Скопје calling... асална Архитектура needed!

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ви се допаѓа архитектурата во Скопје?


  • Вкупно гласачи
    236
vlatko напиша:
Новите згради се катастрофа прднеш ќе се срушат....

Друже Влатко, ако можеш би сакал да ми објасниш нешто повеќе околу квалитетот на новите градби. Знаеш со факт, силно прдиш или само проценка е ова?

Да задржиме некое ниво на квалитетна и конструктивна дискусија, може?:smir:

Во спротивно.... нема спротивно :)
 
`Ангелче` напиша:
Сум била во Тирана и морам да кажам,градот невидено напреднал.
Алал да му е на градоначалникот Еди Рама. Алал!
Многу труд вложи и сеуште вложува за да го среди градот и резултатите се видливи. Живна градот :)
Лелееееееее, и после Скопје не чинел заради шарените згради а Тирана е океј?:pop: Народов е тотално одлепен. Сите се на апчиња со гаранција.
Инаку малиов шо рече дека зградите биле ко кибритчиња, така вика затоа што слушнал на вести нормално. А веројатно до некаде е и во право бидејќи знам од прва рака како работат градежни фирми. Односно инвеститор-фирма. Од секое штрафче процент кеш оди во џеб. По тој принцип би требало да се неквалитетно составени.
 
Единствен потег, кој го сметам за полн архитектонски погодок е обонвата на фасадата на градска болница.
 
Bacillus gagous напиша:
....
Него ај тоа што се правеле глупости во минатото, ами уште поголем проблем е што и ден денес се прават многу нелогични архитектонски решенија, имено, кога ќе застанете спроти универзална сала (која истотака треба да се руши пошто е само една голема барака) од кај страната на култната скопска слаткарница Апче, и погледнете лево од универзална, во очи ќе ви паднат две нови згради , кои по секоја и архитектонски и не архитектонска логика треба да се лепенки и се градени како лепенки, ќе приметите, дека всушност двете згради се неповеќе од едно метро одвоени, и искрено кажано не знам дали може човек да се протне низ овој процеп, и целата композиција изгледа ко некој да ја утнал положбата на една цела зграда за еден метар, па ова е трагедија, не знам кој е крив, дали изведувачот дали финансиерот, ама се ндевам дека не е архитектот ,бидејќи тешко нам со такви архитекти.
Гаго, ја разгледав зградата деновиве. Со оглед на тоа дека прво се градеше зградата до таа на аголот, можно е на барање на инвеститорот на аголната зграда маркицата за градење да се поместила за метро-метро и пол, заради лоцирање на санитарните простории (ВеЦе, бања...) на страната која гледа во соседната зграда, при што би се поставиле малите прозори кои денес постојат и се доказ дека токму овој тип на простории е застапен по таа западна вертикала на зградата.



Шта се тиче Тирана... ма дааај. Инспирација - Лего коцки? :)

Викторгг напиша:
Инаку малиов шо рече дека зградите биле ко кибритчиња, така вика затоа што слушнал на вести нормално. А веројатно до некаде е и во право бидејќи знам од прва рака како работат градежни фирми. Односно инвеститор-фирма. Од секое штрафче процент кеш оди во џеб. По тој принцип би требало да се неквалитетно составени.

Познато ми е тоа Виктор. Ама ако веќе критикуваме сакам со причина, па макар била таа сведена само на сопствен вкус. Само така би го развивале личниот сенс за убаво и неубаво, практично и непрактично, добро или лошо - кога е во прашање Архитектурата.
 
Serpico напиша:
Познато ми е тоа Виктор. Ама ако веќе критикуваме сакам со причина, па макар била таа сведена само на сопствен вкус. Само така би го развивале личниот сенс за убаво и неубаво, практично и непрактично, добро или лошо - кога е во прашање Архитектурата.
Се сложуем... плус и не е тоа темата, кој колку украл - небитно. А за Тирана... боже кој ли ја спомна, виножито е... :kez:
 
Мене па воопшто не ми смета што е шарено или виножито :)
Подобро така,отколку сивило,ајде уште во ерата на Енвер Оџа,исти срања цели живот. Добра промена е,и убаво изгледа.
 
`Ангелче` напиша:
Мене па воопшто не ми смета што е шарено или виножито :)
Подобро така,отколку сивило,ајде уште во ерата на Енвер Оџа,исти срања цели живот. Добра промена е,и убаво изгледа.

Ангелче, од крајност во крајност одиш. Се сеќавам на една куќа во Битола со триаголници на фасадата. Дали таков пример би прифатила како решение за рушење на архитектонското сивило кое владее со прилично голем дел од станбените и општествени објекти во Скопје? Немора да е Скопје, нека е Битола, Велес, Охрид....

Мислам и дека се усвои некаков план за "живнување" на ликот на скопската просторна архитектоника, нешто контра непишаните принципи на комунизмот и развиеното сивило во градењето после втората светска војна, кое ите како психолошки влијае на квалитетот на живеење на популацијата.

Се фарбаа згради, новите се градеа по нови принципи. Ама според мене, се претерува со веќе одбивната жолто-зелена комбинација понекогаш искомбинирана и со портокалеви нијанси.

Креацијата е лимитирана на три бои?

Заменуваме ли едно сивило, или го маскираме со жолто-зелена маска?
 
dobro be ne se najde li nekoj sheik da investira vo skopje :)
 
Шеиците си го имаат Дубаи. Со Скопје што правиме... ?
 
Ја поддржувам на Викторгг идејата за станче во една од тие згради...ептен се на добра локација... а би сакала и уште едно кај кружниот тек кај парк ама кога се оди од кај соборна(малце ко од прашума се растенијата) не она крукче кај кафаните....немам слика-сликовито да опишам...
Што се однесува до новиов „стил” на зградиве можам да кажам дека детска градинка не е рамна...особено ми бодат очи овие новоградбиве меѓу Универзална и Буњаковец...изборот на бои,па тоа студиото Леонтич со тоа кич сребрата...само за тепање се...
Не можам да не го спомнам чирот пред есм зградата...што и да испадне од тоа чудо не може да ја замени коцка од времето... а да не почнувам за изгледот на плоштадот...може сум старомодна ама искрено калдрмата беше поавтентична и пооргинална од ова плочиве... додуша морам да кажам дека ми се свиѓаат клупите и сијалиците...
толку од моето критикување сега за сега...ќе размислам па ќе допишам...
 
Дефинитивно киселини у желудник ми се ствараат за архитектурата на Скопје, јес да не сум компетентна личност да зборам за таа ствар ама што не чини не чини, како прво после земјотресот се е направено на „брза рука„ и 90% е така останато, и покрај многу лоши градби налетуваме на некоја убава градба која штрчи помеѓу сите тие. Треба да се сменат многу работи, улиците покрај зградите се паркинг простори, среќа ја реновираа Градска болница зашто луѓе умираа од неа, има згради кои се почнати ама со мењање на власта тие се перманентно оставени на милост и немилост и ја рушат целата хармонија на градот.
EDIT-> И да Тиранава сакс донки балс, вакви згради си правев на времето со лего коцкички шо ми ги донесоа поклон, значи јас сум архитект јеееее :pos:
 
Од лошо полошо прават во скопјево...Кисела вода е станата најгадната населлба на свет. Се направија толку згради и тоа одвратни згради со никакви фасади и некои чудни балкони.... Плоштадот го направија одвратен и „модерен” коа се знае како треба да изгледа плоштад исто така и камени мост го уништија и у целина мислам дека се ново што се гради е само за да си го пуни некој џебот и да не се замара за тоа дали гуши простор дали се држи до тоа како треба да изгледа делот од градот...
 
Ех го забораив плоштадот ко авионска писта е, а за Кисела Вода да не праиме муабет само малтер башка Фиком:pos:
 
Serpico напиша:
Се сеќавам на една куќа во Битола со триаголници на фасадата.

Ја знам!! :pos: :pos: :pos:
Ма дај,таа е исклучок и такви ги има многу не само во Битола. Кај ја најде неа за пример :pos: Тежок случај е таа бе:uvo: :pos:

Инаку во врска со виножитото,мислам дека на Тирана сосем и одговара,додека тоа не го гледам во македонска средина,бидејќи ко прво и прво не сме ние толку напатени души како тие од Енвер Оџа :smir:

И се согласувам со тебе дека сите нови идејни решенија,вклучувајќи ги и монотоните комбинации на бои,се тотално излишни.

Serpico напиша:
Ангелче, од крајност во крајност одиш.

А што се тиче оваа реченица..изјасни се,не те разбрав :)
 
`Ангелче` напиша:
А што се тиче оваа реченица..изјасни се,не те разбрав :)

Eдна крајност - сивило и кибрити. Друга крајност - Лего World !

Нели има и нешто помеѓу? :smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom