Што ќе правам во рајот откога ќе умрам

  • Креатор на темата Креатор на темата katinakatalina
  • Време на започнување Време на започнување
Шала на страна, темава ја отворив за озбилен моабет сакајќи да видам дали некој знае нешто и дали имате визија воопшто како изгледа рајот.
Досега немам добиено ниеден адекватен одговор дури ни од свештените лица.Што ќе ни е вечен живот тогаш?
Какви се тие луѓе што велиш ти дека немаат потреба од привремена среќа?
Како го замислуваш ти рајот?
Мене некако визијата дека ќе живеам вечен живот ко во Џурасик парк, животни што не се во кафези и да гледам само весели насмејани среќни лица(од што среќни само незнам), нема материјални благодети...не ми е нешто привлечно искрено да ти кажам.[DOUBLEPOST=1469297439][/DOUBLEPOST]
Благодарам и извини што згрешив а што се случува после смртта, кои се вашите замисли?
Што се случува во рајот можеш да прочиташ во Божествената комедија од Данте
https://mk.wikipedia.org/wiki/Божествена_комедија
 
Ме затекна со прашањето, навистина никогаш не сум се задубила во вакво прашање, вероватно дека самото размислување ми создава конфузија во глава, ми се наметнуваат други прашања...оф, едно е сигурно, да немам тага, болка, да нема страдање...:)
Незнам колку е сигурно :)
Во шахот како и во животот кога нешто губиш за возврат обично добиваш по нешто. Пример губиш пиун а добиваш во динамика и сл. Така и животот no pain, no gain......челикот се кова во најсурови услови, топлина и притисок. Имаш ти милиони денеска на секакви апои за смирување без болка и страдање...да ги ринеш со лопата.
Тагата е присутна заради незнаење што ќе се случи, така човек е тажен кога ќе си "замине" некој од неговиот живот. Од друга страна знаењето ја елиминира неизвесноста а таа е еден од најголемите квалитети на животот.
Болка ако мислиш на физичка е одбрамбен механизам на телото, па така ако нема болка нема да го имаш ова тело. Страдањето е поврзано со колективот.....ако сакаш да бидеш сама тогаш нема да има страдање......така е овде во моментот. Од друга страна ништо не те спречува да бидеш ти промената и да влијаеш позитивно на мењање на колективната свест а со тоа и намалување на страдањето. Во секој момент може да се деси да испаднеш колатерална штета а јбг тоа е тоа.
Подобро дефинитивно може да биде, ама нема врска со твоите лични проблеми.
И на крај има еден момент во кој:
 
Според моите гностички сфаќања човекот е составен од тело, душа и дух. Телото сите гледаме што е. Душата е она што го одржува телото во живот, основните инстинкти и животни функции. Телото и душата се творби на ѓаволот и припаѓаат во оваа димензија во која се наоѓаме и живееме. Духот се наоѓа во душата и е заробен во неа, не по своја воља. Духот доаѓа од друга повисока димензија и не припаѓа во овој свет. Тој сака да се ослободи од душата и да замине во светот на душите. Затоа луѓе треба духовност ако сакате во рајот. За мене прашањето е како да се умре, а во рајот има доволно време да размислувам на темава.
 
А може и вака, за да не се многу заморувате за тоа што и како после смртта и во чиј рај ќе завршите! ;)

„На оние од чии очи паднал превезот на живот нека им биде дозволено остварување на нивните вистински Волји;
било да сакаат апсорпција во Бесконечното, или соединување со нивните избрани и драги, или да бидат во контемплација, или да бидат во мир, или да ги постигнат работата и хероизмот на инкарнација на оваа или друга планета, или во која било Ѕвезда, или што било друго, нека им биде дозволено остварувањето на нивните волји; да, остварувањето на нивните Волји.“
--- Liber XV, O.T.O. Ecclesiæ Gnosticæ Catholicæ Canon Missæ
Ping: @Ipsissimus ,@Femme fatale, @DirectX , @Атеист , Bodhidharma, @Phoenixx ,@Смрт за зони и пајак воз., @katinakatalina , @Govinda, @121314, @XИкса , @Gosh
 
незнам
а што би било убаво да не постои време и постојано да го живееш она што те исполнува, нема минато, нема иднина, цела вечност собрана во еден момент кај што го добиваш она што го посакуваш од корен...

кога мислам така и пеколот исто само што во моментот нештото ти е на дофат и го губиш...

живи фантазии... ќе појдиме ќе видиме има време, сега уживај печи гзот на плажа пиј џус од портокал и така...
 
Јас никогаш неема да умрам пошто глупиот админ и неговата тајфа местачи со нивните банови неуспешни направија од мене вистинска легенда.
Звездите умираат ама легендите никогаш.:цицки:
Се спремаш за апокалипсата :D ?
 
Рај и пекол не постојат.... Постое само реално Астралниот свет ( рајот ) и Подземниот свет - Шамбала ( Пеколот ) како што ги нарекуваат во библијата , куранот и т.н . Нашата цивилизација не може да го прифате фактот дека не сме сами и сеуште не е созреана до тоа ниво и си верува сеуште дека навистина постое бог , рај и пекол за непослушните .
 
А може и вака, за да не се многу заморувате за тоа што и како после смртта и во чиј рај ќе завршите! ;)

„На оние од чии очи паднал превезот на живот нека им биде дозволено остварување на нивните вистински Волји;
било да сакаат апсорпција во Бесконечното, или соединување со нивните избрани и драги, или да бидат во контемплација, или да бидат во мир, или да ги постигнат работата и хероизмот на инкарнација на оваа или друга планета, или во која било Ѕвезда, или што било друго, нека им биде дозволено остварувањето на нивните волји; да, остварувањето на нивните Волји.“
--- Liber XV, O.T.O. Ecclesiæ Gnosticæ Catholicæ Canon Missæ
Ping: @Ipsissimus ,@Femme fatale, @DirectX , @Атеист , Bodhidharma, @Phoenixx ,@Смрт за зони и пајак воз., @katinakatalina , @Govinda, @121314, @XИкса , @Gosh
Дали веруваш во задгробен живот?
 
Најпрво морам да си признам дека обожувам да ги читам најактивните членови на темите за религија, некогаш ќе разберам а понекогаш ништо не сфаќам, но не е битно....
Сакам само да поставам прашање до сите верници и неверници, до Христијаните и Телемитите, а тоа е што навистина ќе правиме во рајот, каков е таму животот, дали ќе продолжи нашата свест да се развива, нашата духовност, апетитите(за храна, секс,идр), дали ако посакам ферари да збрчам одма ќе ми се исполни желбата, дали воопшто таму се расте, созрева,старее(од бебе па до која возраст, нели и бебиња умираат) и уште еден куп прашања.:)
Телемитите велат дека после нашата смрт ќе бидеме звезди, какви ќе бидеме ме интересира, дали ке се разликуваме по големина, по старост, по светење во мракот...има ли разлика поради нешто??:)
Можеби глупи прашања ама многу луѓе сакаат да знаат каков е тој живот после смрт..никој не се врати да ни раскаже како е ама ние дефинитивно дискутираме многу на таа тема;)
Главно ќе се восхитуваме на Бог (што е повеќе од восхит или било какво одредување), потоа едни на други, после на створеното. Секој има нешто во највисок облик што друг го нема и секој ќе се чуди на убавината и можностите на другиот. Нема да има натпреварување во ништо, само восхит, полно чувство на живот, целосна пробуденост. Суштината ќе биде задоволена, а формата ќе продолжи да се менува во нови и нови облици. Овде на земјата оставено ни е да се издигаме низ повторливи процеси, пример повторуваме едни исти песни, молитви, постапки и понекогаш низ тежок творечки труд по некоја нова песна, молитва... се создава. Во небесниот свет нема повторувања, само ново и ново издигнување дотогаш неискусено.
И овде на земјата секој миг е жива револуција. Но во земскиот живот постојано треба да се бориме со превезот на релативизацијата. Овде сме некој повеќе некој помалку заспани и за доброто и за лошото. На Небесата тој превез не постои. Ќе бидеме пробудени за непрекината револуција од жив восхит и убавина.
 
Абе, у глобала, ќе скапуваме во земја и кучиња ќе не мочаат...

А и ако остане некоја енергија после нас, нема да биде ,, ние ,,, па да бираме шо да праиме.

Или пак ќе се родиме од ново, и нема да се сеќаваме на ништо...

Сума сумарум, живејте си животот, оти не се знае дали има нешто потоа, па камо ли и боље.
 
Ако се сите голи во рајот нема многу бирање што ке се праи во рајот....
групни журки 24/7
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom