- Член од
- 3 октомври 2016
- Мислења
- 4
- Поени од реакции
- 12
- Возраст
- 34
Ја отварам темава со цел да се дознае каков работодавач е Sportvision, изреволтирана од неодамнешни настани, а и со цел да слушнам друго мислење околу прочуениов (српски или босански беше) работодавач.
Имено, од неодамна мојата сестра се вработи во SV во Сити Мол.

1. Ги тераат да работат повеќе од 8 часа на ден, без да им се платат дополнителните часови, со изговор НОВИ СТЕ; ПРВ МЕСЕЦ ВИ Е. (Работното време е 6 дена во неделата без дополнителен приход за прекувремена работа = повеќе од 40 часа неделно и повеќе од 10 саати дневно).
- Сестра ми работеше и по 12 часа на ден, да не речам - 4 часа гратис им работеше, што да не заборавиме, на друго место тоа е половина работно време, и се разбира платено, а во овој случај for free.
2. Господата, т.е. менаџерскиот тим од Сити мол летово си добил колективен отказ од вработените, поради ужасните услови за работа и поади фактот што биле во минус и поради фактот што пописот не им бил во ред и уште не им доаѓа памет, ама и зошто да им дојде кога има и други овци за стрижење.
3. Господата прават огромен дневен промет, поготово сега со ова Бела ноќ и роденденот на Сити мол, а ветениот процент за бонус вработените никогаш не можат да го добијат, зошто менаџерскиот тим постојано ги крева границите за прометот што треба да се достигне за да никогаш не дадат бонус.
4. И што е најчудно е тоа што очигледно зад кулисите се „перат облеки“, за што подоцна ги обвинуваат вработените! Имено, вработените кои претходно дале колективен отказ биле обвинети дека краделе од облеките од магацин, што еве и да речеме стварно било така, подоцна менаџериве презеле други мерки со цел да го спречат тоа, па така на актуелните вработени секојдневно им се претресуваат ташните и сл., со цел да нема крадење, а на претходните вработени им крателе од плата „заради украдени стрвари, но никогаш никој не фатен на дело“ Но, од каде сега повторно квалификуваниот менаџерски тим утврдува дека фалеле работи (облеки) на попис, па им крати и на новиве вработени околу 1000 и нешто денари од плата, за која притоа се окозуваат од работа, и за која што работа не добиваат соодветни средства (за прекувремени саати и сл.-зошто нели биле НОВИ). Тука нешто смрди, или менаџериве се неспособни да ги мотивираат работниците („да не крадат“) или па тие се толку преспособни и лукави што нашле одлично алиби за заштита на сопствени интереси. Како и да ги свртиш работиве исто е...
Жалосно е што овие господа прават на мотивираните млади во Македонија, после да не ви е чудно зошто сите ни бегаат од нашава земја!
Тоа е работната политика на оваа угледна фирма! Јас се извинувам ако се наруши угледот на господата од SV со моето излагање на оваа тема, но за углед треба вредно, напорно и чесно да се работи, а не преку експлоатација и манипулации на веќе ионака ефтината наша напатена млада работна сила.
ПС. Токму поради горенаведените „идеални“ услови за работа вработените остануваат по максимум 2 месеца, со надеж-ќе биде подобро, а никогаш нема...
Ваше искуство и коментар на ова?