80 ти и 90 ти?

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
80 ти и 90 ти..
Леле еј,на 80 ти не се сеќавам ги затворив со своите 4 години па освен на Чунга лунга и Животинско царство не ми текнува на нешто друго.
90 ти ме потсеќа на Студени Нозе,на Водени Лудории ама и на транзиција,мачни години беа тие за нашето општество,што ќе ви како се живеело 90 те некаде,овде кај нас беа општа мизерија.
Колку и да кука некој да се врати нешто назад или некој што сега има 20 и кусур години да живее тогаш да го пуштат една недела нема да издржи,премногу сме навикнати на комодитетот што го имаме сега.Сега не комуницираме преку писма и телефон на кој дур завртиш ќе заборавиш за што се јавуваш.Сега бре човече имаш ФБ,МСН,мобилен сите ти се на дофат,музиката што сакате кажете достигна максимум се сервира се за сечиј вкус,е сега на некој не му одговара капитализмот,пошто може да те сомеле за кратко време...
Најголем дострел е што сега човек може да бира.
 
Член од
14 август 2010
Мислења
5.509
Поени од реакции
5.821
Знаеш дека си роден во '80 ако

Денес децата живеат сосема поинакво детство. За 10 години се променија многу нешта. Денес знаеме да кажеме „Ех во наше време што убаво беше...“
Ова се однесува за сите оние кои го живееле своето детство во осумдесетите и деведесеттите.

Во што уживавме во тоа време:

1. Секое утро ја чекавме новата епизода на „Тропска горештина“

2. Мобилен телефон беше дозволен само на возрасните, а оној кој имаше пејџер беше фаца.

3. Игравме „на тапка“ и „џамлии“.

4. Девојчињата играа ластик, цигари, штркот бара боја, плочка.

5. „Сакате ли војна“ беше доживљај.

6. Собиравме албуми „Ав, ав“, „Space Jam“, „Барби“...

7. Плачевме кога умре татко му на Симба.

8. Мајките не викаа од пред врата за да се прибереме дома.

9. Излегувавме во “МНТ“, „Мусандра“, „Булевар“, „Кабрио“, „Сабвеј“, „Уна“...

10. Носевме „Phard“ и „Бенетон“.

11. Сакавме да живееме како во „Беверли Хилс“ 90210.

12. „Дајте музика“ и „Бушава азбука“ ни беа омилени емисии.

13. Безгрижно си игравме по цели денови на улица, се каравме кој да биде во средина на „народна“

14. Заспивавме со „Мечето Ушко“ во 19 и 15.

15. Гледавме Cartoon Network по цел викенд.

16. Собиравме жетони тасо.

17. Авионите фрлаа летки, а ние се собиравме и викавме „Чичко пушти леткиии!“.

18. На трага од авион “Прва моја среќа“.

19. Лепевме постери од „М&М“, „Cioe“, „Bravo“.

20. Излегувавме на кругче.

21. Фризура со кремче беше хит.

22. На зимски распуст сите следевме „Зимска рекреативна програма“ .

23. Имаше опасно добра шема на лизгалиште.

24. Одевме на зимување во Крушево во Шуламина и Илинден.

25. Славевме Нова година во куќи и станови и не бркаа во 01.00 по полноќ затоа што правевме бељи, а и толку ни беше дозволено од дома.

26. Носевме комбинезонки од МакЏинс и фармерки цевки.

27. Читавме „Другарче“, „Развигор“ и „Наш свет“.

28. Одевме во „Египет“ и „Малага“ на сладолед.

29. Бевме безгрижни и среќни деца!
 
Bavarecot

Доле Влада !!!
Член од
4 март 2008
Мислења
2.813
Поени од реакции
358

Немој,ме фаќа носталгија(имавме најубаво детство)

Денешниве копиљаци го немаат ова,само поради едно нешто ИНТЕРНЕТОТ!!!
 
Член од
16 април 2010
Мислења
2.558
Поени од реакции
1.503
80тите не сум ги живеел будејки сум роден 90тите. Било убаво деведестите имаше поголема дружба играње надвор камај, џамлии, сакате војна, бељи низ маало, фудбал собрани сите маала на едно место, и ред други работи. Но 90тите беа и дамка во мојто живот поради болеста на братучед ми, војните во 90тите, кршење на амаериканската амбасада поради бомбардирањето на Србија 99 и ред други работи, затоа повеќе би сакал да живеам во 80тите ама не крајот поради една причина
со што му се долеа масло на огнот.
 
V

Vollstandig

Гостин
од 90-те памтап, животинско царство, јура шекерчина, касетофони, касети, па нинтендо, стари телевизори и тн. не памтам кој знае колку работи, ама ми оставија впечаток, тие парите шо беа по 20 денари:)
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073

И кога 100 денари беа големи пари за нас малите :)
 
Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.387
Баш пред ден два си правевме муабет со другар ми, дека повеќе нема малска дружба, нема детска игра надвор по улиците сите играат LAN од дома. Прават муабет преко интернет. Порано моравме да излеземе и да седиме негде за да правиме муабет, за да ја видиш симпатијата мора да отидеш до нејзиното мало и да ја гледаш кај седи со другарките. Сега за да видиш некој отвараш сајт и гледаш у слики. Немавме мобилни телефони и пак се наоѓавме, ако треба цел град ке го свртам ама ке го најдам другар ми. И тука е убавината, во губење време. Сега сите се достапни. Сега можеш да најдеш било кого во било кое време, а тоа не е убаво.
80-90 ми се познати по квалитет. Се беше квалитетно, сега све е квантитет.
 
Член од
8 декември 2010
Мислења
511
Поени од реакции
131
samo vi zavidvam na site vie koi ziveevte vo tie vreminja :nerv: ..... a najpoveke zarado muzikata yu rock ehhh.... koga bi odbral bi odbral 80 tite iako sum roden vo devedesettite imam dobri spomeni ama bev malecok i nemozev da se iznauzivam vo toa vreme
 
Член од
28 март 2006
Мислења
18.048
Поени од реакции
12.834
Лесно можете да симулирате начин на живеење од 80-тите.
Договорете се да ги заклучите некаде мобилните, дивидијата, на компјутерите да им ставите рандом лозинки и да оставите џепарлак колку за џамлии и (еднаш дневно преку сила, ни толку) јупи.
Инаку џамлии, фанта, жмурки... можете да ги играте и сега (со договор преку мсн, форум...), спој на старото и новото :)

ова е само мое видување, ми недостига едино од други аспекти (економска сигурност-навистина недостига- и воопшто јавна безбедност)
Сегашните млади генерации ќе се навраќаат на почетокот на 2000-тите како ние на 80-тите...со носталгија.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Добра тема за евоцирање на спомени, све почна од песнава

90 ти се дефинитивно најромантичната епоха од настанокот на светот :)

имав црвен BMX и буквално не се делев од него, да може да прозбори сега у подрум ехеее тоа романи ќе се напишат

Ха уште се сеќавам на дуелите помеѓу Булси и Јута Џез, како и ривалството за МВП помеѓу Мајкл Џордан и Карл Мелоун

паралелно на НБА во Македонија кошарката во тој период го имаше достигнато врвот, особено дербито помеѓу

vs

Ама џабе им се сите титули на Работнички кога вакво нешто никогаш нема да доживеат

Перо Блажевски "златна рака"

Од музика нормално

како и гранџ фазон

ваква само црвена

обавезно и високи старки, се сеќавам кога мајка ми ја однесов да ми купи маица од Нирвана, тоа ми беше прва маица од бенд, штета што не ја задржав, му ја поклонив на внук ми. Мега популарни беа и бој и грл групи ко Бекстрит Бојс и Спајс Грлс, како и да е тогаш имаше смисла да се слуша поп музика. Потоа нормално следат

The Fat of the land го рокав на касета на едно мало радивце буквално по цел ден. Од игри

Нормално покрај ова по цел се играше фудбал у школо, баскет, жмурка, долга магарица, солено итн. Од серии нормално е да ги издвоиш Беверли Хилс и Тропска Горештина, после нив култна стана и Касандра која значеше и воведување на сапуниците во Македонија.

ми беше омилен кога одев во градинка и забавиште

Меѓу овие мора да се спомне и Балтазар
 
Член од
25 ноември 2009
Мислења
1.281
Поени од реакции
273
Знаеш дека си роден во '80 ако

Денес децата живеат сосема поинакво детство. За 10 години се променија многу нешта. Денес знаеме да кажеме „Ех во наше време што убаво беше...“
Ова се однесува за сите оние кои го живееле своето детство во осумдесетите и деведесеттите.

Во што уживавме во тоа време:

1. Секое утро ја чекавме новата епизода на „Тропска горештина“

2. Мобилен телефон беше дозволен само на возрасните, а оној кој имаше пејџер беше фаца.

3. Игравме „на тапка“ и „џамлии“.

4. Девојчињата играа ластик, цигари, штркот бара боја, плочка.

5. „Сакате ли војна“ беше доживљај.

6. Собиравме албуми „Ав, ав“, „Space Jam“, „Барби“...

7. Плачевме кога умре татко му на Симба.

8. Мајките не викаа од пред врата за да се прибереме дома.

9. Излегувавме во “МНТ“, „Мусандра“, „Булевар“, „Кабрио“, „Сабвеј“, „Уна“...

10. Носевме „Phard“ и „Бенетон“.

11. Сакавме да живееме како во „Беверли Хилс“ 90210.

12. „Дајте музика“ и „Бушава азбука“ ни беа омилени емисии.

13. Безгрижно си игравме по цели денови на улица, се каравме кој да биде во средина на „народна“

14. Заспивавме со „Мечето Ушко“ во 19 и 15.

15. Гледавме Cartoon Network по цел викенд.

16. Собиравме жетони тасо.

17. Авионите фрлаа летки, а ние се собиравме и викавме „Чичко пушти леткиии!“.

18. На трага од авион “Прва моја среќа“.

19. Лепевме постери од „М&М“, „Cioe“, „Bravo“.

20. Излегувавме на кругче.

21. Фризура со кремче беше хит.

22. На зимски распуст сите следевме „Зимска рекреативна програма“ .

23. Имаше опасно добра шема на лизгалиште.

24. Одевме на зимување во Крушево во Шуламина и Илинден.

25. Славевме Нова година во куќи и станови и не бркаа во 01.00 по полноќ затоа што правевме бељи, а и толку ни беше дозволено од дома.

26. Носевме комбинезонки од МакЏинс и фармерки цевки.

27. Читавме „Другарче“, „Развигор“ и „Наш свет“.

28. Одевме во „Египет“ и „Малага“ на сладолед.

29. Бевме безгрижни и среќни деца!

1.Најдобра серија forever:vozbud:
2.Ме потсети на доста смешни случки:pos2:
3.:pipi:(Знаеш :kesa::pos:)
 
I

Ivanovska

Гостин
Иако не сум од 80 туку од 90, ќе искоментирам затоа што сепак 80 и 90 беа слични. :) Болдираното е мојот коментар.

Знаеш дека си роден во '80 ако

Денес децата живеат сосема поинакво детство. За 10 години се променија многу нешта. Денес знаеме да кажеме „Ех во наше време што убаво беше...“
Ова се однесува за сите оние кои го живееле своето детство во осумдесетите и деведесеттите.

Во што уживавме во тоа време:

1. Секое утро ја чекавме новата епизода на „Тропска горештина“ - а сега секое утро ги чекаат репризите на американските филмови полни со насилство, па си легнуваат

2. Мобилен телефон беше дозволен само на возрасните, а оној кој имаше пејџер беше фаца. - а сега децата од 5 години имаат скап мобилен, лаптоп и плејстејшн

3. Игравме „на тапка“ и „џамлии“ - а сега се игра љубовно шише

4. Девојчињата играа ластик, цигари, штркот бара боја, плочка. - а сега вртат гзови во дискотека

5. „Сакате ли војна“ беше доживљај. - а сега пушење цигари и пиење алкохол

6. Собиравме албуми „Ав, ав“, „Space Jam“, „Барби“...- а сега собираат слики од голи мажи/жени

7. Плачевме кога умре татко му на Симба.- плачат на шпанските сапуници

8. Мајките не викаа од пред врата за да се прибереме дома.- сега им звонат во 2 сабајле да си дојдат дома

9. Излегувавме во “МНТ“, „Мусандра“, „Булевар“, „Кабрио“, „Сабвеј“, „Уна“...

10. Носевме „Phard“ и „Бенетон“.

11. Сакавме да живееме како во „Беверли Хилс“ 90210. - сега како во холивуд

12. „Дајте музика“ и „Бушава азбука“ ни беа омилени емисии. - а сега емисиите за познатите на странски телевизии

13. Безгрижно си игравме по цели денови на улица, се каравме кој да биде во средина на „народна“ - спијат до 15 часот и дремат на пц до 21 кога треба да излезат

14. Заспивавме со „Мечето Ушко“ во 19 и 15. - сега заспиваат со компјутерот во 4 часот сабајле

15. Гледавме Cartoon Network по цел викенд. - по цел викенд на пц

16. Собиравме жетони тасо.

17. Авионите фрлаа летки, а ние се собиравме и викавме „Чичко пушти леткиии!“. - сега коментираат за луѓето околу нив

18. На трага од авион “Прва моја среќа“.

19. Лепевме постери од „М&М“, „Cioe“, „Bravo“.

20. Излегувавме на кругче. - сега по кафичи и диско до сабајле

21. Фризура со кремче беше хит. - сега некои чудни фризури

22. На зимски распуст сите следевме „Зимска рекреативна програма“ . - а денес сите го следат екранот на компјутерот

23. Имаше опасно добра шема на лизгалиште. - а сега во парк проследено со натпревар кој повеќе ќе испие

24. Одевме на зимување во Крушево во Шуламина и Илинден. - а сега нормално на странски планини, како да не се убави нашиве

25. Славевме Нова година во куќи и станови и не бркаа во 01.00 по полноќ затоа што правевме бељи, а и толку ни беше дозволено од дома. - а сега до 9 сабајле

26. Носевме комбинезонки од МакЏинс и фармерки цевки. - а денес најскапа облека од најк, адидас, пума итн

27. Читавме „Другарче“, „Развигор“ и „Наш свет“. - денес плејбој и списанија за каков ќе биде првиот секс

28. Одевме во „Египет“ и „Малага“ на сладолед.

29. Бевме безгрижни и среќни деца!
Иако со некои работи се согласувам и ги сметам за сосема нормални, некогаш денешниве деца брзаат да пораснат. И јас не сум којзнае колку стара и некои од овие работи ги имаше и во мое време, па и јас сум ги имала, но некои работи се претерани.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Незнам дали е спомнато, ама
скоро сите во 90-тите мразеа техно и беа некој рок стил ама сега џускаат на David Guetta/Tiesto
 
V

Vollstandig

Гостин
Ej jaс тој период па обожавав техно управо тогаш излезе во мода техното овдека со D-Devils 6th gate и така некој ретро песнички уште стои касетата од нив. Не верувам сите да мразеа тогаш техно али верувам да секој не знаеше што е техно:))
 
Kajgana Shop

На врв Bottom