Нови цени на ЈСП, бесплатен превоз за студентите

  • Креатор на темата Креатор на темата Xibalba
  • Време на започнување Време на започнување

Xibalba

Господин Господин
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.098
Поени од реакции
11.508
Локација
Sydney
Премиерот Никола Груевски во вечерашното обраќање на свечената академија во Музејот на македонската борба за државност и самостојност по повод утрешниот државен празник Свети Климент Охридски, најави два проекти, бесплатен превоз за студентите и за средношколците.

Едниот од нив е обезбедување бесплатен превоз за студентите од државните универзитети, а вториот средношколска среда во која средношколците ќе имаат бесплатен железнички превоз, бесплатен билет за жичницата на Водно, како и бесплатни карти за во кино и театар.
 
Дали студентски пленум како реакција ќе протестира против ваквата одлука на владата?
12308746_1701391413424474_3244027970549791924_n.jpg
 
Каков бре прашалник си ставил, Грујо кога ветува исполнува.

Замисли ги сега зајковците кои ќе бидат против предлогот за бесплатен превоз за студенти и средношколци.
 
Ќе се пребиете

Не сум насилен тип да се бијам, плус он е боксер. Туку, не ми јасна фората со бесплатната среда за средношколците кога 99% од нив имаат месечни карти.
 
Ќе ги пофалев за одлуката ако ги вклучеа и Македонски железници во ова, да има и бесплатен превоз за студентите/учениците и таму. Вака градскиот превоз само не ми е ништо посебно..
 
Студентски Пленум
38 mins ·
Ја поздравуваме реформата (бесплатен автобуски превоз за студенти) за која беа потребни 10 години да се донесе... Сосем случајно пред избори. Никола, да те потсетиме дека ние сме студенти, а не овци!

Хихихи не додржаа остатоците од некогашниот спонтан протест а да не напишат нешто.
 
Дали студентски пленум како реакција ќе протестира против ваквата одлука на владата?
12308746_1701391413424474_3244027970549791924_n.jpg
Обичниот граѓанин/студент кој навистина е влезен во пленумот за подобро образование,најверојатно нема.
А главните фаци кои се инфилтираа во пленумот( од Ленка,Солидарност,МоФ итн) радо би направиле уште една збрка ;)
 
Не сум насилен тип да се бијам, плус он е боксер. Туку, не ми јасна фората со бесплатната среда за средношколците кога 99% од нив имаат месечни карти.
Па за тие 1% е одлуката веројатно.
 
Сега ќе видите дека една автобуска карта во џебот на студентот повеќе вреди од сите студентски протести и пленуми.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom