БИБЛИЈАТА ВО ПРАВОСЛАВНОТО ХРИСТИЈАНСТВО

  • Креатор на темата Креатор на темата liberij
  • Време на започнување Време на започнување
Можеш, ама така излегува дека библијата е пишувана од ѓаволот. Го губи кредибилитетот делото, а некои работи не може да ги наредил ѓаволот.

Земи ја на пример првата книга по Мојсеј.

"И рече Господ: „Ќе ги истребам луѓето што сум ги создал, од земјата – од човекот до животното, ѕверовите и птиците небески – оти се кајам што ги создадов.” " (6:7).

Ако ова е дело на господ, тогаш он е најзначајниот масовен убиец во историјата на човештвото. Одозгора на ова , семоќниот и сезнаен бог се кае за нешто кое го создал. Не знаел дека ќе излезе така(?), не можел да создаде на подобар начин (?). Како сакаш читај ги, шо сакаш толкувај им, единствено смисла ќе најдеш доколку си извршиш лоботомија и почнеш слепо да прифаќаш одредени работи.

Сеа останува простор ѓаволот да е плагијатор, да ги испишал он овие зборови, ама така целата приказна за Ное и потопот оди под вода(хе ,хе). А со приказната и родот Ноев. Ова го завлекува и остатокот од библијата и завршуваш со Свето Писмо напишано од ѓаволот и те прави основач на некоја форма на Нео-богомилизам. Еретик. Честитки.
Ц! Немат врска! И ко шо реков трпение де тро! Ќе ви ги изџвакам, адаптирам работите, има ко БОЗА да ја пиете Библијата!;)
 
Ц! Немат врска! И ко шо реков трпение де тро! Ќе ви ги изџвакам, адаптирам работите, има ко БОЗА да ја пиете Библијата!;)
Кој дел ти нема врска?

Цитатот од библијата или анализата? Можеш да понудиш некоја подобра?
 
Ценам дека ова прашање како во минатото така и во ново време е сеуште актуелно, посебно за христијаните, но и за сите заинтересирани луѓе кои ја бараат смислата на своето постоење.

Пристапот кон Библијата во Православието е суштински важно, бидејќи писменото Предание е Боговдахновено, Натприродно дејство на Св. Дух во Црквата.
Оваа тема ја отворам, со цел да се разбере, како го третира Црквата Св. Писмо, кај Му е местото, зошто служи, како се спасува човекот!

Со Божја помош, помошта од моите собраќа, како и секој добронамерен Вистинобарател, се надевам ќе си помогнеме да осветлиме едно прашање, кое за жал е предмет на манипулации и дефокусирање за односот кон Вистината, Христос, како Единствена и Вистинска Цел на Библијата.:)
не знам шо има православието со библијата ете ако можиш да ми појасниш,таму Бог му се обраќа само на еврејските цареви и народ,ги води во раст или пропаст(стариот завет)
 
Можеш, ама така излегува дека библијата е пишувана од ѓаволот. Го губи кредибилитетот делото, а некои работи не може да ги наредил ѓаволот.

Земи ја на пример првата книга по Мојсеј.

"И рече Господ: „Ќе ги истребам луѓето што сум ги создал, од земјата – од човекот до животното, ѕверовите и птиците небески – оти се кајам што ги создадов.” " (6:7).

Ако ова е дело на господ, тогаш он е најзначајниот масовен убиец во историјата на човештвото. Одозгора на ова , семоќниот и сезнаен бог се кае за нешто кое го создал. Не знаел дека ќе излезе така(?), не можел да создаде на подобар начин (?). Како сакаш читај ги, шо сакаш толкувај им, единствено смисла ќе најдеш доколку си извршиш лоботомија и почнеш слепо да прифаќаш одредени работи.

Сеа останува простор ѓаволот да е плагијатор, да ги испишал он овие зборови, ама така целата приказна за Ное и потопот оди под вода(хе ,хе). А со приказната и родот Ноев. Ова го завлекува и остатокот од библијата и завршуваш со Свето Писмо напишано од ѓаволот и те прави основач на некоја форма на Нео-богомилизам. Еретик. Честитки.
Па не би рекол. Ако сакаш да се оправдаш од религиозна гледна точка има 1001 начин пошто тука имаш еве да ја наречам „религиозна логика“.

Прво прашањето е дали воопшто има кредибилитет библијата? Во библијата има најверојатно многу малку веродостојни извори и кој сакал си додавал по нешто низ времето.

Ова библија денес што ја имаме најверојатно претрпела толку измени низ вековите и толку работи се изгубиле во преводот што дури и никој ништо да не вметнал денес ќе имаме сосем друга книга.

Секој што прочитал книги со превод и книги на мајчиниот јазик знае што се се губи со превод на било кое книжевно дело.

Ако ми го виде погоре цитатот ќе знаеше дека приказнава за Ное ти е промашен аргумент иако сфаќам што сакаш да кажеш.

Ѓаволот дискутабилно е најголемиот лажго и манипулатор, а секоја индивидуа денес треба да знае дека „чисти лаги“ ниту порано ниту денес не поминуваат.

Најопасни се оние лаги помешани со вистина ако сфаќаш што сакам да кажам.

П.С Со „религиозната логика“ можеш се да објасниш како што ти одговара.[DOUBLEPOST=1452966621][/DOUBLEPOST]@Сталкерот

Инаку жално е што мозоците ни функционираат црно/бело, а во реалноста светот е во нијанси на сиво. Така да библијата или било која друга книга во себе има светли и темни нијанси што дискутабилно не се одлика на Возвишено суштество(т.е бог).

Според мене перфекцијата/совршенството е илузија и зависи од перцепцијата на поединецот така да дури и да постои совршен бог тој не е совршен за сите ниту може да биде совршен за сите.
 
Последно уредено:
не знам шо има православието со библијата ете ако можиш да ми појасниш,таму Бог му се обраќа само на еврејските цареви и народ,ги води во раст или пропаст(стариот завет)
Пред да стане Христос, како Син Божји постои во вечноста, а преку Стариот завет т.е. еврејскиот народ се објавува, реализира спасителниот план за човекот. Затоа реков од почеток за намената на Библијата.
 
не знам шо има православието со библијата ете ако можиш да ми појасниш,таму Бог му се обраќа само на еврејските цареви и народ,ги води во раст или пропаст(стариот завет)
А Новиот Завет?

Инаку има околу 300 пророштва од Стариот Завет, кои Исус ги исполни.
 
А кој Бог го вдахновил Хомер.Илијадата и Одисејата по суштината и нараторството е многу пославна од Библијата.
Реторичарот Корнут го смета Хомер за проповедник на религиозната философија, која до него е стигната во форма на мит, така да и паганскиот свет по своја природна инутиција бара смисла на своето постоење и ехатологија, која дури подоцна во Христос може да ја артикулира.
 
Да, да, да, како не. Хомер сакал да ја напише Библијата, ама не му беше времето.

Колку бегаш ти пријател, Турчин бос не те стига.
 
Да, да, да, како не. Хомер сакал да ја напише Библијата, ама не му беше времето.

Колку бегаш ти пријател, Турчин бос не те стига.
Еј, не ти е место тука, ај префрли се овде:http://forum.kajgana.com/threads/Дискусија-за-Атеистите-Исламот-Христијанството-и-останати-убедувања.71895/page-363#post-7570194
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom