Забрана за емитување на македонска музика во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата .Sky.
  • Време на започнување Време на започнување
imame ubava makedonska muzika, no imame i ubavi zakoni vo makedonija
не е така... слично беше и со мафијашот од ФСМ, додека не дадоа амин од Фифа не можеше да го тргнат..
авторските права се заебана работа... а авторите потпишуваат и ги даваат своите права на друг... а сопствениците на авторски права знаат да држат во ФИОКА некој изведби со години па и децении...
Па и на ЈуТјуб блокираат, ете на пример едно време ги блокираа сите клипови на Маја Оџаклиева ( со песната Сребрени Улици), работеше само еден што беше напишан на Ќирилица па компјутерот не го открил :D
 
До петок е можно одземање на лиценцата на ЗАМП
 
До петок е можно одземање на лиценцата на ЗАМП
А дали со одземање на нивните лиценца ќе се пушта само Македонска музика и ќе стои забраната за српска, хрватска... музика или повторно ќе биде како пред забраната се да се пушта?
 
А дали со одземање на нивните лиценца ќе се пушта само Македонска музика и ќе стои забраната за српска, хрватска... музика или повторно ќе биде како пред забраната се да се пушта?

Македонските автори можат и сега да се изземат од одлуката на ЗАМП за забрана на македонската музика во македонските електронски медиуми и да дозволат емитување на нивните музички дела во македонските електронски медиуми.

Самиот факт дека малкумина - да не речам никој - не се изземал од одлуката на ЗАМП за забрана на македонската музика во македонските електронски медиуми, говори дека дури и да пропадне ЗАМП, сепак авторите ќе се придржуваат до воведената забрана и без ЗАМП.

За жал бидејќи се неспособни за да соберат публика на концерти, а ретко кој им купува оригинални копии од музички албуми, единствен редовен извор на приходи им останува заработувачката од емитување на македонската музика во електронските медиуми и на прославите, па затоа се обидуваат да соберат што е можно поголем рекет од радијата, телевизиите и угостителите, а ваквиот идиотизам може да продолжи и без ЗАМП.

ЗАМП е еден вид на синдикат, кој до неодамна немаше конкуренција, а сега кога има конкуренција - СОКОМ-МАП, загрижени се за единствениот редовен извор на приходи кој им останува - радијата, телевизиите и угостителите - кои можат да преминат кон плаќање на СОКОМ-МАП за емитувањето на македонската музика, а баш СОКОМ-МАП нуди значително пониски и поприфатливи цени за радијата, телевизиите и угостителите, наспроти цените на ЗАМП.

Антиталентираните автори кои не успеваат да соберат публика на концерти и не успеваат да продадат оригинални копии од музички албуми, можат слободно да си формираат нов синдикат кога сакаат, не се обврзани ниту да преминат кон СОКОМ-МАП, ниту да останат со ЗАМП.
 
http://cooltura.mk/muzika/ministerstvoto-za-kultura-ja-ukina-zabranata-za-emituvanje-avtorska-muzika
http://hitportal.com.mk/ovoj-vikend...dichkite-na-pink-se-vrakaat-na-malite-ekrani/
http://kumanovskimuabeti.mk/ukinata-zabranata-za-emituvanje-makedonska-muzika/
Изгледа повторно се враќа Македонската музика во Македонија, бар за сега, а можеби звучи чудно но на мене не ми ни недостасуваше. Како и повторно почнуваат со емитување српските шоу програми во Македонија, што значи и СОКОЈ се предомислил.
 
Конечно нешто праведно и исправно да се одлучи, поточно конечно една неправда да се отстрани. Посебно ми е драго што викендов ќе можеме да гледаме Ѕвезде Гранда и да слушаме Македонска музика на радио 104.4:D:vozbud:
 
Ај да видам инатчите дали сеа ќе емитуват македонска музика или само го тапеа во утринска програма ете сега заради замп неможам да ви пуштам македонска песна. Верувам дека може сега и Скопски да се одржи не е доцна :)
 
ЗАМП: Само ние може да ја укинеме одлуката за забрана на македонска музика

препорачуваат трговските радиодифузни друштва да продолжат да се придржуваат до одлуките на авторите на ЗАМП се додека судот не донесе правосилна судска одлука или додека авторите сами не ја стават вон сила забраната за јавно емитување музика.

А зарем нема ни еден автор што не е во ЗАМП :mad: т.е. ниту еден не се согласил да му се пушта музиката ??
Колку знам се јавија дечки кој на ЈуТјуб пласираат своја музика и не бараат авторски хонорари...нека нивната музика ја пуштаат и тв и радијата, па да видиме овие замповците што ќе праат...


...
 
Коа ќе падне одлукава на ЗАМП на суд мислам да продожат радијава да не пуштаат македонска музика. Сеа ако сакаат да се пушта македонска музика Замп да им плаќа на радијата во спротивно нека фураат СÉ освен македонска музика. Па да ги видам посерковците од кај ќе бараат пари. Коа не можат сами 10 цд-ња да продадат ги даваат гратис. Абе пари од тезги се праат значи треба работа, труд а не лежи и барај пари од радијава и тв. Секаде врвни музичари сами своите песни ги ставаат на јутуб да можат да им се промовираат и слушаат па кој сака си купува цд. Кој сака оди на концерти. Кој сака ги вика по клубови и прослави.

Sent from my SM-G935F using Tapatalk
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom