И моите се академски граѓани, не добија вработување ни едниот ни другиот ни за време на СДСМ ни за време на ВМРО. Ама се скапаа плаќање нови измислени даноци во времето на вториве пошо нели мора некој да ги рани сите на државна цицка. Се скапа тресење мајка ми дали ќе и дојде инспекција пошо не им крева на повиците од штаб. Една недела после операција се врати на работа јер сори, нема боледување за тебе.
Ја направија државава рај за тие што се за нив, пекол за сите останати. Како да живееме во некој паралелни светови, мене не ми е јасно.
I wouldn't agree that much about the last one. Познавам најмалку 3-4 луѓе кои што отворено се СДСМ, вработени во јавна установа и плус по некое “бизнисче“ на страна. Појди и види ги како живеат, со по еден-два стана и тоа нови купени во ова време на диктаторски режим, нови коли, скапи телефони... НЕ велам дека крадат или било што, едноставно се снашле.
Ако не се даноците ќе нема ни држава, simple as that. Така функционира општеството со векови.
А, ако не се лажам, даноците се знатно намалени од 2006 наваму. Поправи ме ако грешам.
Или испрани мозоци?
На државата се'уште и требаат реформи и реформи, ако по некоја теорија дојдат СДС на столчето, наскоро ќе нема ни држава, ако останат ВМРО се надевам дека ќе ги променат работите на подобро. Колку толку. Јбг не може да очекуваме преку ноќ Швица, оти кога требаше да се работи како што треба, почитуваните лица од СДСМ гледаа да испокрадат и заработат колку можат додека можат.