Барање на саудијците е да се затвори Ал Џезира, да се затвори турската база во Катар и да се прекинат дипломатските односи со Иран...и други барања, меѓу кои она класично американско "да престанат да спонзорираат тероризам" што многу кажува, затоа што до сега се користело за места на чија нафта/гас се намерачени. Катар ништо од ова не превзема.
Точно е. Во Катар има огромна база на САД, која е главното место од каде што се интервенираше во Кувајт и Ирак. Ама ете и Инџирлик е во Турција, па какви се сега односите меѓу Трумп и ердо...потсеќаат на нашето тврдоглаво паторче и двајцата (тоа е тој "десничарски ков", ловци на најретардираниот дел од гласачкото тело).
@Terroir прочитај убаво, никаде не напишав дека саудијците се против САД, туку напротив, посебно републиканците и кланот Бушовци. Е сега, односите им се различни со секоја од државите поединечно. Во голем дел се тотално управувани и тоа од Британците, кои од времето на колониите ги држат врските, но со Катар е специфично. Катар е во таква позиција и затоа што го поседува најголемото поле со природен гас во светот, поточно го дели со Иран и има инвестирано огромни пари во технологија за негово претварање во течна состојба. Блискоста со Иран, не би да тврдам, ама често овие емири имаат мешано или воопшто иранско, а не арапско потекло, тоа е случај со тие од емиратите. Меѓутоа, главната идеја се петро-доларите чија вредност паѓа со интензивирање на размена на енергенси и пари меѓу земји што не го играат САД.
Улогата на саудијците во целава прича е најпатетична и срамна за самите нив...ама не е темава за нив.[DOUBLEPOST=1534453704][/DOUBLEPOST]
И што им останува на Русите да одат контра сиот свет сами ? И да им го препуштат на Американците целиот Блиски Исток под нивно влијание. Јасно како ден е зошто одат во таа анти САД коалиција на чело со Иран па и Турција поради курдите. Тука лежи зајакот и зошто Американците сега го вршат овој притисок врз Ердоган, ги подобри односите со Русија почна да купува нивни против воздушни системи, седнува на маса со Иран и Русија и ја крои мапата на Сирија додека Американците се изолирани од тоа прашање. И кога веќе сме кај радикалните друштва да те потсетам дека главно милениче на Американците се баш тие - Саудијците, дури и во тој фамозен 11 Септември учествуваа 15 државјани на Саудиска Арабија и 2 на Обединетите Арапски Емирати а не државјани на Иран кои Трамп сака да ги преставува како лоши цело време.
Русија има многу изгубено на блискиот исток. Многу секуларни држави се претворија во каша, а овие со владетели не проаѓаа во тој, пред се', идеолошки принцип на сојузување.
Јас не ја критикувам Русија дека не треба да си брани свои интереси. Од принцип ќе кажам дека е добро да им контра тег за да не забегаваат јенките во доминација. Меѓутоа, јас гледам од наша позиција. Ние не сме во ниеден руски есап. Пишував и прееска, Балканов е практично отстапен од Русија и само те ловат да ти ја начукаат цефката од нивни гас и нафта, за да може после да те дупат со вентилот.
Они си го одбраа овој модел, во кој еден е водач, тиранин, одлучува за судбини...поранешно царство се, така функционираат за разлика од јенките кај кои вистинските луѓе што ги тегнат конците се во позадина, а фигурата на чело е само фигура. Сепак, во меѓународнава политика, вториве се многу повешти и подобро знаат да контролираат. Блискиот исток е вистински пример за тоа - испарцелиран и закрвен меѓусебно, а тие само кремот си го собираат.