Тоа за температурите сабајлево кажаа во Петар за појадок и пауза

Им се сменило на фаренхајт и онаа Ана водителката не приметила и така 3 дена читала во фаренхајти
Јас само заради Петар за појадок и пауза го слушам радиово. За музиката малку ме нервира што цело време едни те исти песни пуштаат секој ден. Кога веќе спомнав за музиката исто ме нервира што не пуштаат некој песни што се хит бидејќи нив не им се свиѓаат и воопшто не ги пуштаат никогаш на радио. Тоа пак на Антена 5 е обратно па таму може да се слушне и Џастин Бибер и 1D и новите песни на Ријана.. и нема на тоа радио да слушнеш од некој водител дека не му се свиѓала песната.
Исто така немаат многу емисии, немаат многу водители, а порано екипата на тоа радио беше голема но сега им се разотидоа повеќето во други радиа.