку полесно ќе си поминеш бидејќи прв семестар е повторување од средно барем за мене, дека не бев математичко А, а тие што беа математичко А скоро се им беше повторување. Пак ќе напоменам тоа не е гаранција дека ќе положиш, многу од колегите кои беа математичко А не ни стигнаа да слушаат математика во втор семестар, а тоа не беше поради незнаење туку поради мрзеливост.

Физика, во средно имав ама не учев, таква беше професорката, знаење не бараше, па затоа сега сфатив колку сум осакатена во тој поглед. Како и да е...
За положување се положува како што рече КиреМали по ЕКТС доволно е да собереш поени од вежбите (да решиш 2-3 примери од збирката и да ги разгледаш другите) за на вежби и на еден колоквиум да извадиш 10 од 20 поени - имаш 6ка. Ако ти е битно само да поминеш. ;) Испитот е далеку потежок од она што се паѓа на колоквиум. За статика и јакост на материјали се однесува ова, предмети во прва.

На крај, поважно е кои предмети ќе ги одбереш за матура бидејќи лани на тоа кратеа поени, за несоодветна матура. А тие поени всушност треба да ти помогнат при запишување, бидејќи поените од приемните беа слаби.

Се надевам дека помогнав иако малку доцнам со постот. :smir:
 
Исто така и јас сум повеќе по уметноста, ама ако седнам ко што треба не ми е некој голем проблем математиката. Е сеа, успехот ми е мнг добар, а матурата е одлична, меѓутоа поради неодлучност неам почнато со часови, а цртањето одма можам да го совладам. Ако има некој да ми прати како изгледаат 4тите вежби што ќе се на приемниот или сепак би ме советувале да не се ни обидувам да се запишам :tapp: Државната квота не ми е битна, одговара и приватната само да влезам :toe: помош?
 
До пред недела дена мислев дека ќе одам на градежен, ама овие денови решив да одам Архитектура (сега 4та средно ќе сум).
Ми го препорачаа МИТ, знам за Американ и Архитектонскиот, па сеуште се одлучувам каде (иако знам дека е рано уште), но сакам онака да си знам за кај да се ориентирам.
Па може да ми ги наброите слабостите и јаките страни на секој од овие (и ако има некој друг) факултети?
Ваша Препорака кај да одам?
п.с. учам Мат А комб, и ми оди математика супер, физиката ми е послаба страна:salut:
 
1. Архитектонски Конструкции 1
2. Архитектонско Проектирање 1
3. Нацртна Геометрија
4. Математика
5. Статика
6. Јакост на материјалите
7. Геоинформациони Системи
8. Архитектонско Студио 1
9. Архитектонско Студио 2
10. Ликовно изразување
11. Моделарство
12. Вовед во комп. помогнато проектирање (CAD/CAAD)

Бујрум. Нуб или не, најарно е да си прашаш...
Брејј,гору долу ништо не е сменето од пред 15 години,само што ја нема филозофијата на техника и тој професорот марксиста,другото,нешто е додадено од тогашна втора година.
 
А, а тие што беа математичко А скоро се им беше повторување. Пак ќе напоменам тоа не е гаранција дека ќе положиш, многу од колегите кои беа математичко А не ни стигнаа да слушаат математика во втор семестар, а тоа не беше поради незнаење туку поради мрзеливост.


Колешке,можеби и поради тоа што математика не влече друг предмет,па се сконцентриравме на оние стручните,барем за мене кажувам(и поради мрзеливост,точно :helou:)
 
sea ke bidam 4ta, prirodno matematicko podracje (A). bi sakala da studiram arhitektura samo me buni toa so predmetite koi mozam/nemozam da gi polagam na drzavnata. sakam da zemam angliski, informatika, filozofija dali ke pominam so ovie predmeti? ili treba da zemam i matematika? inaku tie sto velat deka treba da se vlozi mnogu trud i vreme ne me plasat nego me interesira dali seto toa se isplaka na kraj t.e. dali moze da se najde rabota ovde kaj nas?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom