/gone/87
+++FOR CLEAN SKOPJE+++
- Член од
- 30 март 2009
- Мислења
- 1.769
- Поени од реакции
- 119
фала за корекцијата:smir:РестаВрација се прави на веќе постоечки објекти а во проектов е предвидено изградба на нови непостоечки објекти :wink:.
Чудно е да се враќаме назад,друго е да сме имале таков објект па ај сеа да го реновираме.
нови да,ново место да....но извини тие објекти постоеле
и не знам од кој аспект дебатирате...мене барем ми се допаѓа таа архитектура,објектите ги имало,можност за развивање на културата како како научно подрачје така и како свест кај граѓаните.... е сега можеби локацијата не е истата
освен тоа што не се совпаѓало со ДЕНЕШНИОВ "изглед" на Скопје јас не прочитав друго образложение од вас........
.убаво си постира..но кажи ми како можеш да направиш таква голема подземна улица под објекти на Тифани,Еуростандард банка и компанијата околу нив......убаво се донесе до знаење дека можно е да се направи тој подземен тунел,но бирократите и корумпираните архитекти не обрнаа внимание на тоа и дозволија узурпација на тоа место,со што уште толку станува невозможно таа да се изгради!!Неколку нешта. Најпрвин, сите пари кои ги фрлија во градење на овие одвратни објекти до сега, можеа да се вложат во нешто многу попаметно како на пример почнување со работа за тунелот под плоштад или пак Јужниот Булевар. Две нешта кои се од енормно значење за функционирање на Скопје, бидејќи кај и да е, ќе доживее едно сообраќајно колабирање - ако може така да се нарече. Град од преку петстотини илјади жители не се средува со бекатон плочки, споменици и со по некоја жардињера.
Второ. Јас колку што знам Скопје си има еден закон за тоа колку мора некој објект да биде оддалечен од Вардар, а со овие измени во урбанистичкиот план тој закон се прекршува токму од страна на оние кои треба да го спроведуваат (иронично, нели?).
Трето. Туризам? Хах! Бидете сигурни дека некои од западна или од источна европа, или па од каде било ќе дојде да ги гледа овие грдосии. Уствари па може и да привлечеме туристи, ќе го имаат истиот филинг како да дошле во некој Дизниленд, нели?
Скопје почнува да наликува на се освен на главен град на држава во Европа. Како што тргнале работиве, се плашам дека и градови како Приштина и Тирана ќе ни станат репер за како треба да изгледа.
-кажи ми дали некој казниа за Кинески ѕид,Кермес,узурпираноста на Кеј за изградба на деловна зграда на местото на тогашната Банка(одма до Б2 дискотеката),туку важно им беше да се соберат сефовите,НЕПЛАНСКОТО и НЕУРБАНОТО градење во Дебар мало,Водно итн.......ете ти го одговорот
-ако малку барем ти се допаѓа,знаеш или ја цениш архитектурата ќе знаеше дека гледано од објективна смисла не се тие кои го нарушуваат изгледот на градот!!!и замисли кога од аеродром А.В. туристите поминуваат низ Скопје кон Охрид,што да видат Техеран и Ријад г. да јадат за џамии