55 метарски крст во Бутел

  • Креатор на темата Креатор на темата Dardan-ia
  • Време на започнување Време на започнување
како тргнаа кој поголем да ги има мислам дека врвот ќе е едне изгравиран во планина како прецедателите во америка или споменик како онај над рио. јбг може и како статуа на слободата среде вардар а што велите ? :D
 
Оноа кога не смееш да писнеш за двоглав УЧК орел у Топанско, ама пак сакаш статус патриот, и креваш крст :D какви смешки мајко мајко...
Или она кога ќе те избркат од Косово како куче и уште се трескаш у гради Косово је Србија:D
 
а што праиме па ако има текне на овие комуњариве петокрака од 100 метра да стават?
 
Пошто Сорос ги јаде комплекс, еве ќе го тргнеме Луна Паркот, ќе изградиме таму една Ружа од 100ина метри, дркајте после.
 
Многу членови на форумов и Албанци и Македонци знаат што е политиката на поставувањето на овие споменици. Прво со поставувањето на споменикот на УЧК, па сега како контрирање крст, сакаат овие братството (без ВМРО затоа што не го заслужуваат) ДПМНЕ-ДУИ да држат една тензија на национална нетрпеливост.
 
krst butel.jpg

Todor PetrovWorld Macedonian Congress - Светски Македонски Конгрес
пред 9 часа ·


СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

КРСТОТ ВО БУТЕЛ Е СИМБОЛ НА СОЖИТЕЛСТВО!

Осветувањето на темелите на крстот во Бутел ќе се изврши на 27 февруари 2016 година (сабота) во 11.00 часот. Поканети се сите верници и добронамерници, сите граѓани на Македонија

25 февруари 2016 година, Скопје, Македонија - Светскиот Македонски Конгрес на 18 февруари 2016 година поднесе иницијатива до Советот и градоначалникот на општина Бутел со предлог одлука за поставување на крст на вкрстувањето на улица “Боца Иванова“ и улица “Александар Урдаревски“, на микролокацијата до кружницата кон Градските гробишта.

Советот на општина Бутел врз основа на барањето на Светскиот Македонски Конгрес на 23 февруари 2016 година, со мнозинство гласови донесе одлука во согласност со Закон. Градоначалникот на општината на 25 февруари 2016 година издаде Одобрение за негово поставување.

Осветувањето на темелите на Крстот во Бутел ќе се изврши на 27 февруари 2016 година (сабота) во 11.00 часот. Чинот на осветувањето ќе го изврши поглаварот на Македонската Православна Црква Неговото Блаженство г.г. Стефан Архиепископ Охридски и Македонски, со свештеници од Скопската епархија. Светскиот Македонски Конгрес на чинот на осветувањето на Крстот ги кани сите верници и добронамерници, сите граѓани на Македонија.

Крстот е реплика на оној од општината Аеродром, ќе биде монтажен, висок 51 метар, широк 4 метри, со распон на краците од 34 метри, врз постамент од 5,5 метри и фрески на дванаесетте свети апостоли. На Крстот ќе биде изведена инсталација за енергетска самоодржливост, а местото околу крстот ќе биде хортикултурно уредено. Крстот треба да биде изграден најдоцна за два месеци од одобрението.

Изработката на проектната документација, како и трошоците за поставување и изведување на Крстот е донација од правни и физички лица од земјата. Воопшто не се користат буџетски средства од општината, Градот или Републиката. По изградбата, Крстот ќе биде предаден во сопственост на општината Бутел.

Одлуката во Советот на општина Бутел е донесена со мнозинство гласови во согласност со Закон. Поставувањето на урбана опрема и крст не е прашање по кое се решава и со мнозинство гласови од присутните членови на Советот кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинско население во општината.

Крстот не е симбол на етничките заедници туку на верските заедници. Крстот е универзален верски симбол и на Македонците и на Албанците христијани.

Крстот во Бутел, ниту било каде, воопшто не претставува порака на Македонците против сожителство со Албанците, напротив Крстот во Бутел е симбол на сожителство, бидејќи Крстот колку е македонски толку е и албански, им припаѓа на сите христијани во светот и во Македонија.

Споменикот на ОНА во Чаир воопшто не е повод за Крст во Бутел. Крстот во Бутел не е дивоградба! Светскиот Македонски Конгрес при поставувањето на Крстот во Аеродром во 2013 година, најави ист крст на неколку локации во Скопје. Сега се обезбедени донатори за Крст во Бутел и во согласност со Закон и одлука на Советот на општината Бутел, тоа се реализира.

Патем, се’ уште е актуелно барањето за Албанска Православна Црква во Македонија. Во Република Албанија постои Албанска Православна Црква. Во Република Албанија постои Католичка Црква. Албанци христијани има и на Косово и во Македонија. Крстовите и црквите во Македонија не се антиалбанска конспирација и провокација! Впрочем, 70% од жителите на Бутел се Македонци, 30% од чаирчани се Македонци.

Крстот на локацијата каде што ќе се изгради е патоказ кон вечните почивалишта на упокоените, следејќи го Крстот во Бутел преку Центар и Чаир лесно ќе се стигне до најголемите градски гробишта во Македонија. Крстот во Бутел е благодарност кон упокоените кои не се со нас, но вечно бдеат над нас живите.

Крстот во Бутел е симбол на љубовта и верата во Бога!
 
Очекувајте луѓе од ДУИ да излезат за да го попречат поставувањето на камен темелникот или пак ќе го дозволат, а потоа ќе излезат ќе го уништат, но на крај крстот успешно ќе се крене. (како што беше примерот со црквата во Кале или пак споменикот на некојси србин што беше оштетен ... но и ден денес тие се таму)

Временската прогноза: Во сабота во Бутел наутро ќе се појави магла, а потоа тензичен ветер, кој може да крене камен темелници во воздух, потоа пак магла за да се замати умот.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom