Што кога се мувате/имате секс со момче или девојка која е веќе во врска? Вие знаете за тој/таа другата но продолжувате со аферата затоа што ете може ви е убаво,може и сте се заљубиле па мислите подобро некако да го/ја имам одколку воопшто да не сум со него/неа.
Според некое мое гледиште во случајов може( а и не мора) да има две повредени субјекти- мувачкиот субјект кој е на некој начин доброволно искористен и секако рогоносецот.
Е сега, кај мене се јавуваат неколку прашања.
Зошто да се изневери? Нешто му недостига на партнерот со кој сте во врска? Задоволување на его, пополнување време?
Зошто да се биде изневерувачкиот субјект? Дали тоа не е на некој начин потценување на својата личност? Зар не сте доволно добри да ја играте главната улога?
И за крај, што е со оној кој е изневерен? Тој е оној кој е најповреден во целокупната ситуација? Една познајничка ми рече пред некој ден:
-Ако ме изневерува со чутената, дури и јас да не знам, исто како да не ме изневерува, важно мене ме води за рака низ градов. Секако девојките со кои ме изневерува не можат да бидат поштени дами тие се да си го напрај кевот, тие се глупачките во случајот.
После муабетов јас бев...Oh my god:nesvest: Пa, што мислите?
Изневерувачкиот субјект можеби ја прифатил таа улога само колку да влезе во игра со надеж дека кога тогаш ке го истурка кралот од тронот и ке ја превземе "власта" во свои раце

A што се однесува до твојата познајничка мислам дека типкава си живее во заблуда.Типот со други да си го прајт ќефот(јесте да се глупачки)ама изгледа и таа не ништо попаметна.