Од разговорите што излегоа во јавност, ова за изборна измама за Миле и Гордана беше јасно како ден и е зицер за криминално гонење.
За нив од аспект на останување на власт на партијата нема бегање од државава, зошто има за коса да ги вратат назад. Ако избега кој било од нив ќе се распадне се како кула од карти. До тоа не верувам бар за сега да се случи, оти уште држи хиерархијата и си ја знаат лекцијата дека збиени редови се најсилни (но и најмногу гинат ако ги погоди бомба).
Инаку како што кажа Фетаи, ова е вториот случај по важност во Обвинителството. Првиот е за тоа кој го наредил и спроведол прислушкувањето. Таму лежи Груевски, Мијалков, Протуѓер... таму е џек пот-от. Ова е најава за главното шоу. Посебно сега во момент кога никој од овие нема имунитет за кој е потребно да гласа собранието за да се одземе.
Бродот несомнено почна да тоне, е сега што би рекол Бастерд дали Едвард Смит ќе ги жртвува морнарите за да скокне на чамецот или потоне и он, ќе видиме. Само на крај да не го жртвуваат морнарите него. Ќе видиме дали како печурки ќе почнат да никнуваат заштитени сведоци од администрација.
За нас како граѓани убаво е што ќе има некое какво такво враќање на довербата во правниот систем кој одсекогаш бил продолжена рака на власта.
Секогаш е убаво кога политичари на власт ќе бидат пикнати во затвор, а посебно за ваков чист криминал.
Се враќа доверба во правниот систем и се праќа опомена до идните властодршци.
Има долг правен пат ова обвинение, посебно од сега натаму. Сега на ред е судството. Некој судија треба да чукне со стапчето и да им го покаже патот кон Шутка.
Од политички аспект настаните ќе се движат многу побрзо.