Денес започнува 5тото коло,со мечот
Фленсбург-Висла
Врањеш како по обичај си тера со старата тактика на ШТЕДЕЊЕ НА СИЛИТЕ,и давање шанса на втората постава Ване и Радивојевиќ на крило,голманот Мелер,Годфирдсон и Џорџич на бек итн.
Можеби патемен потег беше,реално со ПСЖ во гости дури и со лауге во постава тешко ќе добиеа,кога сме кај Лауге фали доста другарчето,без него како шуплива е левата бековска позиција.
Висла од друга страна по блескавата игра со Веспрем ги турна гаќите во Данска,беа прегазени од Силкеборг,неочекувано според мене.
Денес победата за Веспрем е императив,со само 3 бода по 4 кола тешко дека ќе се докопаат до нешто повеќе од 5то место во група,можеби и 6то,па ќе мора да тепаат,друго чаре нема.
Би требало да тепаат прилично лесно,иако Висла е незгодна екипа и би требало да пружи некаков отпор.
Сабота
Бешикташ-Хослтебро
Овие Бешикташ вака така се докопаа до 5 бода

,НЕ БЕЕЕЕ

Изненадија со Мотор,барем мене ме изненадија,искрено не очекував дека Мотор пак ќе се избламира на гостување,ама изгледа и тие имаат комплекс наречен ГОСТУВАЊА,а и само 45 гола на цел меч се уште едно поголемо изненадување.
Ќе видиме сеа со Данците како ќе се покажат Прибак,Дачевиќ,Нинчевиќ,еве Вражалич го зедоа сезонава(иако мислам дека другарчето требаше да се проба во некое појако првенство,не му е местото него во Турција)Озбакар пикеро е многу добар,првата турска звезда Доне итн,,вака така Балканското лоби го крена Бешикташ,играчи кои не можеа да си најдат место во појјаките лиги секако намамени од добрите плати еве ги покажуваат некој квалитет во ЛШ,во една сосема коректна група,веќе по првите 4 кола од авион се гледа дека Нант е класа над другите,сите други освен Холстебро ќе се борат за тоа второ место.
Веќе штом успеаа да скинат 3 бода од 2 кола значи сами си ја наметнуваат улогата на фаворит,би требало да тепа овде Бешикташ,овие Данците појма немат,ги гледав малку со Нант,за грев се.
Како успеаа оние да бидар пред Скјерн и Колдинг сеуште не ми е јасно.
Татран-Медведи
И оваа е заебана текма,Татран се изгуби со Елверум,не знаеја кај се,посебно по периодот од 45+,толку се изгубија шо едвај еден гол дадоа за 10 и кусур минути,25-23 водеа,играч плус и на крај изгубија дрвата со 27-25

,џабе на два наврати и играч плус и се.
Со Медведи очекувам слична приказна,Медведи ми се некое исто ниво со Елверум и тие би требало да се фаворити овде,ама и тие се нестабилни,се бива овде,би требало Медведи да се поблиску до победа,посебно ако ги натераат на доста грешки во одбраната суртуците од Татран,подобро технички потковани се Русите,имаат играчи за дуел игра,исто како и Елверум кој им одржа лекција по паметен ракомет на Словаците,е па сеа не е секој противник Металург да се насади на истурена одбрана и да не мрда,ако излезат подлабоко Словаците има да ги масакрираат,посебно од пикер,пикерот на Елверум МОТМ беше,се изнаигра.
Динамо-Нант
Дерби на групата,иако Динамо ептен е паднат во форма,освен Ецтеки како да застанаа сите и никој ништо не игра,средниот бек Пјер Раго од Франција мрда малку,добар техничар,другите на одмор се,и голманите не успеваат да ги вадат,а и не можат зошто играат криминално лоша одбрана.
Не ми се верува да имаат нешто посебни шанси со Нант,иако ќе има полна сала и страшна атммосфера,секоја чест,најдобра атмосфера во ЛШ(засега).
Можеби ако публиката напрај некој притисок,па да има некоја тензија и на терен иначе многу тешко.
Нант си гази во групата,иако можеби и за нив не би било добро да се први,зошто ако заврши Монпеље како втор во другата група ќе налетаат на нив во баражот,и оваа комбинација е во игра

Можен е некој кикс,сепак квалитетот е далеку на страната на Нант,ако не се дупат ќе тепаат и овде.
Мотор-Брага
Мотор ти е екипа како Металург,дома едно лице и можат да изиграат (речиси)со секој МАШКИ,а на гости се губат тоталка,а не се воопшто лоша екипа,Киреев е опасен млад голман,голем поотенцијал,Шелменко на десен,Маласинкас и Пуковски на среден,Калараш пикер,Сорока замената за Дибиров во Русија на крило,Украинските надежи Жуков,Буненко ВИСОКИ ЛЕВАЦИ СУРТУЦИ,Кубатко десното крило,сите овие ќе ги гледаме против Македонија.
Не ми е јасно како не успеваат да се покажат добро на гости,дома се јаки,оваа треба да е чист кец,Брага игра РАН ЕНД ГАН РАКОМЕТ,без одбрана,па овде ќе тепа оној шо ЌЕ ИЗИГРА ПОДОБРА ОДБРАНА,а како поумешни ги гледам русите,пред се заради голманот и домашниот терен,последна шанса за Мотор да фати приклучок во групата,реално по квалитет треба да се веднаш зад Нант.
Кил-Кадетен
Не вреди да се дискутира за оваа текма,ќе ги убие Кил оние босите,освен неколку играчи се друго е за ЕХФ куп,кој им дал на оние дрва место во главните групи бе?
Еден СТ Рафаел ги избркаа да не игра ЛШ,за да играат овие дудуците

,МАФИЈА БЕ МАФИЈА.
Кристианстад-Цеље
Ова е свовидно дерби во групата,како тргнале имаат солидни шанси и двете екипи да лапнат некое од долните места кои водат понатаму,со оглед на рашмонијадата во Загреб.
Како постабилна екипа ги гледам Швеѓаните,пред се дисциплинирана,се гледа ОЛА ЛИНДГРЕН ефектот,нема лабаво,не се она РАНДОМ ИГРАЧИ,сигурно има некои филтри кои треба да ги поминат играчите за да дојдат дотука,домашен терен,бучна публика,полна сала,расположен Симиќ кој е во форма,за разлика од голманите на Цеље кои се еден од најслабите делови од тимот,иако не се криви тие,ништо не игра од одбрана Цеље сезонава,дупка се.
Не ми се верува овде да извлечат нешто,и Швеѓаните се свесни дека ова им е шансата и ќе испуцаат јако,треба да е кец оваа.
Барселона-Веспрем
Дерби на колото и на викендот,Барса успева да се одржи,иако чкрипеа со Кил и Фленсбург,засега се непоразени,,Веспрем од друга страна се во понезавидна позиција,две нерешени игри,неколку повреди на Ласло,Копљар,Слишковиќ ги изреметија малку,се скрати таа ротација,па зависат од голманите премногу и од Палмарсон во напад.
Со Кил изиграа АНТИЧКИ РАКОМЕТ,и успеаа само со одбраните на Миклер да тепаат,во прво изненади Анчин па имаа некоја игра,во второ беа криминал тежок,8 гола дадоа,повеќето или од пенал или од пикер и една контра на Маргуч,со Барса со ваква игра нема шо да бараат.
Иако и Барса е сеуште непознаница,а и неблагодарно е да се игра против Веспрем,и со редуциран тим се страшен тим,пред се искусен,и ја казнуваат секоја можна грешка,посебно ако ја задржат Барса на некој минималец,оние ПИТ БУЛИТЕ ВО ОДБРАНА ШО ГИ ИМААТ ГИ НЕМА НИКОЈ,ТЕРЗИЌ,ШУЧ,РЕНАТО


плус ако има ден голманот ете ја утакмицата.
Интересен меч,типувам на некоја победа на Барса,од 2-4 гола,сепак преискусен тим е Барса да дозволи изненадување,иако се е можно овде,сепак навивачки 1.
ППД-Вардар
Толку од ВУЈО МАЈСТОРЕ,жртва на системот беше Вујо,според мене грешка на Загреб,ако можеше некој од оние незналици од типот на Јосип ДРВОТО Валчиќ,Вујиќ и компанија да извади нешто беше само Вујо,сеа со експериментирања се знае до кај ќе стигнат,или ќе го враќаат ГОЛУЖА

,или пак ќе бараат некое решение од надвор,се шпекулира со Владимир Петковиќ,екс тренерот на Борац Бања Лука,шо освои КУП НА ЕХФ,пред 20и кусур години.
Но со заминувањето на Вујо тешко дека ќе се издигнат барем не викендов,на гости им доаѓа најнезгодниот противник,ако не СИ ЈА НАМЕСТИ САМ УТАКМИЦАТА САМС не гледам како би извадил Загреб нешто повеќе.
Без ротација на бек,без употребливи топки за Вори,без таа јака одбрана која го красеше Загреб години наназад,Вардар со цела таа ширина на ростерот треба да се прошета во АРЕНАТА.
Ај барем добри

ќе видиме,какви само

одат да се селфираат страшно нешто

,ако ништо друго барем оди некој во арената,ако не можат да видат ракомет барем забава има.
Ако не се заебава Вардар и да не влезат во некоја конфузна игра со грешки ќе си добијат лаганица од 1-4 гола,без проблем.
НЕДЕЛА
Силкеборг-ПСЖ
Ќе си ги ишлапа лесно Париз Данците,иако ќе дадат некој отпор овие,не се боса екипа,ако ги потценат знаат да влезат во некој ритампосебно ако не внимава ПСЖ на одбраната,ама квалитетот е класи на страна на ПСЖ,ќе добијат.
Сегед-Мешков
Дерби на колото,Мешков на турнејата низ Балканот успеа да ја оствари целта,си го ишлапаа Загреб,си се дупеа со Нексе и си го сркнаа

,сеа претстои вистински тест за силата на Мешков.
Во Сегедин тешко дека така ќе поминат,посебно како шо му гори на домаќините,треба да е кец оваа,не ми се верува трета текма со ред Пастор да ја еби дома,ај Киелце беше прејак иако можеа далеку повеќе со нив,ама Мешков нема шо да бара во Унгарија иако ќе пружат еден јак фајт,опасен тим се,но сепак апсолутна предност за Сегед,е сеа многу ќе зависи дали ќе игра Горбок,ако не игра овај можно е да има проблеми,Бодо сеуште е зелен за да го замени како треба,исто и Обрановиќ не е некој изразит квалитет,посебно против горостасите во одбраната на Мешков како Кристопанс и Шумак,тука и кепецот Скубе ќе видиме како ќе се снајди,со Вардар искина Хобитот,по,по играње,каков квотербек во НФЛ беше,уствари повеќе како плеј во баскет со тие негови луди додавања до пикер,опасен плеј,класичен организатор на игра.
Ќе видиме како ќе оди,според мене чист кец е оваа.
Елверум-Ла Риоја
Отворена текма,посебно по бламажата на Ла Риоха со Античките,а Елверум влезе во форма,значи не била случајна таа нивна добра игра со Монпеље,многу опасен тим во игра еден на еден,страшно движење на топка имаат,и сеуште не ми е јасно како успеа Металург ДА ГИ ХИПНОТИЗИРА НА САМО 17 ГОЛА,свеста им ја зеде стариот.
Ова е меч на две јаки на техника екипа,и Ла Риоха има свои големи адути,Качеда е опасен среден,страшна техника ,Виго секако,Лангаро страшен пуцач,за брзо онај ќе оди во некоја многу појјака екипа од Ла Риоха,каков само шут има,движење,а Бразилец

Најслаба карика на Ла Риоха се голманите,ако успеат да фатат нешто ќе се држат,ако не тешко ќе оди,нападот на Елверум е опасен,ако не стегнат одбрана Шпанците секој резултат е отворен,не ме чуди и нулата со Медведи на Ла Риоха,и кај нив е присутен комплексот гостински терен,треба да е интересен меч,Шпанците за нијанса се подобри,ама и Елверум не се без шанси,посебно ако ја повторат онаа комбинаторика во играта од последните 3 меча,50-50% се шансите овде.
Монпеље-АНТИЧКИ НАПАД
Која комедија ќе е оваа за гледање,ќе ги попари Монпеље,јас не знам онај Лино шо ги тренира сериозно?Сигурно не напад.
Не е можно онаков напад да имаш,нема научно објаснување за онаа неигра,толку многу грешки во напад нема ни во Македонска Супер Лига РЕГУЛАРЕН ДЕЛ.

Она нешто е криминал тежок,а имаш играчи кои сигурно под 2500 еура не се,екипа како Горење,чист полупросек од ЕХФ куп да те гази онде е резил,уствари е реалност до кај е Металург во моментот.
Кога стигна еден Драгаш да им дели лекции како се шутира под притисок,или еден Обрадовиќ од втора француска лига да е лидер на екипата јасно е се,додуша добар е кославиот,засега вистински лидер е,без него ништоа и Драгаш ако не беше ни ќе ја тепаа Ла Риоха ни ништо.
Нелоски како почуден игра,самодоверба во МИНУС,Талески по таа симултанка со Елверум го снема,си се врати на неговиот вообичаен просек од 2-4 гола,Фитилот чат пат игра нешто во напад.
Ако не е Арсиќ џабе и одбраната,тој е клучниот фактор.
За мечот со Монпеље се под 8 разлика е успех за оваа екипа,и дадени над 20 гола,трето нема.
Па нека се спрема чиката барем дома да ги изненади,како маѓепсната е салата во Скопје сериозно,екипи како Вардар,Мешков,па и Ла Риоха како почудени играа,зошто да не и Монпеље да не изгуби во Скопје,барем ова го можат,а во гости освен екскурзија нема на шо да се надеваат,не знам јас дали едно гостување ќе добијат до крај на сезона во СЕХА,камоли во ЛШ,освен можеби Извиџач ако го тепаат.

И на крај
Киелце-РНЛ
Иста приказна како Фленсбург е РНЛ,дури бетер,тежок криминал од екипа.
Иако како по обичај секогаш играат накуречено со јаките екипи кога се аутсајдери,очекувам таква некоја игра и во недела,ама реално нема шо да бараат во Полска,со онаа игра на Киелце немаат на шо да се надеваат,само да внесат некоја неизвеност во дуелот,треба да тепа Киелце сигурно овде,не ми се верува Талант да им поклони бод(ови)на оние шалабајзезите њемачки,кец чист.