Women need love, ама има разлика меѓу love и attention.

Тој недостиг и јака желба за внимание понекогаш може да достигне размери кои не се здрави за една врска.

Не се оправдува таа женска параноја со недостигот за внимание. На секоја жена и треба љубов, нежност, внимание, грижа... Ама тоа не значи дека кога истото нема да го добијат, имаат право да се маваат од земја, да урлаат, да паничат, да се одмаздуваат за недаденото внимание (?!)...
Не е само женската душа чувствителна. Колку што има жени емотивци, толку има и мажи. Само жените поинтензивно и почесто го покажуваат тоа.

Затоа жените се жалат дека не добиваат доволно нежност и внимание од мажите, а всушност поентата е што жените премногу бараат,
а мажите премалку даваат.

Односно, недоволно го покажуваат тоа што го чувствуваат. Ама тоа не е причина жените да си земат за право да хистеришаат и да паѓаат у трансови за да привлечат внимание.