B
BooBojan
Гостин
КОБИ но во последно време почнувам да станувам голем фан на ѕверотињата Режон Рондо!
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Абе Хори 7 прстени има а Џордан 6. Значи Хори подобар е ?
^ Штом го мешате Данкан морам да одговорам.
Да се разбереме омилен NBA кошаркар е прашање на вкус. Значи некого може омилен кошаркар да му биде и Монта Елис и тука нема ништо спорно. Е сега ако зборуваме кој е подобар тогаш тоа е друго прашање (доста дискутабилно). Ти на пример Карл Мелоун го ставаш пред Гарнет и Данкан, според мене Данкан е најдобра 4-ка која играла во NBA. Не само поради фактот што има освоено 4 шампионски прстени (бидејќи и Миличиќ има освоено еден), туку поради тоа што тој е разликата која придонесе Сан Антонио од просечен тим да стане шампионски. Нешто што не му успеа ниту на Дејвид Робинсон. Вистински лидер на теренот, одличен и во напад и во одбрана. Човек кој секогаш ја превзема одговорноста. Тој е најзаслужен за 4-те шампионски титули на Спарси. 3 пати прогласен за MVP на финалните натпревари, 2 пати MVP на регуларната сезона и уште ред други признанија (да не ги наведувам). Фактот дека Мелоун не успеа да ја предводи Јута до шампионски прстен е голем минус за него, бидејќи најдобрите (Michael Jordan, Magic Johnson, Kareem Abdul-Jabbar, Larry Bird, Kobe Bryant, Shaquille O'Neal, Tim Duncan и останатите) имаат освоено титула (причина поради која и Леброн го напушти Кливленд). Тоа е само уште една од причините поради која Данкан би го ставил пред "Поштарот".
Во таа конотација "V-United" ти спомена за прстените.:smir:
Во ред, сфаќам шо сакаш да кажиш. Али, ги однесе 2 пати во финале. Не знам дали си ги гледал натпреварите, два пати финалните серии завршија 4-2 ама беа максимално изедначени.
И тука во цело објаснување пропушти еден најбитен фактор. Мелоун како противник го имаше Џордан, најдобриот на сите времиња. Ко ќе додајш дека го имаше и Пипен како соиграч и Џексон за тренер ... мислам дека ми ја сфаќаш поентата.
Имаше интересна дебата пред некое време на ТНТ ОТ, не знам дали ја имаш гледано. Кени и Чарлс дебатираја колку прстени ќе имаја останатите големи тренери, особено Слоун, доколку не беше Фил Џексон.
Инаку, да се разбериме, и јас го клавам Данкан во најдобрите крилни центри на сите времиња![]()
Мајкл Џордан и Шекил О'Нил од детството , иначе сеа не гледам кошарка..
:kesa: Од детство а? Мајкл Џордан ја заврши кариерата на твоја 2 годишна возраст.
Иначе он топик, омилен ми е Винс Картер дефинитивно. Многу поштовање и до Двејн Вејд, страшно ми се допаѓа како игра.
Јас на пример не се сложувам дека Данкан е резликата која направи Сан Антонио од просечен тим да стане шампионски. Верувам дека знаете со кој играше Данкан, со кој играше Гарнет. Така да нема шо да ги споредуваме гледајќи ги нивните тимови. Признанија имаат и Карл Мелоун и Кевин Гарнет ехее, еден тон. Чисто да споредиме напад-одбрана, скокови, подвижност, експлозивност, мислам дека Гарнет е подобар од Данкан.
--- надополнето ---
Доста битен фактор. Да играш против Џордан, не Данкан и уште 2ца како него нема да можат да го сопрат. А и да се разбереме, и јас го ставам во најдобрите крилни центри, али позади КГ.
Другар КГ е далеку зад Данкан и Мелоун. Види каде сакаш интернет сите дебати за најдобар крилен центар се помеѓу Данкан и Мелоун. Гарнет никогаш ја немал силата на Мелоун ниту лидерството и прецизноста на Данкан. Не знам како можеш да носиш клошар како Гарнет во потпис. Пред се треба да бидеш човек. Пред некој месец имаше изјава кога го споредуваше мислам Влиануева со болни од леукемија. Јас лично како животен фан на Јута се навредувам кога го споредуваат Мелоун со Гарнет.