80 ти и 90 ти?

  • Креатор на темата Креатор на темата BlAcK_MamBa
  • Време на започнување Време на започнување
Ме потсетува кога на вести имаше суреални информации

Маслото се поскапува за 130%
Лебот поскапе за 80% во текот на една недела

Се почна со ова по неколку години од смртта на другарот (обратете внимание на цената)

ZLATNA-SERIJA-STRIP-BROJ-773-OCAJNICKI-KRIK-ZAGOR-_slika_L_397591.jpg


Па заврши со ова (и повторно обратете внимание на цената)
ZAGOR-ZS-934-Do-poslednjeg-daha_slika_O_660154.jpg


Некогаш кога ќе имам повеќе време ќе напишам пообемно на темава, инаку мои најомилени години
 
90ти. Времиња коа секое дете имаше вакво
220px-Tamagotchi_0124_ubt.jpeg

И не само тоа, тетрис, нинтендо, еден куп дискети детска пошта, клик-клак... Интересни времиња. Многу смешна мода сепак. Правоаголна штикла, 3 броја поголеми кошули, тапиранки косички и кремчиња, едно кило лак на 3 прамена, светки, и памтам дека беше у мода на малите деца да им се ставаат миленца околу вратот :D. Музиката беше одлична. Феноменот Бој Бенд коа сите се облекуваа во бело, и сите играа некоја чудна кореографија со бавни движења на рацете кон камерата :D.
Исто и телевизиските програми. Кој не се утепа гледање народни приказни?
Ами оние дизни филмовине? Кралот лав, Заспаната убавица, Снежана, Пепелашка? Гим имавме по касети и 2 пати у денот премотуј ги. Уште ги знам песните од Малата сирена напамет.
Cartoon Network коа го пуштија, сите гледавме со саати Декстер, Пауерпаф грлс, Џони Браво и така натака... ми недостигаат.
and this
ayaotd.png

факинг јеа!
П.С тие шо се родени 1999 не можат да се фалат дека се 90's kid.
 
коа човек ќе гледа слики стари, и коа ќе види колку бил беспомошен... и колку смешно изгледа.
hahahahha- u pravo si
bratuchetka mi pokraj milencata imashe pandelki 10 pati pogolemi otkolku kikite na glavata :pos:
--- надополнето: Aug 5, 2011 7:39 AM ---
најдов таква фотографија- стварно лудило :ROFLMAO:

1sep.jpg
 
ами на свадбите бовчите се виткаа у шо попроѕирна фолија да може од далеку да се види шо купиле кумовите :D
 
Beverly-Hills-90210-tv-72.jpg
turbo-gum.jpg258804604_tp.jpgzivotinnjskocarstvotj5.jpgwalkman-1979.gif
За жал не можев да најдам слика од Снежец и Слонче сладоледите и оние бициклистичките во кои кисневме ( обично беа црни со дреч зелено или розево од страните) :D
 
Еве како изгледаа спотовите на тв, во 90-те:


Посебно јак беше плејбекот кога инструментите свиреа и без електрична енергија.

Тогаш, и вакво моеше да пројде на тв:

 
Еве како изгледаа спотовите на тв, во 90-те:
Тогаш, и вакво моеше да пројде на тв:
Сакаш да кажеш дека денешните лоши порнографски спотови на ѕвездите (Rijana, Gaga итн) се подобри, барем ако не за друго во тоа време после 12.00 пуштаа порничи на телевизијата а сега нема
 
Сакаш да кажеш дека денешните лоши порнографски спотови на ѕвездите (Rijana, Gaga итн) се подобри, барем ако не за друго во тоа време после 12.00 пуштаа порничи на телевизијата а сега нема

Па продукцијата е каде каде подобра и подруго овој е снимен со најобична камера, и ако можиш да забележиш на почетокот, тргнува, па застанува па полека забавува се познава целот неаматерско снимање и мн се интересни тие спотови аматери кои ги правеа денес имаш спот над спотовите да најдиш:)
Е сеа само спотовите се развиваат али песните се погрди од тие од 90-те.
 
Ау, многу носталгичен сум по 90-тите, 80-тите не ги фатив многу, роден сум во 1984, ама уште се сеќавам на Бранко Коцкица, Надреалистите, Бољи Живот... :pos:

А од 90-тите имам многу спомени, нинтендо, тетрис, флипери, па кога го отворија 3 тиот канал на МТВ, даваа понекогаш пренос од MTV, па музика добра слушање на касета, па преснимување од ЦД итн. Воопшто музиката беше многу подобра тогаш, денес е се тешка комерцијала, сите песни ми звучат исто како во калап правени, нема талент...

Имаше и негативни страни, војните на ЈУ просторите, појавата на турбо фолкот, наркоманијата зеде голем замав тогаш, појава на олигархија ама мислам дека подобро и побезгрижно се живееше тогаш, денеска се е напнато, немаштија, криминал голем, нема човечност, партизираност...
 
Би живеел у 90тите дефинитивно. Нинтендо, поп-панк, чипичан, вокмени, јаки серии на тв, ВХС касети, скејт, нема интернет и компјутери толку распространето за да се замараат луѓето итн.
 
Можевме цел ден да го поминиме без денар в џеб и пак да ни е ок.Тешко сегашниве 'деца'...
 
80ти, Макарска,патување на море со застанување на пољанче за јадење, никој не те прашува кој си шо си,Дубровник 20дена, после 1 недела Охрид, нема чаши, од шише кока-кола,ама исти пари ке потрошиш во Охрид за 1 недела како тие 20дена во Дубровник, Загор,словенечки часопис Младина,Алан Форд,грамофони Тоска, по лубеници, даски за пеглање во Грција ,101,навечер во Букет, виски со кока-кола, овде не бива, мењаме локал, бифе Драмски , кај Саво, Бифе Театар Центар,и пак иста пијачка, па во Охрид, немало место во Десарет, ајде до Калишта, не бива, назад, нешто ефтин бензинот беше изглеа, со Младина по трагите на Сутјеска, Тјентиште, Похорје, Велење, е, убави времиња, убаво за сеќавање, ама пак сега: мобилки, ПС, Нет, скајп....
 
Ех,го имав тигаров како играчка, ми беше една од омилените :place:.
Роден сум 1994 па не сум видел баш многу од деведесеттите,ама имам убави спомени:
Ѕвон на МТВ,МТВ 2 се уште беше на македонски јазик(колку што се сеќавам единствено гледав само МТВ имаше стварно БОГАТА програма), бингото со Александар Сидоровски, дуелите на Победа со Парма и Перуџа, гледањето цртани на видео, касетите од Џемо Биљбил,Картун нетворк со Dexter,Powerpuff Girls,Johnny Bravo,Cow and Chicken,I am Weasel и понеделник навечер со класични цртани како Droopy i Yogi Bear, 8 битните игри на Нинтендо,навивав за Манчестер Јунајтед со Енди Кол,Двајт Јорк и Оле Гунар Солскјер,Премиер Лига на МТВ,Голема книга за забавачиња која уште ја чувам итн. итн...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom