Лига на Шампиони 2016/17

  • Креатор на темата Креатор на темата Tomasino
  • Време на започнување Време на започнување

Ќе ИДЕ ли Вардар у Келн бе пеер?


  • Вкупно гласачи
    61
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Никој не пишала ама морам ...
Абутович мајсторе свесен ли си каква одбрана играше , СВЕСЕН ЛИ СИ !!!!!

Абутовиќ, кањелас (искуство и смиреност шо ти значат !!!) и џинот Мораеш, таа тројка искина во одбрана !!![DOUBLEPOST=1496666939][/DOUBLEPOST]
Кога стигаат на плоштад, вечер во 23 на аеродром, па ваљда на плоштад или утре ?

како шо пишеше по медиумите денес најверојатно заминуваат за Дортмунд и утре од Дортмунд летаат за скопје... летот им е во 8:50 со wizz air и ќе стигнат на аеродром околу 11:15 значи сабајлето (не 23:15)... според мене ова доста паметна работа им е зашо летот од Келн им е доцна вечерта и ќе треба во Скопје да стигнат во 00 30 на аеродром, а вака стигаат во разумно време и полесно ќе е да се организира и дочекот :)
 
Последно уредено:
Вредно за споменување е и украдените топки на Дибиров и Шишкарев. Сигурно и за тоа најголема заслуга има Раул, ептен добро ја имаше анализирано играта меѓу бековите на ПСЖ. Најчесто нивни акции им се со вкрстување или двојно вкрстување на бековите, па некој од Хансен или Ремили ја пука од прво. Втора најчеста акција им е кога со тоа вкрстување, топката не оди назад кај бековите, туку Карабатиќ најчесто прави лажњак и топката оди за пикер.

Е тоа беше ептен добро скоцкано и од Раул и изведено на терен. Првин ептен одлично им ја затворија играта за пикер, и како што реков после тоа со тие украдени топки на Дибиров и Шишкарев. Ептен добрo им ја читаа играта, речиси секое поризично подавање беше или украдена топка или техничка грешка.

Уште еднаш ќе речам, секоја чест за Раул. Одлично го имаше сработено тоа, а уште подобро го изведоа играчите на терен.
 
Последно уредено:
До оваа година, победникот во Евролига исто добиваше по 500,000 евра, во далеку поплатен и покомерцијален спорт, така што воопшто не е малку. :)
Bashka od TV prava sigurno ima dobra parica
 
Во групата "Ракометни Вести" на фб пред 40 минути објавија точни локации и време на тргнување.
 
А на плоштадот кое време треба да се одприлика? :)
 
Конечно вистински шампиони, и вистински триумф повод за славење.
Честио нека ни е на сите.
Ој Вардаре македонски......
 
Fala mnogu druze.Samo loso malku samo 3 avtobusa
Може се само од три места за тргање, а би требало да пуштат повеќе автобуси. Колку што ми текнува за кошаркариве цел паркинг кај Борис Трајковски беше пун со двокатни автобуси.
 
Може се само од три места за тргање, а би требало да пуштат повеќе автобуси. Колку што ми текнува за кошаркариве цел паркинг кај Борис Трајковски беше пун со двокатни автобуси.
Дај боже братче така да е,многу сакам да одам.
Инаку,ќе пишам тука ќе пишам и во фан клуб,ќе оди некој утре со бус,да се организираме некако да одиме заедно?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom