Експлоатација на млада работна сила

  • Креатор на темата Креатор на темата Dijanka001
  • Време на започнување Време на започнување
Луѓе извинете вака ве читам и знам не е лесно, и знам дека мора некој негде да се испразни и да си ја каже маката али па сите кукаат ама жалењата ги даваат на погрешни адреси. Форуми, јанко јади бурек или некои други емисии можеби се добро место за некој друг да се запознае со ваквите слуачи и да се подигне свеста ама сепак тие не се адреси каде што можат да се решат проблемите. Има пазарни инспекторати, има други установи. Може ќе си речете еј џабе е газдите се поврзани со власта или па еден човек не може ништо.
Ама па од друга страна само тука по форумиве гледам многу луѓе што се жалат, а ги има и уште многу. Е сеа ако бар пола од нив отидат и пријават каде што треба, ако се солидарни и забораваат на партии и слични срања и излезат на протест поради себе, тогаш може и ќе се поправат работите.
Еве пример: Ако пример сите од Спорт Висион отишле да пријават, направеле неккаов јавен протест, и газдата малце ќе се запраша, чекај ако вака продолжам никој нема да работи за мене или морам да се поправам за да не пијам казни. Се дур луѓето си ќутата ќе си биде вака. Глејте ги Грците како протестираат за се кога ќе им се нарушат некои права. И не мешаат партии во тоа.
 
Инаку за лечење комплекс имам еден тон. За мое 4-ипол годишно искуство се имам нагледано сешто.
Сменив 8-10 работни места, најдолго што се имам задржано е 5 месеци на едно исто работно место.

Горе долу секој македноски газда е исти. Секоја чест на исклучоци.

Сакаат максимално да си посветен и продуктивен, меѓутоа кога ќе побараш покачување или бонус... е тука настанува проблемот... Како да си му брцнал во окото
А замижуваат на прекувремена неплатена работа, работење на екстра обрски кои не се во договорот, пријавувањето на 4 часа а работиш 12. Доцнење на плата итн.

Ама не ние младите не сме сакале да работеме... ХА!

Во кратки црти се е тука наведено.
Уште додавам (и гледам веќе овде во неколку одговори) сите држат некое мислење дека нивната работа е најтешка или потешка од останатите.Секоја е на свој начин,да научиме да гледаме со почит на туѓата.
Ако не си физички искористен, ќе си психички (можда и полошо, потешко ја обновуваш психата), а најлошо во некои фирми и двете одат комбинација. А газдите (или уште полошо, поситни раководители, шефчиња, квази шефчиња)гледаме какви се уште од огласи од почеток - или не е наведена платата или бруто износ, однапред глумење лудило.А одговорности,''преференции", "компетенции" "инкорпорирани" во "CV-to" на "aпликантот'' колку сакаш.Па и мотивационо писмо се научиле, виделе негде, не довиделе...Want some mayo with that?Глумци и хипокрити.
Кога почнаа луѓе да си одат настрана од фирми како ЕВН, Телеком, банки, државни институции шо остана за другите...ама ние сме криви младите.Не ни се работело.
 
Ја отварам темава со цел да се дознае каков работодавач е Sportvision, изреволтирана од неодамнешни настани, а и со цел да слушнам друго мислење околу прочуениов (српски или босански беше) работодавач.
Имено, од неодамна мојата сестра се вработи во SV во Сити Мол.
:confused::cenzura::cenzura::cenzura::facepalm::sick::sick:

1. Ги тераат да работат повеќе од 8 часа на ден, без да им се платат дополнителните часови, со изговор НОВИ СТЕ; ПРВ МЕСЕЦ ВИ Е. (Работното време е 6 дена во неделата без дополнителен приход за прекувремена работа = повеќе од 40 часа неделно и повеќе од 10 саати дневно).
- Сестра ми работеше и по 12 часа на ден, да не речам - 4 часа гратис им работеше, што да не заборавиме, на друго место тоа е половина работно време, и се разбира платено, а во овој случај for free.

2. Господата, т.е. менаџерскиот тим од Сити мол летово си добил колективен отказ од вработените, поради ужасните услови за работа и поади фактот што биле во минус и поради фактот што пописот не им бил во ред и уште не им доаѓа памет, ама и зошто да им дојде кога има и други овци за стрижење.

3. Господата прават огромен дневен промет, поготово сега со ова Бела ноќ и роденденот на Сити мол, а ветениот процент за бонус вработените никогаш не можат да го добијат, зошто менаџерскиот тим постојано ги крева границите за прометот што треба да се достигне за да никогаш не дадат бонус.

4. И што е најчудно е тоа што очигледно зад кулисите се „перат облеки“, за што подоцна ги обвинуваат вработените! Имено, вработените кои претходно дале колективен отказ биле обвинети дека краделе од облеките од магацин, што еве и да речеме стварно било така, подоцна менаџериве презеле други мерки со цел да го спречат тоа, па така на актуелните вработени секојдневно им се претресуваат ташните и сл., со цел да нема крадење, а на претходните вработени им крателе од плата „заради украдени стрвари, но никогаш никој не фатен на дело“ Но, од каде сега повторно квалификуваниот менаџерски тим утврдува дека фалеле работи (облеки) на попис, па им крати и на новиве вработени околу 1000 и нешто денари од плата, за која притоа се окозуваат од работа, и за која што работа не добиваат соодветни средства (за прекувремени саати и сл.-зошто нели биле НОВИ). Тука нешто смрди, или менаџериве се неспособни да ги мотивираат работниците („да не крадат“) или па тие се толку преспособни и лукави што нашле одлично алиби за заштита на сопствени интереси. Како и да ги свртиш работиве исто е...

Жалосно е што овие господа прават на мотивираните млади во Македонија, после да не ви е чудно зошто сите ни бегаат од нашава земја!
Тоа е работната политика на оваа угледна фирма! Јас се извинувам ако се наруши угледот на господата од SV со моето излагање на оваа тема, но за углед треба вредно, напорно и чесно да се работи, а не преку експлоатација и манипулации на веќе ионака ефтината наша напатена млада работна сила.:mad:

ПС. Токму поради горенаведените „идеални“ услови за работа вработените остануваат по максимум 2 месеца, со надеж-ќе биде подобро, а никогаш нема...

Ваше искуство и коментар на ова? :(
Ова не ме изненадува ниту зачудува, секоја втора фирма слични работи прави и никој ништо не сака да превземе.
Не превзема затоа што се е корумпирано во држвава па и надлежните инспекции, едноставно системот е трул и не функционира.
Јас порано работев во слична фирма, одмор ни даваа вкупно 14 дена (вкупно со работни и неработни денови), а потоа ни го намалија на 12 дена, платата 12к, прекувремени цело време, дури и до 220 саати месечно, ни денар плус не ми платиле.
Во трудова инспекција којзнае колку пати сум ги пријавил, џабе!

Инаку никогаш не сум мислел дека Спорт Вижн е угледна фирма, а згора на тоа продваат и валш патики друга роба како оригинални.[DOUBLEPOST=1475596969][/DOUBLEPOST]
tocno deka platata e mala i site begaat nastrana od makedionija
no i mladinata denesna sakaat preku leb pogaca,ne sakaat bukvalno nisto da rabotat
така е, управо си, несакаат да работат месечно по 200 саати за 200 еур, срамота.
 
Треба силни закони за заштита на работниците и нивните права. Само тоа е лекот.
За Ситимол конкретно е голема срамота тоа што се случува. Знаејќи дека и шипо е сопственик на објектот уште полошо. Али додека има овци да купуваат ќе има кој да ги стриже.

Пријавете ги и да си бара друга работа.
Силни закони само ќе ги затворат поголемиот дел од газдите т.е оние што работат колку да врзат крај со крај, а тие што треба да ги казнат ќе се извлечат со некоја скара.
Тоа што треба е со македонски пасош да може да работиш каде сакаш во ЕУ или да си извадиш бугарски пасош и да работиш каде сакаш во ЕУ.
Тогаш во Мкд ќе останат оние луѓе што ионака не им се работи за некоја ситна пара, а газдите ќе останат без вработени, па затоа имаат два избора, или да го затворат бизнисот или да ги качат платите и да ги почитуваат законите.

Инаку на темата иако сум Ит сектор, сепак најлошо сум поминувал со Македонски газди и самобендисани менаџери у стилот јас како ќе кажам така, ама твоја е одговорноста кога треба да се брка.
Сепак најголем проблем ни е начинот на размислување, да се кука и жали а притоа да не се превзема ништо ко да имаме проблем со одговорност, а најголемиот проблем ни е зајадливоста. И тоа кога ќе го преточив во работа, па и позиција на супериорност не ниту чудо што вакви работи се случуваат.
 
Последно уредено:
Со просечно Македонче неможеш да се погодиш за колегијалност на работа, не пак штрак да кренеш.
Имаше ситуација во една фирма каде што работев... платата каснеше 2.5 месеци...
Нонстоп бош муабети... не работиме ќе штрајкуваме... доаѓа шефот 1 по 1 како офци назад на работни места.... За таквите ако си патат...

Ако си гласен ти вели, јас со сила не те држам оди си... барај си подобро.
А подобро каде... 1 ластовица не прави пролет.
Што ќар ако го пријавиш, работа губиш 100% тоа со некоја ситна пара ќе се извлече, а ти знаеш дека и на следното работоно место те чека слична каша.

Таква ни е свеста, се додека сме јаки на муабети а слаби на дела ќе си патиме... Кој има среќа да фати надвор од Балканот, ок кој не ќе си трпи. Подобри времиња во државата нема. Перспектива за младината исто нема.

Имам другар кој пред година дена формира бенд, солидни се... има неколку свирки по кафиќи Куманово, Скопје излегоа и до Врање... на сите тие свирки добија 0 денари. 2-3 пива на секој член и тоа е тоа. Во минус се... а рандум стапчиња за бубњеви или жици за гитара чинат 500 ден... што е потрошен матрејал нели... А потот и трудот каде е???

Поентата ми е дека во ниедна бранша во државава нема успех, без разлика дали е физичка, психичка работа, уметност, спорт итн...
 
Амин!
 
Силни закони само ќе ги затворат поголемиот дел од газдите т.е оние што работат колку да врзат крај со крај,.
Ќе ги поттикне да размислуваат да заработат на поголемо, не на ситно на грб на мизерија на вработените да се шлепаат.
Сакаш да кажеш дека нашиве "бизнисмени" не успеваат да бидат профитабилни ни со најниските плати во ЕУ €200 и 10% рамен данок? Па им треба и екстра саати неплатено и изживување со парични казни за вработените и неплатен одмор, - за да бидат рентабилни?
Па такви "бизниси" и треба да затворат, поспособните ќе опстанат.

Тогаш во Мкд ќе останат оние луѓе што ионака не им се работи за некоја ситна пара, а газдите ќе останат без вработени, па затоа имаат два избора, или да го затворат бизнисот или да ги качат платите и да ги почитуваат законите.
Се враќаме на тоа што го кажав јас, силни закони како и секоја земја што е успешна.
 
Ќе ги поттикне да размислуваат да заработат на поголемо, не на ситно на грб на мизерија на вработените да се шлепаат.
Сакаш да кажеш дека нашиве "бизнисмени" не успеваат да бидат профитабилни ни со најниските плати во ЕУ €200 и 10% рамен данок? Па им треба и екстра саати неплатено и изживување со парични казни за вработените и неплатен одмор, - за да бидат рентабилни?
Па такви "бизниси" и треба да затворат, поспособните ќе опстанат.

Се враќаме на тоа што го кажав јас, силни закони како и секоја земја што е успешна.
Законите не ни се слаби, проблемот е во тоа што тие што треба да ги спроведуваат се корупирани и не ги спроведуваат.
 
Законите не ни се слаби, проблемот е во тоа што тие што треба да ги спроведуваат се корупирани и не ги спроведуваат.
Точно така, да се спроведат и почитуваат треба. Џабе закони инаку.
 
Ќе ги поттикне да размислуваат да заработат на поголемо, не на ситно на грб на мизерија на вработените да се шлепаат.
Сакаш да кажеш дека нашиве "бизнисмени" не успеваат да бидат профитабилни ни со најниските плати во ЕУ €200 и 10% рамен данок? Па им треба и екстра саати неплатено и изживување со парични казни за вработените и неплатен одмор, - за да бидат рентабилни?
Па такви "бизниси" и треба да затворат, поспособните ќе опстанат.

Се враќаме на тоа што го кажав јас, силни закони како и секоја земја што е успешна.
кога имаш 60% од населението со плата од 150-300Е што треба да направиш за успешен бизнис, за повеќе заработка ?
Тие се парите кај нас, храна и текстил е главниот избор за бизнис. На текстилот имаш + ддв и царина, што автоматски го прави поскапо од околните држави (Грција, Бугарија). Тој буџет што го има едно семејство за да одвои за гардероба е доволен само за некоја ефтина гардероба.
На пример, имаше Левис во центарот на Скопје, 100Е фармерки, после некоја година затвори, затоа што луѓе што можат да купат Левис за 100Е се малку на број, а може да се оди на шопинг до Софија/Солун и да се купат за 60Е.
Поголемиот проблем со нашите газди не е дали се рентабилни, туку сакаат преку ноќ да купат мерцедес, демек имам јас ланец маркети за ова/она и одма возам џеп/мерцедес и слично. Да работат по закон, пак ќе имаат за мерцедес/џип, ама нема да биде за 6 месеци, ќе биде за 2 години.
А силни закони кај нас нема шанси, единствено е миграцијата да си го направи своето
 
Значи не е дека бизнисот ќе го затворат ако закон се спроведе.
Порано или подоцна закон мора и ќе се спроведе.
Дали трајно иселување би помогнало на земјата не знам. Прв пример ми доаѓа Сирија, трајно се иселуваат, тоа помага на државата? Ја прави по конкурентна?
 
Силни закони само ќе ги затворат поголемиот дел од газдите т.е оние што работат колку да врзат крај со крај, а тие што треба да ги казнат ќе се извлечат со некоја скара.

Епа ако некој газда не е во состојб да исплати плата и да им даде тоа што им следува на вработените тогаш и таа фирма не ни мора да фукнционира. Ама работата е што многу често ова се случува и во фирми каде што и тоа каде каде се вратат добри профити, газдите глумат најголеми богаташи а вработените им се половично пријавени, работата овертајм неплатен немаат целосен домор по закон и така натака.
Ако имаме функционална држава ама и сложен народ кои што ќе се побунат заеднички, тогаш тој истиот газда ќе мора сакал или нејќел да ги подобри условите за работа.
 
Точно така. Со тоа едноставно се прави обрт во економијата. Големо богатство концентрирано кај еден човек, и да се труди, не може да го врати назад во општеството. Со закон се принудува тоа големо богатство да го преточи во плати што директно прават обрт во економијата.
 
За жал, ништо во светот не црно-бело. Многу нијанси измеѓу....

Прво, јас сите тие газди, директори, менаџери, што не даваат плата или навредуваат/малтретираат работници би ги бесел на сред плоштат. Со публика....

Друго, да не се лажеме, ние како работници сме далеку од квалитет. Гледам како проблем сите ја спомнуваат платата. Проблемот е што цената на трудот во Македонија е ниска, а за тоа не се криви газдите.
Малку газди ( малку работа) + многу работници = ниска цена на труд ( плата )
Пример, ако имаш газда на бутик ,и да сака да даде голема плата- не може. Т.е. може, ама тоа значи дека ќе има поголеми трошоци, што ќе значи дека треба да има повисоки цени за да ги покрие тие дополнителни трошоци. Тоа ќе значи дека нема да биде конкурентен на пазарот и ќе пропадне

Никој не помислува, пример, да биде газда. Еве, нека ја остави куќата/станот под хипотека, нека земе кредит, нека отвори бизнис и нека работи ! Да види што значи да бидеш “газда“ со сите ризици во работењето. Да знае дека со “отварање врата наутро“ мора да обезбеди “х“ пари за кирија, за данок, за струја, за фирмарина, за ТВ, за книговодство, за пензиско, за здравствено, за плата.....па нека дава 500 евра на работниците.Ако може...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom