Девалвација?

  • Креатор на темата Креатор на темата lans
  • Време на започнување Време на започнување
Најдобра опција е флуктуирачки.
Освен во случај на "релативно мала економија, "крајно(TM)" зависна и врзана со економијата на ЕУ". Тогаш имаш курс ко нашиот. Де јуре - лизгачки, де факто - врзан. Скоро и да не постои сценарио во кое лизгањето во однос на ЕУР има некаков бенфит за нас(како држава, не зборувам за поединци).

Погледни на 5-та страна,ќе ти стане јасно зошто позицијата која ја држиме е најдобро можно сценарио кога "сѐ" ќе се земе предвид.
 
Санкциите од ЕУ се шпекулација
сега му е мајката да се шитнат евра по 63, ако дава некој:D
[DOUBLEPOST=1461698979][/DOUBLEPOST]
Што се замараш со него, очигледно е во странство па сака кога ќе дојде да менува 1еур-100ден.
јасќе им продавам евра и по 65 мкд...:cool:
Туку имаше пред неколку години, нашинците од Австралија се налутиле како може АУС $ да пага во однос на мкд денар... па им одговараа луѓe, бујрум сменете го аус $ во некоја ЕУ држава па дојдете со евра :P
 
Последно уредено:
Многу паника се крена деновиве кај нарадот и ако продолжи вака сами ќе си ја направиме бељата. Многу брзо почнаа луѓето да ги вадат своите штедни влогови од банките и да ги конвентираат во евра или купуваат злато со тие пари. Мајка ми која работи во златара вика дека побарувачката на злато драстично се зголемила.
Се додека не почнат фирмите да ги вадат парите од банка е добро, ама ако почнат и они тогаш дефинитивно кризата е неизбежна. Но како што гледам и тие почнаа по стапките на народот. Вчера на еден мој роднина кој има појака фирма му рекле од банка да денарите да почне да ги инвестира зошто можна била девалвација. Реално потегов е чуден бидејќи банките при ваква ситуација треба да пробат да ги задржат парите кај нив. Единствена причина да дадат банките совет на некој да ги извади денарите е тоа да девалвацијата е неизбежна.
 
Во моментов (и да е точна "шпекулацијата") сами ќе направиме депрецијација. За девалвација треба да излезе "господин господин" Гувернер на НБРМ (дај нека сменат име во Централна Банка на (Република) Македонија - ЦБ(Р)М) и да каже дека ќе се случи такво нешто. Генерално и двете се иста работа, само начинот на појавување е различен. Најголем виц во целата работа е што имаме правници во финансов сектор, економисти во обвинителство, стоматолози во пазарен инспекторат...И новинари со "доверливи извори". Сѐ на куп = официјализирање на рекла - казала муабети.
 
Каква девалвација со 2.2 милијарди евра девизни резерви ? Ја колку што сум запознаен, а сум економски лаик, едино нешто шо може да се деси ако се зголеми побарувачката за евра, е да се покренат каматите на денарските депозити, а со тоа и на кредитите. МА ДА, банките се преполни со пари, крцаат. Мислам дека нема шанси да се деси девалвација.
 
Каква девалвација со 2.2 милијарди евра девизни резерви ? Ја колку што сум запознаен, а сум економски лаик, едино нешто шо може да се деси ако се зголеми побарувачката за евра, е да се покренат каматите на денарските депозити, а со тоа и на кредитите. МА ДА, банките се преполни со пари, крцаат. Мислам дека нема шанси да се деси девалвација.
...точно така.., полни сме ко танкер со лесна нафта....
Не може да потоне, само ако не пукне на шавови. Тоа е она што се тежи со ваквите рекла- казала девалвациони муабети и разноразни обоени вандализми...да попукаме на некој шав...:sneaky:
 
Настрана политика, банкарскиот сектор ни е доста здрав.Баш пред некој ден видов станбени кредити со 10 години фиксна камата од некојси 5.5%. Пак ќе речам, лаик сум, ама пари у банкиве има. Копилињата толку добро се пазат да шанси нема да падне денарот. Начукаа 11.25% камата на картици, а 2% на депозити и само штекаат кеш.
 
Настрана политика, банкарскиот сектор ни е доста здрав.Баш пред некој ден видов станбени кредити со 10 години фиксна камата од некојси 5.5%. Пак ќе речам, лаик сум, ама пари у банкиве има. Копилињата толку добро се пазат да шанси нема да падне денарот. Начукаа 11.25% камата на картици, а 2% на депозити и само штекаат кеш.
Не знам каде си гледал такви кредити со толку ниски камати, ама по се изгледа се поврзани со буџетските средства од проектов купи куќа... Не можеш да кажеш политика настрана, нели?
Поважно: комерцијални банки не одлучуваат по кој и каков курс ќе се движи денарот во однос на другите валути. Тоа го прави НБРМ со одлука (девалвација/ревалвација) или самиот пазар (депрецијација/апрецијација). :)
 
Не знам каде си гледал такви кредити со толку ниски камати, ама по се изгледа се поврзани со буџетските средства од проектов купи куќа... Не можеш да кажеш политика настрана, нели?
Охридска Банка. Разгледај, имаше и на билборди. Глеам кредити па ми падна во око.
http://www.ohridskabanka.mk/stanben-kredit-10g-fiksna-ks.nspx
 
image.jpg
Што се нервираш? Толку ја следиш курсната листа. Лани за прв пат по 2007 година фунтата рипна над 80 денари.
некој црнчел за тие фунти брат, зошто да некои „курсисти“ ни јадат 1000ка на секои сто фунти кога таму вредноста е иста...
 
Последно уредено:
Според мене, ММЕ кој прв почна. Прво, темава е отворена во недела со Imalo nekoj status na Todor Petrov na FB i rekol... Ниту Тодор Петров го поштовам, ниту рекол (лесно се проверува дали рекол или не на ФБ). После по медиуми прат анкети со полуписмени луѓе за теми и овие одговараат со "ne veruva` deka ke bidi taaka, ama ako ripni, ke bidi n`uboo" и "Ами јас немам пари, и да рипа, чуму ми е", следна во прилогот е вработена во менувачница ("Ида луџево, и ние му и продааме, ама поче ни бараа, ние му ги дааме по шејс два, ама немаа банкиве и ги врајчаме"). Следно СДС се фаќаат, викаат Богов и Ставрески играле некое оро и дувале или мочале спроти ветрот. После нив пишат Сител и Курајбери, дека Бранко е крив, мамицата во газо. На крајо излегва Богов (ко шумаро, во приказната) и ги избрка сите. Да глеа чоек и да не знај дали да плачи или да се смеј. До таму е работава.
 
Овие шпекулациве со денаров се исти ко шо се дешават во САД за доларот. Имат безброј јутуб видеа шо тврдат дека доларот ќе паднит на 28.05.2016. Сите имет наслов „доказ за падот на доларот на 28.05“, а фактички не нудат никаков доказ туку некој економски теории шо држет вода ама ништо конкретно поврзано со овој датум и на сите целта им е луѓето да инвестирет во сребро или во злато.

Денаров мојт да девалвират ако сите купват странски валути. Со то се намалват државните резерви, а се зголемват денарите во оптег и НБРМ немат да можит да го одржвит курсот на денарот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom