....
Него ај тоа што се правеле глупости во минатото, ами уште поголем проблем е што и ден денес се прават многу нелогични архитектонски решенија, имено, кога ќе застанете спроти универзална сала (која истотака треба да се руши пошто е само една голема барака) од кај страната на култната скопска слаткарница Апче, и погледнете лево од универзална, во очи ќе ви паднат две нови згради , кои по секоја и архитектонски и не архитектонска логика треба да се лепенки и се градени како лепенки, ќе приметите, дека всушност двете згради се неповеќе од едно метро одвоени, и искрено кажано не знам дали може човек да се протне низ овој процеп, и целата композиција изгледа ко некој да ја утнал положбата на една цела зграда за еден метар, па ова е трагедија, не знам кој е крив, дали изведувачот дали финансиерот, ама се ндевам дека не е архитектот ,бидејќи тешко нам со такви архитекти.