55 метарски крст во Бутел

  • Креатор на темата Креатор на темата Dardan-ia
  • Време на започнување Време на започнување
Очекувајте луѓе од ДУИ да излезат за да го попречат поставувањето на камен темелникот или пак ќе го дозволат, а потоа ќе излезат ќе го уништат, но на крај крстот успешно ќе се крене. (како што беше примерот со црквата во Кале или пак споменикот на некојси србин што беше оштетен ... но и ден денес тие се таму)

Временската прогноза: Во сабота во Бутел наутро ќе се појави магла, а потоа тензичен ветер, кој може да крене камен темелници во воздух, потоа пак магла за да се замати умот.
Да се тие од ДУИ и овие другиве агилни за почитување на законите како што се агилни за дигање и рушење споменици, Македонија ќе беше добро место за живеење и немаше да дремеме на форум и да јадеме гомна, туку ќе бевме по ресторани, ќе шетавме со семејствата насмеани, ќе одевме на концерти и јавни културни настани и никој немаше да се замара кој како се вика, на кој јазик зборува и во што не/верува. Лошиот стандард и сиромаштијата се плодно тло за верски, национален и политички фанатизам. Луѓето со добар животен стандард уживаат во животот, не се замараат со орли, крстови и диносауруси. Ама ако, и ова што ни се случува малку ни е. Колку детски животи можат да бидат спасени со парите од орелир и крстот, колку бездомници можат да добијат кревет, колку родилишта можат да бидат реновирани, колку училишта можат да довијат нагледни средства....? Но што е тоа битно, битно е да сме необразовани, суеверни и влечени за уши од полуписмени политичари. Само во МК избирачот се плаши од избраните, наместо да биде обратно, само во МК спомениците и жртвите се поприоритетни од живите. Оградата на мостот Близнак е корозирана, но побитно е да се смени името отколку да се санира оградата. Во чаир побитно е да се дигне орел отколку да се средат улиците кои пливаат во фекалии.

х
 
Очекувајте луѓе од ДУИ да излезат за да го попречат поставувањето на камен темелникот или пак ќе го дозволат, а потоа ќе излезат ќе го уништат, но на крај крстот успешно ќе се крене. (како што беше примерот со црквата во Кале или пак споменикот на некојси србин што беше оштетен ... но и ден денес тие се таму)

Временската прогноза: Во сабота во Бутел наутро ќе се појави магла, а потоа тензичен ветер, кој може да крене камен темелници во воздух, потоа пак магла за да се замати умот.
За тебе проблем е крстот за мене проблем се неандерталците што им смета и што креваат рака против него. Очигледно на многу ваши им смета и затоа и се ставаат, нели.
 
У Кичево 20м крст "паднал" па сега за инат направија дупло повисок во Бутел а подобро ќе беше да го наместат пак крстот во Кичево кој се гледаше од секоја страна на градот и беше само тој а тука во Скопје направија на секој чекор...
 
Ne si duhovit, samo si mnogu zbunet izgleda.
Sigurno krstot ke go podigne kvalitetot na zivot vo taa naselba, odlicen prioritet.

Не сум духовит, туку продуховен!

Крстот нема да го подигне стандардот во таа населба, ама ќе ги крене веѓите на албанците, што верувам дека тоа и била намерата.
 
Не сум духовит, туку продуховен!

Крстот нема да го подигне стандардот во таа населба, ама ќе ги крене веѓите на албанците, што верувам дека тоа и била намерата.
Мене ми се чини сакаат тензии да кренат...

Слободното пуштање на парите за радикалците во државава и градење на огромен крст пред нивен нос тоа се знае што ќе произведува...
 
Не сум духовит, туку продуховен!

Крстот нема да го подигне стандардот во таа населба, ама ќе ги крене веѓите на албанците, што верувам дека тоа и била намерата.

Koi albanci, onie amnestiranite ili random nekoi?

Nekoj ponazad napisa deka sredstvata nameneti za krst bi mozele da se upotrebat na mnogu poracionalen nacin da kazeme za spas na deca koi se bolni i toa e tocno.

I od hristijanska gledna tocka ova bi trebalo da bide ponizuvacko, krst na kruzen tek be hahhah
Krstot ima svoja simbolika i znacenje, kolku sto znam toj e simbol na iskupenieto i na stradanjeto na bozjiot sin so cel da go oslobodi covestvoto od zloto.
Ok sega nekoj ke lapne i tenderce tuka, ama vazno ke im pokazeme na albancite, ima da krevaat vegji koga vrtat niz kruzniot tek.
 
А до кога само "христијанските" средства имаат подобра намена? "Албанските" средства немаат, или не постојат како средства? Можеби затоа и не се споменуваат. М?
 
У Кичево 20м крст "паднал" па сега за инат направија дупло повисок во Бутел а подобро ќе беше да го наместат пак крстот во Кичево кој се гледаше од секоја страна на градот и беше само тој а тука во Скопје направија на секој чекор...
ušte ne e napreven toj vo Butel... čekaj prvo tender treba... ja predlagam ovoj od kaj Hemisko da go nosat tamu, tuka nema potreba...ima 3 visoki objekti, Krstot e izguben među niv...
 
Јавено за тензии во Бутел.[DOUBLEPOST=1456565607][/DOUBLEPOST]Крст је пробљем, Орао није био.

https://www.facebook.com/muhamed.zekiri/posts/10154688482799466?pnref=story
Бутел под полициска опсада. Земри Ќамили не им дозволува на функционерите и симпатизерите на ДУИ да се доближат до кружниот тек каде ќе се постави камен темелникот за крстот.
‪#‎Кале2‬
10660118_10154688477144466_1876044912180149529_n.jpg

10363332_10154688477494466_3504852498303249668_n.jpg

12803229_10154688477259466_8627609071225020773_n.jpg
 
Овде колку што гледам од лева страна позади бензинската све се жители припадници на едно малцинство кое брои повеќе од 20%, а дали некој знае од десната страна околу школото Живко Брајковски дали повеќето се припадници на мнозинскиот народ? Т.е. дали во населба Бутел (крстов ќе биде поставен пред населбата) живеат мнозинство Македонци или Албанци? Овој левиов дел е доста голем а све се албанци.
 
По Бутел, Ѓорче и Катланово ќе добијат педесет метарски крстови

Во Општина Бутел денеска ќе бидат осветени темелите на крстот што ќе се гради на вркстувањето на улицата „Боца Иванова“ и улицата „Александар Урдаревски“.

Крстот е реплика на оној од општината Аеродром, ќе биде монтажен, висок 51 метар, широк 4 метри, со распон на краците од 34 метри, врз постамент од 5,5 метри и фрески на дванаесетте свети апостоли. На крстот ќе биде изведена инсталација за енергетска самоодржливост, а местото околу крстот ќе биде хортикултурно уредено. Крстот треба да биде изграден најдоцна за два месеца.
krstubutel.jpg

Според информации од Светскиот македонски конгрес, до крајот на годината се очекува исти вакви крстови да бидат поставени и во Ѓорче Петров и Катланово на двата влеза во Скопје. Со ова до крајот на година Скопје треба да има вкупно четири крстови со висина поголема од 50 метри.
http://skopjeinfo.mk/po-butel-gjorche-i-katlanovo-kje-dobijat-pedeset-metarski-krstovi

Иначе ова ми личи на одговор на џамиите што никнаа минатите години како печурки на влезовите на Скопје со по мињариња од над 25/30 метри.
 
Еее а бе нели Ермирче се дистанцираше од Аљи а сега ете ја на блокади прва. Политика...
P.S. меџити да не ја утнал општината?
12798907_1041581955899225_1120303858801454884_n.jpg

P.S. не разбирам зошто мора секогаш албанците насилно да бараат и воведуваат нешто? Еве на пример општина Чаир. Зошто нема официјален предлог за споменик, обележје и тн.? Аргументирано сакаме тоа и тоа ради тие и тие работи? И да се одбие еднаш два пати три пати после може да се глупираш. Исто и со џамиите и со промена на имињата на школите и за ред други работи.
 
Овде колку што гледам од лева страна позади бензинската све се жители припадници на едно малцинство кое брои повеќе од 20%, а дали некој знае од десната страна околу школото Живко Брајковски дали повеќето се припадници на мнозинскиот народ? Т.е. дали во населба Бутел (крстов ќе биде поставен пред населбата) живеат мнозинство Македонци или Албанци? Овој левиов дел е доста голем а све се албанци.
Види ја статистиката само според советниците во општина Бутел, па ќе ти стане јасно колку се и колкаво е нивното влијание.
И ако зборуваме за провокации, тогаш ако џамијата не е доволна провокација, тогаш споменикот во Топанско поле е доволна за дигање на тензиите. Крстов (колку и да е катастрофална идејата за крст на кружен тек) е маргинална и смешна провокација која е дел од некое сценарио и контра-потег за оној споменик на терористите од УЧК. Така да јас не гледам причина за дигање на тензиите, кога веќе поставувањето на споменикот на терористите од УЧК не пројде со некакви инциденти.

Наместо да направат некакви куќи за ромите кај нас (нешто од социјален карактер), наместо да ја реновираат полициската станица, наместо да направат некоја улица, наместо да го расчистат ѓубрето кај и во р.Серава, наместо да го поправат мостот...........тие се фатија за крст (кој за волја на вистината е инвестиција), додека општината се соочува со поголеми и посериозни проблеми. :facepalm:
 
Види ја статистиката само според советниците во општина Бутел, па ќе ти стане јасно колку се и колкаво е нивното влијание.
И ако зборуваме за провокации, тогаш ако џамијата не е доволна провокација, тогаш споменикот во Топанско поле е доволна за дигање на тензиите. Крстов (колку и да е катастрофална идејата за крст на кружен тек) е маргинална и смешна провокација која е дел од некое сценарио и контра-потег за оној споменик на терористите од УЧК. Така да јас не гледам причина за дигање на тензиите, кога веќе поставувањето на споменикот на терористите од УЧК не пројде со некакви инциденти.

Наместо да направат некакви куќи за ромите кај нас (нешто од социјален карактер), наместо да ја реновираат полициската станица, наместо да направат некоја улица, наместо да го расчистат ѓубрето кај и во р.Серава, наместо да го поправат мостот...........тие се фатија за крст (кој за волја на вистината е инвестиција), а општината се соочува со поголеми и посериозни проблеми. :facepalm:
Конкретно мислев на населбата не на општината пошто таму спаѓаат и други населби. За проблемите во општината знаат тие што живеат таму:) Ова не знам колку пари ќе чини иако официјално е проект на СМК.
Еве се потрудил Петров да подобјасни.
Крстот не е симбол на етничките заедници туку на верските заедници. Крстот е универзален верски симбол и на Македонците и на Албанците христијани.

Крстот во Бутел, ниту било каде, воопшто не претставува порака на Македонците против сожителство со Албанците, напротив Крстот во Бутел е симбол на сожителство, бидејќи Крстот колку е македонски толку е и албански, им припаѓа на сите христијани во светот и во Македонија.

Споменикот на ОНА во Чаир воопшто не е повод за Крст во Бутел. Крстот во Бутел не е дивоградба! Светскиот Македонски Конгрес при поставувањето на Крстот во Аеродром во 2013 година, најави ист крст на неколку локации во Скопје. Сега се обезбедени донатори за Крст во Бутел и во согласност со Закон и одлука на Советот на општината Бутел, тоа се реализира.

Патем, се’ уште е актуелно барањето за Албанска Православна Црква во Македонија. Во Република Албанија постои Албанска Православна Црква. Во Република Албанија постои Католичка Црква. Албанци христијани има и на Косово и во Македонија. Крстовите и црквите во Македонија не се антиалбанска конспирација и провокација! Впрочем, 70% од жителите на Бутел се Македонци, 30% од чаирчани се Македонци.

Крстот на локацијата каде што ќе се изгради е патоказ кон вечните почивалишта на упокоените, следејќи го Крстот во Бутел преку Центар и Чаир лесно ќе се стигне до најголемите градски гробишта во Македонија. Крстот во Бутел е благодарност кон упокоените кои не се со нас, но вечно бдеат над нас живите.

Крстот во Бутел е симбол на љубовта и верата во Бога!
 
Последно уредено:
Конкретно мислев на населбата не на општината пошто таму спаѓаат и други населби. За проблемите во општината знаат тие што живеат таму:) Ова не знам колку пари ќе чини иако официјално е проект на СМК.
Ок, јас само гледам генерално.
Инаку ова е како вицот со оџата и попот, само се плашам “колата“ да не биде општината која ќе се претвори во “задоволувачка сила“ што ќе ги задоволува интересите и ќе држи рамнотежа меѓу 2-те страни. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom