80 ти и 90 ти?

  • Креатор на темата Креатор на темата BlAcK_MamBa
  • Време на започнување Време на започнување
Хммм.да..би сакала да живеам во 80-тите..Сметам дека тоа е најубавиот период.. Модата..Музиката..Најдобрите песни на сите времиња биле создадени тогаш..:toe:

Чиста спротивност на денешницата..:smir:
 
80tite definitivno , iako sum roden vo 1990!
Samo zaradi JUGOSLAVIJA i YU ROCKot!!!:wink:
 
Јас ги живеев 80-тите и 90-тите, детството и teen периодот.
Секогаш носталгично се сеќавам на тие минати времиња, на луѓе, настани, предмети...
Времиња кога стариве мои земаа плати кои беа релативно високи, а немаше што да се купи, па одевме во Грција, и се радував на Кока - кола лименка купена оттаму, Nike патики, и такви работи, лебедовата песна на системот на СФРЈ...тоа за 80-тите...
Во 90-тите бев тинејџер. Отварање на општеството, масовно прифаќање на западната поп-култура, која освен доброто го донесе и лошото... Бурни времиња во новосоздадена самостојна Македонија. Чекавме секоја седница на ЕУ да не признаат...Бугари кои шверцуваа се и сешто за две червени :) па и бензин за 21 ден./литар... Тогаш беше кул да се има кола (1995), а сега е битно каква кола имаш... Сепак убави, интересни времиња.
se slozuvam drugar potpolno,no vo 80 se sekavam i na bonovite za prasok ,redicite za nafta zimno vreme.......
 
..Со овие години што ги имам би сакала во 80-те.Лудо било.Барем како што ми раскажувваат постарите.:pipi:
 
не сакам назад сакам напред .. да видам ШТО ПОНАТАМУ
 
90-тите се класика за мене... :)
најубавиот и најбезгрижен дел од животот... (со оглед на тоа што бев дете)
 
Негде измеќу доцни 80ти и рани 90ти :)))
 
Не сакам да се вратам на вчера,а не 20 години наназад.
Сакам да видам утре како ќе биде.:pipi:
 
Негде измеќу доцни 80ти и рани 90ти :)))

Добар период.Би сакала да поминам некако низ тие години,да го доловам филингот заради музиката највеќе и поразличниот стил на живеење од сега.
 
Со оглед на тоа што сум од 90-тите, а како последица на тоа што ми е презентирано од 80-тите, би сакал да живеам во овој период во кој сум сега, но со навиките кои ги имале во 80-тите. Некако многу ми се интересни сите тие начини на живеење, начинот на облекување, музиката...
Ај лав ит:vozbud:
 
80-тите биле убави години:)Јас сакам сега да си живеам,убаво е времево.Само има некои работи кои тогаш повеќе ми се допаѓаат.На пр. денес познати музичари има мноогу!!!Ќе направи некој 2 песни и познат е веќе.Тогаш било поинаку,се станувало познат само со талент и голема упорност.Ми се допаѓа и музиката од тоа време многу!:vozbud:Едни од најубавте песни.Незнам точно во кои години било тоа облекување ама ептен ми и убаво:Класични плави фармерки и широки блузи п кратки или пикнати во фармерки или извадени надвор:vozbud::vozbud:
 
Sakam da se vratam u 90te, koa bev dete i ne mislev na niso.
 
se slozuvam drugar potpolno,no vo 80 se sekavam i na bonovite za prasok ,redicite za nafta zimno vreme.......

Боновите за бензин мислиш...возење по пар-непар систем...редиците во продавниците, а таму празни рафтови...станувањето во 4 ипол и редиците за леб и млеко...рестрикциите на струја...денес нема струја во тој и тој реон од толку до толку часот...
Дел од лошите работи на `80-тите...
за бензинот ја заеба работата Милка Планинц...Претседателот на Сојузниот извршен совет на СФРЈ (Влада)...немаше девизи за да увезат нафта...
 
Боновите за бензин мислиш...возење по пар-непар систем...редиците во продавниците, а таму празни рафтови...станувањето во 4 ипол и редиците за леб и млеко...рестрикциите на струја...денес нема струја во тој и тој реон од толку до толку часот...
Дел од лошите работи на `80-тите...
за бензинот ја заеба работата Милка Планинц...Претседателот на Сојузниот извршен совет на СФРЈ (Влада)...немаше девизи за да увезат нафта...
Се сеќавам на тие времиња,немаше кафе,шеќер,зејтин...Тогаш бев осмо одделение и правевме писмена по Англиски јазик,еден ученик кој не беше добар со Англискиот седна до мене за да препишува,јас ако ставам запирка става и тој,јас ако ставам прашалник става и тој и на крајот тој петка а јас четворка а зошто,мајка му беше продавачка во тоа време и за наставничката во секое време имаше по нешто од она што беше дефицитарно? :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom