Ограничен Живот

  • Креатор на темата Креатор на темата Anco
  • Време на започнување Време на започнување

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.606
Поени од реакции
15.409
Возраст
70
Локација
Skopje
Или Живот до хх.хх.хххх,(од хх.хх.хххх го имаме)или поточно со определен рок.
Дали е можно.
Или зошто господ ги зема младите лица,некој и само што зачекориле во животот.
Дали така ни е напишано и зошто. Зошто некој порано,пред време, а некој на време.
Дали постој тоа време,(„некаде запишан’)тој час кога треба да се напушти животот.
Последниве вакви случки (на млади) ми дадоа идеа за разговор во една ваква тема.
Зошто пак да не биде за сите еднакво,бар еднакво,ако веќе неможе да се сопрат некој
непредвидени работи во животот - несреќи.
Значи се знае предвалително со самото раѓање дека имаш живот, но и до кога.
Еве отприлика нека биде да речеме од хх.хх.хххх +78 год. или до хх.хх.хххх (значи за сите исто)
---------------
.................препис од една друга тема:... Тоа е една работа друга работа е тоа што не е само он, мој најдобар другар воедно и член беше тука на кајгана, почина од мозочен на 27 години, така да многу млади заминуваат кој од рак, кој од мозочен, кој од сообраќајќа.
---------------
 
Сите си носиме различна карма и сите во текот на животот не постоиме исто затоа и не живееме долго исто. Иначе не секогаш смртта е најлошото. Звучи лудо, но тој што разбира јасно му е... Многу често смртта е спас да не се распадне душата.
 
Не постои карма. Не постои ниту душа.
 
Или Живот до хх.хх.хххх,(од хх.хх.хххх го имаме)или поточно со определен рок.
Дали е можно.
Или зошто господ ги зема младите лица,некој и само што зачекориле во животот.
Дали така ни е напишано и зошто. Зошто некој порано,пред време, а некој на време.
Дали постој тоа време,(„некаде запишан’)тој час кога треба да се напушти животот.
Последниве вакви случки (на млади) ми дадоа идеа за разговор во една ваква тема.
Зошто пак да не биде за сите еднакво,бар еднакво,ако веќе неможе да се сопрат некој
непредвидени работи во животот - несреќи.
Значи се знае предвалително со самото раѓање дека имаш живот, но и до кога.
Еве отприлика нека биде да речеме од хх.хх.хххх +78 год. или до хх.хх.хххх (значи за сите исто)
---------------
.................препис од една друга тема:... Тоа е една работа друга работа е тоа што не е само он, мој најдобар другар воедно и член беше тука на кајгана, почина од мозочен на 27 години, така да многу млади заминуваат кој од рак, кој од мозочен, кој од сообраќајќа.
---------------
Смешно е да се мисли дека госпот му одредува на секој роден колку ќе живее.
За тоа се надлежни наречниците, и тие одредуваат со божји благослов, на третиот ден од раѓањето, кој колку ќе живее. Тие се вечни како и самио госпот, и нивна одлука никој не може да ја смени, најстарата од нив нарекува смрт а најмладата долг живот и често има натегања и надмудрувања помеѓу нив.
Еден пример дека нивната одлука не може никој да ја смени е и со Адам од библијата, имено госпот му рекол на Адам дека во моментот кога ќе вкуси од забранетиот плод - ќе умри, но тоа не се случи зато шо наречниците а не госпот му одредиле кога ќе умри Адам така да тој живеел уше 900 години од дено кога госпот му рекол дека ќе умре
 
Доколку сите доживуваме старост до 100-110 Години има да се разможуваме како глувци и земјата планета би била пренаселена и премногу осиромаштена и сите нејзини природни богатсва одамна исцрпени. Значи Јинг-Јанг не е за бадијала измислено , мора да има баланс меѓу планетата земја и човекот како главен фактор. Ако не удрел метеор во планетата во времето на диносаурусите немаше да постое човекот од причина што е премногу слаб да опстане во таква сурова средина. Исто така и еден ден да удре астероид на нашава планета и човечкиот вид да биде потполно истребен , пак по 1 милион години ке се развие уште еден помоќен вид од нас или таканаречен хомосапиенс . И све така до бесконечност......Што ми беше поентава ? За све си има рок на траење и ништо не трае вечно :)
 
Во ред, сум чул и јас тоа(макар само од приказните,библија не сум читал)ама зошто тоа пак го прават„наречниците“.Зошто на некого му одредуваат краток а некому долг живот.Или зошто не му пишале краток на Хитлер и да не прави такви злодела,туку му пишале краток на некого кого сакаме или на некој научник.

Епа баш тоа што велиш се си има рок на траење. Дури и на повеќе производи пишува рок на траење (или употреба).Ама на сите тие производи е исти рокот на траење а овде не е ист кога зборуваме за должина на животот. Тој отприлика има одреден рок,нели кај орлите или кај желките бил доста долг (ако не ги отепа некој).Кај човекот ај да речеме е одреден живот со рок на траење 100 години, но зошто кај некој тој рок е многу краток,во некој случаеви и неколку моменти или денови.
 
.Или зошто не му пишале краток на Хитлер и да не прави такви злодела,туку му пишале краток на некого кого сакаме или на некој научник.
Хитлер не е ист во очите на нас луѓето и во очите на бог, Хитлер допринесе да се убијат 20 милиони безбожни комунисти и 6 милиони јевреји кои го предадоа госпот Исус Христос.
 
Во ред, сум чул и јас тоа(макар само од приказните,библија не сум читал)ама зошто тоа пак го прават„наречниците“.Зошто на некого му одредуваат краток а некому долг живот.Или зошто не му пишале краток на Хитлер и да не прави такви злодела,туку му пишале краток на некого кого сакаме или на некој научник.

Бидејки кога ние определуваме кој колку ќе живее има многу големи разлики во ставот, тоест за еден некој треба да живее помалку, за друг повеќе и од друга страна како ќе се развива човечеството, штом секој знае дека ќе живее толку и толку, па нема да знае зошто и каква е смислата ?
Всушност се зборува за сушноста во краговратот на животот и см'рта.[DOUBLEPOST=1453578811][/DOUBLEPOST]
Хитлер не е ист во очите на нас луѓето и во очите на бог, Хитлер допринесе да се убијат 20 милиони безбожни комунисти и 6 милиони јевреји кои го предадоа госпот Исус Христос.

Убијството со сигурност не е д'лгосрочно (па и краткосрочно) решение на било кој проблем.
 
За госпот е, прочитај библија колку пати има благословено и помагано во убиства госпот Бог
 
Temava e premnogu opsirna, site podforumi na religija i filozofija gi opfakja u diskusija...
 
Не е ибаво некој да почине млад но исто така не е убав и премнодгу долгиот живот, казна е да живееш и 100+ годинини бидејќи најверојатно ке ја доживееш смртта на своите деца и сите блиски...
Мислам дека не треба да го мешаме Бог кога зборуваме за смртта бидејќи нашето поимање за природата на смртта со тоа како Бог ја уредил смртта воопшто не се поклопуваат. За нас смртта е страшна работа, дефинитивен крај на се, момент после кој нема ништо повеќе но ако погледнеме од аспект на Бог (било кој бог) смртта е само крај на овоземниот живот но не е дефинитивен крај туку е почеток на небесниот живот кој е вечен и кој ке го минуваме согласно заслугите од овоземниот минлив живот.... Така да смртта е страшна работа само за оној кој не е сигурен во постоењето на Бога или знае дека согласно своите дела ке заврши во небесната Македонија а не во небесната Норвешка... За тој што е убеден во својата вера смртта не е ништо, смешка, олеснување и додека ние плачеме и лелекаме по него тој на небесата си ужива во рајот и си слуша музика од ангелите или пак ако е од другите и самиот си пукнал бомба на сред пазар полн со неверници или заклал 100 жени и деца неверници сега на небото си клеца седумдесет и кусур девици. Така да ако не верувате во Бог тогаш не го кривите и не му наоѓајте мани за смртта а ако верувате во него тогаш радувајте се на смртта а не ја проколнувајте....
 
Temava e premnogu opsirna, site podforumi na religija i filozofija gi opfakja u diskusija...
Па така и мислев дека е темава за во Религија,иако до сега ретко сум отворил таму.
Пред некој ден, читавме - чувме за веста дека во страшна саобраќајка загинаа повеќе млади лица меѓу кој и бремена жена.
На тоа дете нели со самиот зачеток му е дадено Живот, но ете „наречниците“ не го дозволиле тоа да го види светов. А нели тие наречници доаѓаат на третата вечер.
-------------
Сепак јас сум да има секој „долг“ живот,а не повикан на небото пред време - млад.
Како е во Кина, во некој места таму (така сум слушал) има долговечност,и старите лица кога ќе осетат дека им е дојден денот,одат сами во планина мечките да ги изедат.
 
Одат во планина оти кога биле млади не плаќале придонеси во пензискиот фонд па сега не им останува друго освен да ги нахранат мечките...
На никого не му се умира така да поимот ,,долг,, живот е многу релативна работа. Се освен ,,вечен,, живот е климаво, не брка работа.... Времето е многу релативно, така на пример ако денес секој од својата возраст се свртиме наназадни ке се уплашиме како тоа бргу поминале годините, како вчера да беше референдумот за независност а еве поминале 25 години, како вчера да беше војната а еве поминале 16 години, како вчера да игравме џамлии....
 
Тие што верувате во госпо немате гајле, за вас има вечен живот после овај, ние што не веруваме ќе го јадеме во котелите :D
Убави прикаски се тие за пишаното и за наречниците, ете во минатото на наречниците им било полесно и можеле да пишат дека ќе се умри од туберколоза, висока температура, настинка и тн, сега и тие мора да бидат начитани и во тек, па да смислат рак, мозочен удар и тн и тн.
За стареењето еве едно интересно видео од Michio Kaku, теоретски држи вода неговово.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom