Tonchie
BATTERY +
- Член од
- 15 јуни 2005
- Мислења
- 13.526
- Поени од реакции
- 8.244
80тите:
Собирање по година и кусур албум Животинско Царство, притоа обавезно носење на дупликатите кога се иде на гости кај роднини и пријатели, за ако случајно собираат одма да се мењаме. - Денес го имаш www.slikicki.com и можеш и за три месеци да пополниш албум доколку се посветиш малку посериозно. Додуша и пакетите кои се добиваа како награда за собран албум се различни. Тогаш се праќаше албумот во Загреб и после месец дена ќе ти стигнеше проверен, чкртнат и со пакет кој беше гоооооооолем, пола фрижидер да наполниш. Денес идеш у продавницата на Краш на Рекорд и веднаш ти даваат пакет кој тежи околу 1800 грама од кои најголем дел се бонбони и наполитанки.
Патики SIMOD, толку се имаше пари, немаше за поубави. фармерки Pirosi (to svako dupe nosi) и Vinka Виница.
Гледање Бољи живот (беше гледано ко денес сапуниците) па после тоа цртаниот филм во 19:15, јееее
Балтазар, Лили пут пут, Мечето ушко, Кукури и Кокода, Микроби.
По цел ден се играше надвор. Се аплаудираше на младинки и младинци кои одеа на работни акции.
Се читаше Политикин Забавник.
На ливадите покрај автопатот се случуваше туристи од Полска, Чехословачка и слично да распнат шатор за да одморат додека патуваат автостоп низ Европа.
90тите:
За почеток на 90тите, моето село доби водовод, еееј водовоод, нема веќе мајка ми да пумпа вода на пумпа за вода, па да ја грее во лонец за да не избања мене и мојата сестра.
Неколку години подоцна и улицата ми ја асфалтираа, додуша тоа е локален пат кој поврзува уште две села, ама кој ги врти селаните, нека одат пешки у кал, а оние што имаат коли нека менуваат амортизери секоја година, бидејќи се распаѓаа по дупките.
Средина на 90тите добивме и телефон. Ејјј телефооон. Тоа што плативме 1300 марки не ја намалува радоста бидејќи претходно ако сакаш да се чуеш со роднините у Белград, или Кочани, треба да одиш во град па таму од пошта да вртиш, бидејќи беше поефтино отколку на трафика. И Милко беше најредовен на Вашите 5 минути. Неговите плаќаа сметки по 2000 денари додека сите останати плаќаа 100-200.
Се појавија и жешки линии, па оператори од ПТТ (пошта телеграф телефон) ги пренасочуваа мерачите на импулси на обични граѓани, и после чуди се зошто имаш сметка за телефон повисока од твојата плата.
Се гледаше НБА со коментарот на Љубомир Николовски и се играше по цел ден баскет на маалскиот кош, па се идеше по други маала да се смени малку
Македонската фудбалска лига привлекуваше публика на стадионите.
Се лепеа постери од Браво и Cioe.
Се гледаше К3 (трет канал на МТВ) посебно кога водителка беше Живкица Ѓурчиновска, до 10 саат по што следеше филм.
Се грицкаа Читос, Череза и ... како и да се викаше, па се збираа Тасо жетони, се гледаше А1 телевизија. Утринска програма знам деца се натпреваруваа играјќи на нинтендо. После тоа имаше К-15, Џандар Збира.
Се купуваше Дневник бидејќи чинеше 5 денари.
Се носеше adidas torsion, NIKE AIR MAX, Reebok PUMP, нормално, доколку имаше да дадеш 200 марки за патики. Оние кои немаа носеа шангајки, adibass, NIKKA, Reabuk и останати кинески чкартови.
Она што не го доживеав, бидејќи бев сиромашно момче од село се журките во МНТ, Метропол кога фучеле трансови до 7-8 сабајле или поточно додека и последниот натаблан рејвер не падне на земја. Ама касетата на која беа преснимени песни од the Prodigy не се вадеше од касетофон.
103ка беше единствено радио на кое можеше да се чуе свежа музика, а радио станици имаше пун куп, доколку потенциометарот на радиото не ти е стабилен, радиото само си менуваше радио станици, бидејќи беа ептен блиску една до друга на ФМ скалата.
Фучеа поздрави и честитки на неколку турбо фолк радија.
Се дркаше на хрватското Вручи Кај, српското Еротика и македонското Табу. А после 12 на еротските филмови на RTL кои идеа преку К3 на МТВ. И нормално касети на кои понекогаш едвај нешто се гледаше од што беа премногу вртени на видео рекордер.
Кон крајот на 90тите, VooDoo ја исфрли на пазар првата графичка картичка која поддржуваше 3Д во компјутерските игри.
До тогаш се кршеа џојстици на Nintendo и Atari.
ЈСП доби автобуси MAN кои беа пуштани само на градски линии, на селските сеуште идеа Ikarus.
Daewoo Tico беше најпопуларно количе, а веспите Piago беа вистински хит иако чинеа 4000 марки, оние кои немаа возеа Tomos.
Романци се снаоѓаа како можеа и умееја за да стигнат до Грција за да работат како илегалци таму, или со брод да заминат во некоја друга земја. Бугарите носеа од пиле млеко за 2 червени. Ама после фати кризата па престанаа да доаѓаат бидејќи никој не купуваше.
Ај доста е. Ако има некој да дополни нешто, нека повели.