Протести низ Македонија (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Ќе чекa oд стрaнците. А пoсле тoa сите зaеднo сoбрaни пред судoт ќе му пoсaкaме среќен пaт нa диктaтoрoт вo зaтвoр.
Diktatorot ima 460 000 makedonski glasovi, Zajko, ke vidime za dva-tri dena, ama nema da bide pod tri cetirieset iljadi albanski.
 
1. Грујо треба да даде оставка затоа што "референдумот" не му успеа.
2. Заев треба да даде оставка пошто сам кажал дека ако еден пратеник помалце има ќе даде оставка, а не еден има два помалку.
3. Народот гласа од денес за утре, и со оглед на образованието и свеста толку се може.
4. Албанците како ќе коалицираат со ВМРО после сите антиалбански изјави и тензии незнам. Односно знам за ДУИ они се тендераши ги заболе нив за некаква си кауза.
5. Влада би требало да прават ВМРО и ДУИ со 61 пратеник, кнап ама ќе ја напраат.
6. СЈО без судство не гледам поента да постои и веројатно избројани им се деновите ако нема поголеми турбуленции во коалицирањата.
7. Ние ќе продолжиме да го дуваме, сега доаѓа на ред егзекуција за сите ветувања и земени кредити. Уште помасовни иселувања очекувам, работа на брод, work&travel и останување на црно, дадилки во Германија итд. Во оваа уште малку ќе ја наречам земја, правдата е селективна и применлива само за неподобниот.
 
Алоо алооо не се работи за 8000 плата, алооо! И мајка ми и татко ми се академски граѓани алооо!

Едно партиско вработување... Биди објективна да му се сневиди. Кажав што беше и како беше.

Се слагам дека треба полошо, требаше СДСМ убедливо да победи.

И не мислев на Скопје 2014, строго сум против и не го подржувам тој кич, ама чим само тоа и само тоа го гледате тогаш немам што да кажам, освен дека тоа е засвоеност и необјективност. И не не сум од Скопје. Од Струмица сум.

И моите се академски граѓани, не добија вработување ни едниот ни другиот ни за време на СДСМ ни за време на ВМРО. Ама се скапаа плаќање нови измислени даноци во времето на вториве пошо нели мора некој да ги рани сите на државна цицка. Се скапа тресење мајка ми дали ќе и дојде инспекција пошо не им крева на повиците од штаб. Една недела после операција се врати на работа јер сори, нема боледување за тебе.
Ја направија државава рај за тие што се за нив, пекол за сите останати. Како да живееме во некој паралелни светови, мене не ми е јасно.
 
Ќе чекa oд стрaнците. А пoсле тoa сите зaеднo сoбрaни пред судoт ќе му пoсaкaме среќен пaт нa диктaтoрoт вo зaтвoр.
Добро е што ве држи хуморот уште.[emoji4]

Sent from my SM-G920F using Tapatalk
 
Џабе плачење. Избори се тоа неможат сите да победат. Јес да во еден момент сите славеа.
 
И има сега официјални резултати? Зашто СДСМ искочи пред влада да слави предвреме?
 
5. Влада би требало да прават ВМРО и ДУИ со 61 пратеник, кнап ама ќе ја напраат.
Ова не бива, а и да бидне - нема шанси да функционира. Немаат мнозинство практично за ништо освен за конститутивна седница, а може ни тогаш. Мислам дека ќе видиме до сега невидено решение сервирано од надвор, за што се плашам дека може да има многу реакции од страна на небањатите.
Со црната кампања за двојазичност и федерализација дпне си напраи и лоша услуга - освен, ОСВЕН, ако големиот патриот паторот си ги потпише сега овие барања и да ги изеде сите го**а само за да си го спаси шу***то што познавајќи го каков криминалец е не би било за чудење.
 
Може во Март заедно со локални пак ќе има и нови предвремени парламентарни избори.
И со тоа, нови пазарења зад кулисите. :D
Јасно е дека и со едните и со другите не ја бива оваа држава, но барем требаше да има промена во оваа држава.
Не за џабе некој кажал, најдобра власт е онаа која најкратко владее. А не цела деценија некој владее.
 
Очигледно не разбирате што се случи вчера. ДПМНЕ доживеа бродолом. Од партија која штелуваше избори, која го имаше узурпирано медијмскиот простор и изборниот циклус во целина, стана партија на очајници кои се борат за гол живот.
Она беше изборен дебакл. Изгубија од Заев кој како лик е непопуларен во Македонија, и од Шеќеринска која само мајка и ја сака.

Разбирате? Од Заев и Шеќеринска изгубија. Никој не ги сакак повеќе. Грујо е веќе минато.
 
Како изгубија? Имаа повеќе поени од СДСМ?
Извини не сфаќам, како изгубија :D
 
Еве на тебе ти пречи вмро затоа шо најверојатно живееш во град каде што го пустошат со години.
На Ставро му пречи двојче кој е заглибан до гуша во криминал , и од тука ќе гласи и за црниот ѓавол само да е против режимот.
Епа и на мене исто ми пречи и создава одбивност и омраза да го гледам Заев 12 години како стануваше ага во Струмица со порше од 300 илади евра , и узурпирана секоја поголема фирма со тендери од неговите полтрони.
Од сопствениот двор се создава слика.

Јас искрено во Струмица не сум бил скоро, но ми рекле дека Струмица за Битола е Монте Карло во моментов. Не разбирате што и се случи на Битола. Најголемите опинци, најнеписмените ликови испливаа на површина. Од град кој беше алтернатива во Македонија, кој цветаше со живот, го претворија во град на духови. Битола кога јас бев основно имаше околу 90 000 чители, сега нема повеќе од 55 000.

Кога бев помлад на познатото битолско корзо не можеше да се разминеш од луѓе, денес кога ќе излезеш во град мислиш дека имало атомски напад.
 
И моите се академски граѓани, не добија вработување ни едниот ни другиот ни за време на СДСМ ни за време на ВМРО. Ама се скапаа плаќање нови измислени даноци во времето на вториве пошо нели мора некој да ги рани сите на државна цицка. Се скапа тресење мајка ми дали ќе и дојде инспекција пошо не им крева на повиците од штаб. Една недела после операција се врати на работа јер сори, нема боледување за тебе.
Ја направија државава рај за тие што се за нив, пекол за сите останати. Како да живееме во некој паралелни светови, мене не ми е јасно.
I wouldn't agree that much about the last one. Познавам најмалку 3-4 луѓе кои што отворено се СДСМ, вработени во јавна установа и плус по некое “бизнисче“ на страна. Појди и види ги како живеат, со по еден-два стана и тоа нови купени во ова време на диктаторски режим, нови коли, скапи телефони... НЕ велам дека крадат или било што, едноставно се снашле.

Ако не се даноците ќе нема ни држава, simple as that. Така функционира општеството со векови.

А, ако не се лажам, даноците се знатно намалени од 2006 наваму. Поправи ме ако грешам.

Или испрани мозоци?

На државата се'уште и требаат реформи и реформи, ако по некоја теорија дојдат СДС на столчето, наскоро ќе нема ни држава, ако останат ВМРО се надевам дека ќе ги променат работите на подобро. Колку толку. Јбг не може да очекуваме преку ноќ Швица, оти кога требаше да се работи како што треба, почитуваните лица од СДСМ гледаа да испокрадат и заработат колку можат додека можат.
 
Вчера у Сител беше најјако, мислиш комеморативна седница праат за Ѕинго. На пираната (Каракамишева) меурчиња од плуканка и се правеа на краевите од устата кога се пењавеше.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom