RIP David Bowie

  • Креатор на темата Креатор на темата DanielVogel
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
16 септември 2013
Мислења
704
Поени од реакции
691
bow1.jpg


Легендарниот британски музичар Дејвид Боуви починал синоќа, по 18-месечна борба со ракот, објавено е на неговите официјални профили на социјалните мрежи.

Милионите фанови на Боуви низ светот најпрвин ја отфрлија веста како измама, но според извештаите на големите медиумски куќи, тажната вест ја потврдил и издавачот на познатиот музичар.

Светот изгуби одличен музичар :(
 
Еј каква штета, човекот пред некој ден го издаде својот нов албум. :( Нека почива во мир.
 
Трагично е што заминува еден ваков голем великан. Уште потрагично е шо нема некој шо че го наследи.............

Нека му е лесна земјата. А тоа ракот срањето, да се испосерам јас во него. Како ги јади луѓево еј.....штетоштиња невидена, појче и од самата смрт го замразив.

R.I.P Bowie

 
Blackstar бил конципиран како „последен поздрав“, што и се забележува. Доби многу остри критики за спотот за Blackstar, но сега е јасно зошто е таков спотот.

Something happened on the day he died


Spirit rose a metre and stepped aside

Somebody else took his place, and bravely cried

(I’m a blackstar, I’m a blackstar)

И да го потврдам @Erich Zann навистина нема некој што би можел да го наследи.
 
Сериозно ова ??? :(:(:place:
Он беше една од главните причини кога почнав да навлегувам во рок музиката, посебно ради песнава.

Нека почива во мир, еден и единствен :cuc:
 
Се шокирав кога разбрав пред неколку сати за смртта на камелеонов . Бог да го прости . Музичкиот свет изгуби одличен уметник во секоја смисла . Сега ја разбирам донекаде неговата најнова песна и спот Blackstar . Воопшто незнаев дека бил болен од рак . Тешко некој во догледно време да ја надмине неговата огромна харизма и музичка генијалност . Иначе Боуви е еден од неколкуте музичари за кои ми е ептен криво што никогаш не сум ги гледал во живо . Останатите се Queen , Pink Floyd i Tina Tarner . Мислев дека барем Боуви некогаш ќе го гледам во живо на концерт , но ....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom