Зошто Македонија почнува да се католизира?

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување
Се доведуваме во прашање,дали полека паѓаме во католичка религија,наместо вистинското прашање дали Македонците и нејзината црква и припадници се вистински верници ?!

Каде е искрено учеството на МПЦ во ширењето и проповедта на религијата?!
Бизнис стана црквата од скапи земјишта коли,ручеци и раздор на македонската дијаспора ...

Каде се македонските верници ?
Гледаат да се тегнат со комшииве Западњаци муслимани во тоа кој ќе изгради повеќе цркви или џамии во земјава.Се почитува адет како што ќе му кажел комшијата или Србите бе така праеле.Не се прашува ни поп ни никој кои се чекори да се запазат.

Се повеќе и повеќе атеисти.Нема католици,нема православни.Само рејтингот на атеистот е се пооре и погоре.Очаен е третманот и почитта.(n)
 
Ппрашањево постави си го себеси .ниту си прочитал ко што треба, а уште помалу си сфатил
Мене ми е се јасно. А тебе и да ти цртам нема да разбереш. Секој има право. Ова никојпат нема да го разбереш.
Се доведуваме во прашање,дали полека паѓаме во католичка религија,наместо вистинското прашање дали Македонците и нејзината црква и припадници се вистински верници ?!

Каде е искрено учеството на МПЦ во ширењето и проповедта на религијата?!
Бизнис стана црквата од скапи земјишта коли,ручеци и раздор на македонската дијаспора ...

Каде се македонските верници ?
Гледаат да се тегнат со комшииве Западњаци муслимани во тоа кој ќе изгради повеќе цркви или џамии во земјава.Се почитува адет како што ќе му кажел комшијата или Србите бе така праеле.Не се прашува ни поп ни никој кои се чекори да се запазат.

Се повеќе и повеќе атеисти.Нема католици,нема православни.Само рејтингот на атеистот е се пооре и погоре.Очаен е третманот и почитта.(n)
Како рече момче? Македонците и нејзината црква? Да се смее ли човек или да ве плаче....
Каде тоа стои дека македонците мора да се православни? Толку ли не сфаќате дека верата е право на избор? Кој што сака ќе биде. Католик, протестант, будист, муслиман.... Па и атеист. Толку ли ти сметаат тебе атеистите?
МПЦ колку сака може да си проповеда својата религија, но само и само во верските објекти, никако поинаку, да те потсетам и тебе и другарчево погоре, секуларна држава сме.
 
Последно уредено:
Каква врска има китењето со религиите. Се е тоа финти на пазарџиите. Тебе украсувањето ли ќе те направи католик?
 
Навистина Кул, зошто морам тебе нешто да ти објаснувам кога ја китам елката?
И уште нешто: Што значи текстот под твоето име?
 
Мислам дека украсувањето на елките и слично е помал проблем од: славењето Валентајн наместо Трифун, глумење блек фрајдеј, танксгивинг, ајс бакет челенџ и слични срања кои у глобала ги превзимаат од западните земји кој се претежно католички.
 
Се доведуваме во прашање,дали полека паѓаме во католичка религија,наместо вистинското прашање дали Македонците и нејзината црква и припадници се вистински верници ?!

Каде е искрено учеството на МПЦ во ширењето и проповедта на религијата?!
Бизнис стана црквата од скапи земјишта коли,ручеци и раздор на македонската дијаспора ...

Каде се македонските верници ?
Гледаат да се тегнат со комшииве Западњаци муслимани во тоа кој ќе изгради повеќе цркви или џамии во земјава.Се почитува адет како што ќе му кажел комшијата или Србите бе така праеле.Не се прашува ни поп ни никој кои се чекори да се запазат.

Се повеќе и повеќе атеисти.Нема католици,нема православни.Само рејтингот на атеистот е се пооре и погоре.Очаен е третманот и почитта.(n)
A по кој закон Македонците се православни?
 
Мислам дека украсувањето на елките и слично е помал проблем од: славењето Валентајн наместо Трифун, глумење блек фрајдеј, танксгивинг, ајс бакет челенџ и слични срања кои у глобала ги превзимаат од западните земји кој се претежно католички.
Освен првото не гледам некаква суштинска поврзаност на останатите со католицизмот. За потпаѓањето под западњачко културно влијание може да се зборува и дискутира.
Се повеќе и повеќе атеисти.Нема католици,нема православни.Само рејтингот на атеистот е се пооре и погоре.Очаен е третманот и почитта.(n)
А во што се верниците подобри од атеистите, ќе ве молам ако би можеле да не удостоите со возвишен одговор?!

На темата.
Оти се поинакви (не се нормални). Они ќе ги "збринат" вашите деца. :pos::vozbud::drk:

http://www.katolici.mk/
 
Последно уредено:
Мене ми е се јасно. А тебе и да ти цртам нема да разбереш. Секој има право. Ова никојпат нема да го разбереш.

Како рече момче? Македонците и нејзината црква? Да се смее ли човек или да ве плаче....
Каде тоа стои дека македонците мора да се православни? Толку ли не сфаќате дека верата е право на избор? Кој што сака ќе биде. Католик, протестант, будист, муслиман.... Па и атеист. Толку ли ти сметаат тебе атеистите?
МПЦ колку сака може да си проповеда својата религија, но само и само во верските објекти, никако поинаку, да те потсетам и тебе и другарчево погоре, секуларна држава сме.
A по кој закон Македонците се православни?
Освен првото не гледам некаква суштинска поврзаност на останатите со католицизмот. За потпаѓањето под западњачко културно влијание може да се зборува и дискутира.

А во што се верниците подобри од атеистите, ќе ве молам ако би можеле да не удостоите со возвишен одговор?!

На темата.
Оти се поинакви (не се нормални). Они ќе ги "збринат" вашите деца. :pos::vozbud::drk:

http://www.katolici.mk/
Чекај те бе,кај избрзавте дека сум рекол и разбравте дека Македонците сум рекол дека ги генерализирам по ЗАКОН и МОРА по секоја цена да се Православни ?! Па ако сака нека и бидат Деца на Атомот,не зборувам како шо мислите .... Не зборувам за тоа ,кај одлетавте бе дечки :pos::ROFLMAO: Зборувам за ДДДД такво квази моралните попови и членови кои глумат наместо да си бидат као што треба.Се прават за пари и помодарство.:pov:
 
Е ако де, исто му доаѓа. Ние сме за поповите.
Колку повеќе они така прават толку повеќе стадото почнува да користи мозок.
Врти, сукај, ќе има ќотек..:pos::ROFLMAO:
 
За справувањето со простотијата

✤✣✤

Неспорно е дека сме некултурни, невоспитани, необразовани, дека се восхитуваме на секаков евтин (но и скап) кич, дека турските сапуници ни стануваат мерка за стварноста и вредностите, дека во кафаните ечи турбо-фолк, дека на празниците и свеченостите го оставаме зад себе и она малку достоинство што го имаме. Сето тоа е премногу очигледно. Прашањето што ме мачи е: дали ако тоа се промени ќе станеме навистина подобри? Дали ако почнеме меѓусебно да се персираме, ако станеме љубезни, ако стекнеме навистина квалитетно образование, ако оформиме добар вкус и почнеме да избираме што ќе гледаме и што ќе слушаме, што ќе читаме и како ќе се однесуваме – дали тогаш навистина ќе станеме подостојни пред очите на Бога?

Milan..Gorgevic_1_.jpg

Секогаш кога ќе отидам во Германија ме восхитува културата и образованоста типични за просечниот Германец, но ми паѓа и уште една работа во очи: и во Македонија и во Германија христијанските храмови во главно се празни. На едно место од едни, на друго место од други мотиви, луѓето како да го заборавиле Бога, како да заборавиле на Христа. Можеме до утре да бараме виновниците: кај другите, кај римокатолиците, кај протестантите, кај атеистите, кај Евреите, кај масоните, кај вонземјаните и т.н. Фактот останува: христијаните или ги нема, или станале невидливи.

Бесполезно е да се залажуваме со просветителскиот мит дека образованоста може од нас да направи совршени луѓе. Единственото што образованоста може да го направи е да ги реализираме на подобар начин своите природни потенцијали. И неспорно, така треба и да биде. Но, тоа не може само по себе да не донесе до Царството Божјо. Евангелието го нема ниту по скопските биртии, во кои распашаните „бизнисмени“ им лепат евра на турбо-пеачките, ниту по келнските паркови во кои средновечните геј-парови си ги шетаат кучињата држејќи се за раце. Стварноста ни се случува пред очи, а христијаните (или оние кои се уверуваат себеси дека сѐ уште се христијани) молкум гледаат и немаат поим што да прават со себеси и со светот околу себе. Го оставаме овој век да тече и со себе да ја однесе сета наша вера, сите наши ближни, а на крај и нас самите.

Впрочем, како воопшто ќе има Христијани ако не го сведочиме Евангелието? А како да го сведочиме Евангелието кога самите сме го заборавиле, кога водите на овој свет и век го избришале од нашата свест и совест? Основните Христови заповеди за тежнеењето кон совршенството, за носењето на крстот, за служењето на ближните, за одважноста при сведочењето, за божествената љубов – и на „културните“ и на „некултурните“ денес им изгледаат како бесмислици (впрочем, исто како на „Елините“ и на „Евреите“ од времето на апостолите). Причината за тоа лежи во фактот дека тие заповеди немаат ништо заедничко ниту со нашата пост-социјалистичка нео-отоманска „култура“, ниту со вредносниот систем на западното просветителство.

Евангелието, всушност, нема за цел да ги укине класните и културните разлики меѓу луѓето и народите. Тоа има за цел да ги преобрази, да им даде смисла, да ги облагороди. Кога човек ќе заживее во Христа – нема да му бидат задолжително потребни високо образование и научени манири за да познае што е кич, а што не е; што е воспитание, а што е простотија; што е достоинство, а што е себепонижување. Всушност, во секој народ, во секоја култура, во секоја класа – постои начин како да се биде и воспитан, и достоинствен, и чесен, и мудар. Она што треба да го промениме не е едноставно класата, народот, манирите – туку умот, самиот начин на кој гледаме и мислиме. Денес толку избегнуваниот збор „покајание“ го означува токму тоа: промена на умот, преумување кое човекот го постигнува познавајќи го Христа и донесувајќи одлука „самиот себеси и сиот свој живот“ нему да му го предаде.

Преземено од Премин Портал
 
Католиците китат ден - два пред Божик, ако не и на самиот ден...
И ај ве молам објаснете ми шо има врска китењето елка со христијанството ( православно, кривославно или кое и да е )?
 
дедо Мраз е свети Никола
 
дедо Мраз е свети Никола

Тоа е најбитното , нели...:LOL:
Инаку, затоа елката кај нас се кити пред свети Никола. И шо се бунат демек рано сме кителе - сеа сме технички ,, пред ,, свети Никола...
 
Е море Кул, шо ја почна темава коа нигде те нема? Башка не ни одговори на некои прашања
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom