Anco
За солун ДА, ЗА срем НЕ


На работно место ложач на парни котел со јаглен.Можеби и пред тоа сум подработувал по некој ден,најчесто физички се што ќе требало, а бидеиќи бев тука по цел ден во нивниот двор па и ме повикувале.
Во 1974 година повторно ме примиа на истата позиција, но овој пат и нешто подолго. Работев се и сешто и по цел ден 7х24 часа, ноќе и како чувар во нивните хангари полни со „роба“ и така повеќе месеци .
Напуштив,односно ми дадоа отказ во април 1975 година, за кое мислам и немаа право. По тогашните закони привремено вработени,ако останат над
6 месеци мора да бидат примени на неодредено време.(така бар мислам)
Можно ли е да го барам сега тоа право, можно ли е Републички Црвен Крст да ја исправи својата грешка. Ајде Црвен Крст - Македонија вработува.
-------------
А тогаш во Републички Црвен Крст бевме вработени една шака народ.
Претседател долго време и тогаш беше Даре Џамбаз.
Имавме само едно возило кое го управуваше Миле, а Марко ми беше „шеф“,добар човек,ама тогаш и шефовите работеа, барабар со мене.
Републички Црвен Крст се уште е на истото место и во иста зграда.
Сега не им треба ложач на котел со парно,но нешто може да се најде друго.