Мачки (општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата faraon
  • Време на започнување Време на започнување
Сигурно не се решени со убивање.

Па нормално, него тука е катастрофа, ниедна мерка не превземаат конкретна овие работи со кучиња и мачки да се средат.
Навечер врвулица кај мене е со мачкиве и тоа све некои ферални неприпитомени, ни мац знае ни ништо, нин стоп сакаат да го изедат папагалот на братучед ми.
 
На 15 јуни вечерта некој од комшиите со пушка / пиштол ми го застрелал мачето, на левата страна назад, над ногата некаде. Вечерта мислевме дека е од нешто друго (го приметивме на 16 јуни кај 03:00 некаде). Викнавме ветеринар, тој мисли дека во мачето има дијабола од пиштол/пушка. Го допираше полека ама ништо не сети. И, мачето неможе да гази на таа нога. Ветеринарот му намачка и некоја маст и потоа го прсна со некој спреј (сина боја). Мачето 2 дена одбива да јаде и пие, и постојано лежи. Го храниме со шприц од коа го видовме дека е рането (2 дена), му даваме млеко по малце. Помош некој? Ќе преживее? :( Инаку мачето е одгледано без мајка од многу мало(ја отру истиот комшија, над 24 часа без престан се обидувавме да ја спасиме и бевме со неа). Има можност во дијаболата да има некој отров? :(

EDIT: Сите 250 страни ги прочитав, нема ниту една слична ситуација, има некој буден за совет, help??
Потполно исто и мене ми се случи. Во саботата вечерта го приметив мачето (4 месеци) дека се лиже многу на задната лева нога. Ми даде да видам, се осеќаше како грутче. Ама, си јадеше и пиеше, беснееше малку, па мислев дека не е ништо итно. Вчера веќе му беше отворена раната и си течеше гној, крв и лимфа. Сабајлево го однесов на ветеринар, му ја исчисти убаво раната и му стави инекција, па утре пак ќе го носам. Докторов исто рече дека е можна дијабола или евентуално угриз, ама да сплавне малку гнојот па веројатно ќе го снима и ако треба оперира. Доброто е што е отворена раната за да истекува гнојот, поопасно е ако е затворена.
Од Скопје си? Ај пиши ми во инбокс која населба си, да не е истиот идиот со воздушен пиштол.
 
Не, од Кавадарци сум.

Инаку до останатите, побарав побрз совет во врска со мачето и негово подобрување (од сабајле му изрендав малку салама и поткасна ептен малце, сега пак лежи цел ден на исто место и не јаде ништо, ниту пие). А во врска со ненормалниот што пукал, ќе има добра освета, само да ми се стабилизира мачето (тоа ми е најбитна работа). И да, комшијата е пензиониран полицаец. Дајте ми совети за здравје на мачето, а не предрасуди кон мачето или комшијата и судење од ваша гледна точка. :):)

https://imgur.com/a/3smM6Nv - 17.06 (15:19ч) Фотографија од раната
 
Даниел, а има ли како грутче на раната? Отворена ли е раната, истекува нешто?
Моево ти кажав како е, ама си јаде и пие нормално, оди нормално.
Треба и твоево секој ден да прима некои антибиотици, а ако има дијабола да се извади, да се оперира.
Еве ја на моето раната :(
IMG_20190617_152631265.jpg
 
Не, од Кавадарци сум.

Инаку до останатите, побарав побрз совет во врска со мачето и негово подобрување (од сабајле му изрендав малку салама и поткасна ептен малце, сега пак лежи цел ден на исто место и не јаде ништо, ниту пие). А во врска со ненормалниот што пукал, ќе има добра освета, само да ми се стабилизира мачето (тоа ми е најбитна работа). И да, комшијата е пензиониран полицаец. Дајте ми совети за здравје на мачето, а не предрасуди кон мачето или комшијата и судење од ваша гледна точка. :):)

https://imgur.com/a/3smM6Nv - 17.06 (15:19ч) Фотографија од раната

Нема што совети да даваме, секој различно ќе ти каже... најдобро е да го однесиш мачето на ветеринар и нека му направат детален преглед со се ренгени и се друго. Ќе прашаш и што храна да му даваш овие денови и тоа е тоа, да се надеваме на најдоброто дека ќе оздрави мачето.[DOUBLEPOST=1560783449][/DOUBLEPOST]П.С. Која будала пука во домашни миленици, какви ги има во земјава еј
:facepalm:
 
Помина некој ден, мачето што беше повредено е сега подобро. Сеуште неможе да гази на едната нога целосно (криви), но за недела-две ќе му мине и тоа. Веќе јаде нормално и пие што е најважно. Но се јави поголем проблем, бидејќи имам повеќе мачки, брат му (поголем за едно раѓање, од иста мајка), го нема цел ден. Бидејќи е машко, има некоја можност да е тргнат по жени .., ама синоќа кај 03:20 слушнав силно мјаучење и веднаш престана. Истрчав во ходникот каде што лежи повреденото, беше таму и лежеше. Тркнав до улицата да видам ама немаше никој, го побарав секаде околу куќата, го немаше никаде. Дури и другата мачка (уличарка, што ја захранивме, веќе 2 месеци е овде) ја нема цел ден како и Марко (поголемото маче). Моја претпоставка е дека е повреден на истиот начин како и Живко (мачето што беше повредено пред некој ден) и е веднаш собран и фрлен некаде, за да неможе да побара помош. Што се случува со човештвото, зошто толку омраза кон животните, посебно маче, што му згрешиле?...:(
 
Дечки имам мал проблем, се работи за персиска мачка ја чувам во стан...Земено е од мало месец и пол и веќе има година и некој месец. Преку ден обично спие или лежи, многу многу не се замара и не е хиперактивна, освен ако не прелета некој инсект или птица на прозор. Слабо се мазим, освен ако нема храна или нешто има проблем. Проблемот е што навечер се буди околу 03:00 - 04:00 и почнува да гребе(до тој степен што не се издржува) по се што ќе стигне посебно на врати, а секогаш има вода и храна (значи не е до тоа ако мисли некој дека е гладна).
 
Ништо чудно, сите мачки се такви... дење спијат, ноќе беснеат :)
 
Дечки имам мал проблем, се работи за персиска мачка ја чувам во стан...Земено е од мало месец и пол и веќе има година и некој месец. Преку ден обично спие или лежи, многу многу не се замара и не е хиперактивна, освен ако не прелета некој инсект или птица на прозор. Слабо се мазим, освен ако нема храна или нешто има проблем. Проблемот е што навечер се буди околу 03:00 - 04:00 и почнува да гребе(до тој степен што не се издржува) по се што ќе стигне посебно на врати, а секогаш има вода и храна (значи не е до тоа ако мисли некој дека е гладна).
Само што ги опиша 90% од мачките :)

Мачките се ноќни животни (nocturnal animals).
 
Чаре за гребењево ? Значи по гарнитури никаде не ми гребе воопшто.... Само на врати и тоа дури некогаш мислам пробува да ја откорне :D
Дали овие би помогнале ?
 
A нема ли гребалка?
Стерилизирана е?
 
A нема ли гребалка?
Стерилизирана е?
Гребалка има ама мерак му е да ја корне лајсната од вратата, креветче има ама мерак му е во саксија да се плесне
Стерилизирана не е ..
 
Чаре за гребењево ? Значи по гарнитури никаде не ми гребе воопшто.... Само на врати и тоа дури некогаш мислам пробува да ја откорне :D
Дали овие би помогнале ?
Не му ставај такви глупости на мачето, гревота е.

Најди некоја врвка и нека ја брка, измори го пред легнување и ќе ја истроши енергијата на играчката а не на вратата (hopefully).
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom