Сендвич-мен у плава танга, а зиам стипендија од МОН? Со сите играм бе, глеаш, а не ко тебе.
Абе буци, да си жив и здрав, ме изнасмеа. Иначе, признавам, не можам со тебе. Ти со сите играш, од сите страни сендвичи, затоа си толкав.
Шала на страна, друго му беше муабетот.
До вчера кукавте за бесплатен јавен превоз, а денес, откако ви го овозможија тоа - не чинело, не било главен приоритет, сакаат да нè купат со 2000 денари месечно, државата била презадолжена и други патетични оправдувања. Како тогаш кога протестиравте не ви текна дека државата е презадолжена?
Било популизам пред избори, LOL. А избори има секоја година, и сè е популизам.
Работава е сакаме црнец да нè ебе, ама не сакаме да ни влезе. Истите тие што го глорификуваа студентскиот пленум како чисто, слободоумно, независно и натпартиско тело, и што плукаа по секој оној кој ќе проба да им даде совет или критика, сега кукаат и плукаат по тоа за што се бореле и протестирале. Мислам, ептен провидни сте, и лицемерни.
Тие што го создадоа пленумот, си се самопромовираа и сега партија ќе си направат. Сосема очекувано. Останаа уште неколку амбициозни СДММ плакатолепачи, желни за докажување пред штабскиот пастир, демек активни. LOL.
Знаеш што е најтрагично? Најтрагично е што не добиваат ни сендвич, туку само ветување дека ќе ги вработат откако ќе се смени власта. 10 години со истото да те лажат, значи кое очајно и неспособно тенеќе треба да си. Дури ни јас немам соодветен термин за човек кој може да го купиш со "ветар во магла".
Иначе, ти буци не мора да сфаќаш лично. Тебе те земам само како пример пошто си ми останал во сеќавање како член на студе... пардон, Сендвич Пленумот.