8 тотални збунки

  • Креатор на темата Креатор на темата Annabel
  • Време на започнување Време на започнување
(Без молив, хартија, дигитрон, компјутер. На памет!) Земете 1.000, додадете 40. Сега додадете 30. Плус дополнителни 1.000. Уште 20. Сега додадете 1.000. Плус 10. Плус 1.000. Кој е конечниот резултат?

- И јас се збунив на почетокот, и мене ми искочи резултатот 5000. Грешката се прави кога додаваш 10 на дотогаш добиенот резултат 3090. Сите автоматски рачунаат + 10 дека е 4000, а всушност е 3100. На крај уште 1000че и ете ти 4100.:smir:
Добро трикче е ова со збирот. :)
 
1. Убиец осуден на смрт, може да одбира помеѓу три соби: Во првата има пожар, втората е полна со вооружени убијци а третата е полна со лавови кои 3 години немаат јадено. Која соба е најбезбедна за него?

2. Може ли да наброите 3 последователни денови без да ги користите зборовите: понеделник, вторник, среда, четврток, петок, сабота или недела.
086888707E359643815FF65AC114602E.jpg

3. Што е црно кога го купувате, црвено кога го користите и сиво кога ќе го фрлите?

4. Магионичар се фалел колку можел да издржи под вода и дека рекордот му бил цели 6 минути. Едно дете што го слушало, му рекло дека тоа не е ништо и дека без никаква опрема ќе издржи под вода цели 10 минути. На ова магионичарот рекол дека ако успее да го направи тоа ќе му даде 10.000 евра. Детето успеало и ги добило парите. Како?

5. Учествувате во трка, го минувате вториот. На која позиција се наоѓате?

6. Ако го претркате последниот на која позиција ќе се најдете?

7. (Без молив, хартија, дигитрон, компјутер. На памет!) Земете 1.000, додадете 40. Сега додадете 30. Плус дополнителни 1.000. Уште 20. Сега додадете 1.000. Плус 10. Плус 1.000. Кој е конечниот резултат?

8. Таткото на Мери има пет ќерки: 1. Нана, 2. Нене, 3. Нини, 4. Ноно. Како се вика петтата ќерка?

Колку успеавте да одговорите?
3DAEDA598C8CA143B0C473FB86523A55.jpg

Одговорите на сите, покасно :wink:

Пробајте одговорете ги вие па ќе видиме колку се точни :smir:
1. Осуден на смрт е, сеедно би му било..
2, Вчера, денес и утре
3, Нешто како јаглен.. тој е црн кога се купува, додека се користи т.е. додека гори е црвен, а пепелот што се фрла е сив.
4, повеќе начини има..
5, Втор
6, Ако се врти во круг, тогаш зависи од бројот на учесници, најверојатно ќе си останеш ист.. ако не се работи за круг, како ќе се престигнеш себеси?
7, 4100
8, Нуну
9,

( не ги видов одговорите од никого :D )

Хахаха, сега ги видов одговорите, закон прашања :D
 
1.Соба без врати и прозорци,само еден човек кој што виси од таванот а подот е со вода.Како починал?

2.Да претпоставиме дека имало 3 мажи и двајца од нив замрзнале.Колку останале?

3.3 куќи-црвена куќа,плава куќа и бела куќа.Ако црвената куќа се наоѓа лево од куќата во средина,а плавата се наоѓа десно од куќата во средина,тогаш каде е белата куќа?

4.Се наоѓате во кабина каде што е црна темница и имате само едно кибритче.Што ќе запалите прво:весникот,ламбата или свеќата?

5.3 дебели жени стоеле под еден чадор но ниту една од нив не се намокрила.Како е возможно тоа?

6.Имало некој стар човек кој живеел сам.Една вечер се чувствувал уморен и бил до бањата и пред да си легне го изгаснал светлото.Другиот ден на вести кажуваат дека некој брод се потопил и старецот кога го слушнал тоа го отворил прозорецот и скокнал.Зошто?

7.Што е толку кревко што кога ќе го кажеш неговото име се крши?

8.Живееме во зграда на 10 спрат.Син ми секое сабајле се симнува со лифт до приземје меѓутоа кога се качува,се качува со лифт само до 5 спрат.Зошто?

9.Џим со мајка му и татко му излегле надвор на дождот,но само на двајца од нив му се намокриле косите.Зошто?

10.Што е тоа што бара одговори,но никогаш не поставува прашања?

11.Далеку во шумата има кабина со две соби.Во едната соба има двајца,а во другата само еден човек.Сите врати и прозорци се заклучени и сите луѓе се мртви.Како е можно тоа?

12.Човек лежи мртов во поле.Освен него има само еден неотворен пакет и ништо друго.Како умрел?

13.Филип го гаси светлото во спалната,иако тоа е оддалечено 20 стапки од креветот сепак тој успева да стигне до креветот пред да биде комплетна темница.Како?

1.Стоел на ледена коцка со јаже околу вратот и кога коцката се истопила...се обесил

2.Ниту еден.Само си претпоставуваме.

3.Во Вашингтон.

4.Кибритчето

5.Не врнело дожд

6.Затоа што старецот живеел во светилник и фактички кога го изгаснал светлото бродот неможел да се ориентира и потонал.Поради тоа бидејќи направил грешка се самоубил.

7.Тишина

8.Затоа што има само 5 години и не може да достигне до копчето за 10-ти спрат

9.Затоа што татко му на Џим бил ќелав

10.Телефон

11.Тоа било всушност авионска несреќа.Пилотот и копилотот биле во контролната кабина,а патникот бил во другиот дел.

12.Скокнал од авион и носел падобранец кој требало да се отвори....но никогаш не се отворил па останал само неотворен пакет и мртов човек

13.Филип секогаш си легнува додека е сеуште ден.

Ќе има нови во скоро време да ги вежбаме мозочињата :smir:
 
Јеее погодив за Белата куќа :tv:
Ме мрзеше и за другите да одговарам, ама на следниот круг прашања ќе се потрудам повеќе :)
 
Јеее погодив за Белата куќа :tv:
Ме мрзеше и за другите да одговарам, ама на следниот круг прашања ќе се потрудам повеќе :)

Еве само за тебе :smir:

1.Каква боја е крзното на поларната мечка?

2.Радосниот и буцкаст човек наречен Дедо Мраз.Од каде доаѓа?

3.На брод.Кое време е кога ќе се слушнат 8 отчукувања?

4.Како можеш да пуштиш јајце на под без да го пукнеш?

5.Ако на 8 мажи им требаат 10 часа за да изградат ѕид,тогаш колку време ќе им треба на 4 мажи?

6.Ако имате 3 јаболка и 4 портокали во едната рака и 3 јаболка во другата рака,што имате тогаш?

7.Како можеш да дигнеш слон со една рака?

8.Како може човек да помине 8 дена без спиење?
 
1.Куќа со 4 ѕида.Секој ѕид гледа на југ.На секој ѕид има прозор.Преку прозорот влегува мечка.Каква боја е мечката?
-Бела, на северен пол е куќата

Arctica_north_pole_photograph.jpg

Во вода ни на мразот ни куќа ни мечка :) Исто живеат и Гризли близу северен пол, кафеави се:baeh::)
 
Еве само за тебе :smir:

1.Каква боја е крзното на поларната мечка?

2.Радосниот и буцкаст човек наречен Дедо Мраз.Од каде доаѓа?

3.На брод.Кое време е кога ќе се слушнат 8 отчукувања?

4.Како можеш да пуштиш јајце на под без да го пукнеш?

5.Ако на 8 мажи им требаат 10 часа за да изградат ѕид,тогаш колку време ќе им треба на 4 мажи?

6.Ако имате 3 јаболка и 4 портокали во едната рака и 3 јаболка во другата рака,што имате тогаш?

7.Како можеш да дигнеш слон со една рака?

8.Како може човек да помине 8 дена без спиење?

1. Бела?
2. Од никаде, измислен е.
3. Време за спиење?
4. Со внимателност.
5. 20 часа.
6. Полни раце.
7. Во сон.
8. Никако.

Е, стварно се зафркнати. :)
Ќе бидам среќен ако сум погодил барем две. :)
 
1. Бела?
2. Од никаде, измислен е.
3. Време за спиење?
4. Со внимателност.
5. 20 часа.
6. Полни раце.
7. Во сон.
8. Никако.

Е, стварно се зафркнати. :)

Хмм ај размисли уште малку онака поубаво :pipi::smir: еве до вечер имаш шанса
 
Ај кажи ги. :)
Да би одговарал пак истите одговори би ги дал. :)

EDIT: Ај чек, да се обидам пак. =)
 
Еве само за тебе :smir:

1.Каква боја е крзното на поларната мечка?

2.Радосниот и буцкаст човек наречен Дедо Мраз.Од каде доаѓа?

3.На брод.Кое време е кога ќе се слушнат 8 отчукувања?

4.Како можеш да пуштиш јајце на под без да го пукнеш?

5.Ако на 8 мажи им требаат 10 часа за да изградат ѕид,тогаш колку време ќе им треба на 4 мажи?

6.Ако имате 3 јаболка и 4 портокали во едната рака и 3 јаболка во другата рака,што имате тогаш?

7.Како можеш да дигнеш слон со една рака?

8.Како може човек да помине 8 дена без спиење?

1. Прозрачна, кремаста (?)
2. Дедо Мраз не постои
3. Време за станување? :)
4. Никако.
5. 20 часа
6. Полни раце
7. Ќе му подметнеш глушец?
8. Со голема количина кофеин?

:)
Стварно не знам.
Дај кажи ги одговорите.
 
1.Каква боја е крзното на поларната мечка?
- Проѕирна.

2.Радосниот и буцкаст човек наречен Дедо Мраз.Од каде доаѓа?
- Дедо Мраз не постои.

3.На брод.Кое време е кога ќе се слушнат 8 отчукувања?
- Не го контам прашањево. Знак дека бродот ќе се евакуира?:icon_lol:

4.Како можеш да пуштиш јајце на под без да го пукнеш?
- Не можеш.

5.Ако на 8 мажи им требаат 10 часа за да изградат ѕид,тогаш колку време ќе им треба на 4 мажи?
- 20 часа.

6.Ако имате 3 јаболка и 4 портокали во едната рака и 3 јаболка во другата рака,што имате тогаш?
- Раце полни со овошје.

7.Како можеш да дигнеш слон со една рака?
- Не можеш.

8.Како може човек да помине 8 дена без спиење?
- Не може, ќе умре.
 
1.Каква боја е крзното на поларната мечка?
Прозрачна.Белата боја доаѓа од рефлектирањето на светлината.

2.Радосниот и буцкаст човек наречен Дедо Мраз.Од каде доаѓа?
Coca-Cola.Измислена од Харолд Сандблум во 1931 година :)

3.На брод.Кое време е кога ќе се слушнат 8 отчукувања?
Време кога завршува една смена и почнува друга.Се менува екипажот.

4.Како можеш да пуштиш јајце на под без да го пукнеш?
Лесно и едноставно.Подот е многу тешко да го пукнеш :)

5.Ако на 8 мажи им требаат 10 часа за да изградат ѕид,тогаш колку време ќе им треба на 4 мажи?
Николку.Ѕидот е веќе изграден.

6.Ако имате 3 јаболка и 4 портокали во едната рака и 3 јаболка во другата рака,што имате тогаш?
Тогаш имате многу големи раце :)

7.Како можеш да дигнеш слон со една рака?
Којзнае.Не постои слон со една рака :)

8.Како може човек да помине 8 дена без спиење?
Лесно.Ќе спие навечер :helou::smir:
 
Цццц... :) :)
Ај уште, уште... :pos:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom