7ца или Ројал (сендвичари)

  • Креатор на темата Креатор на темата Mr Animator
  • Време на започнување Време на започнување
Киоск е најдобро моментално во Скопје, си вредат 180 ден за квалитетно месо, лебче и све внатре. Мераци
 
Ни едното ни другото, во последниве 4 години преку 80% од времето на работа си носам во пластика оброци подготвени од дома. Најчесто вечерта си печам стек/риба/говедско/свинско, варени јајца и во зависност од потребата плус ориз и салата или само салата, ако не стигнам да печам месо си отворам туна/сардина или грав готов во конзерва, многу подобар избор за храна кога си во брзање од било која сендвичара/пекара.
Немањето на време е само изговор поради мрза, за да приготвиш 2 оброци за следниот ден се потребни не повеќе од 30 минути.
Не дека е тешко да се направи, ама голема обврска е секоја вечер да мислиш што ќе јадеш следниот ден на работа и истото да го приготвиш.
Салатата не е тоа тоа ако се јаде следниот ден. Мразам ладна храна и никако на работа носење риба во конзерви. Уште кромид да ставиш во неа. :LOL:
 
Страшно голема обврска :)
Нема да и ставиш сол/масло/киселина на салатата, само ја дробиш, пред да ја јадеш ќе си ги додадеш нив.
Поарно ладна во која знаеш што си ставил, отколку некој хамбургер со мелено во кое ни тие што го продаваат не се свесни какво се ѓубре ставиле.
 
има право Кеплер за салатата, можеш да надробиш во цело пластично од оние за тесто растење и цела недела ќе имаш, само да не и ставаш мастрафи, гајле ќе нема. Јас така си правам некогаш зошто знам дека може да ме здомрзе после работа и само си истурам.

Ова Киоск има нешто фб, за локација да видиме?
 
http://www.kioskburger.com

Sent from my Redmi Note 3 using Tapatalk
 
Страшно голема обврска :)
Нема да и ставиш сол/масло/киселина на салатата, само ја дробиш, пред да ја јадеш ќе си ги додадеш нив.
Поарно ладна во која знаеш што си ставил, отколку некој хамбургер со мелено во кое ни тие што го продаваат не се свесни какво се ѓубре ставиле.
Ако немаш други обврски и секоја вечер да си дома да приготвуваш и само на тоа да мислиш. Да сум сам е друго, а друго да мислиш за уште тројца. Треба да мислиш и што ќе јадеш кога ќе се вратиш од работа и што ќе јадат останатите дома.

Секој ден на работа е различен барем за мене и не знаеш што те очекува. Некој ден и еве цела недела е уживање и се има време за се, а некогаш немам ни 2 минути за основни потреби и немам ни пауза за јадење и кафе, а не пак салата да спремам. Ќе се појави нешто непланирано и во такви денови да носам месо и салата и ќе го вратам назад како што е спакувано. :D
 
Ројал лепчето увек им е старо, суво, се рони. Премногу сос ставаат, увек ко свиња се правиш. Плус ако е со достава треба да се изначекаш и ти го носат камен, оти мора се испуши еден пред секоја нарачка.
Седмица не вреди за парите, плескавица, помфрит и лепче, толку. Чат пат некоја марула ако се најде. И јас како што не јадам мајонези и кечап ми доаѓа премногу суво.
Вили нема потреба од коментар, дно
Најдобро во источниов дел на Скопје е Лесковачка кај мајчин и таа позади Капитол.
Искрено делов Аеродром и Ново лисиче нема избор за кај да се јаде џанк фуд. Едно време имаше гиро Фудио ама и тоа го затворија, а баш беше добро за промена.
 
Инаку на муабетот, немав подолго време јадено fast food, и ми се напраи некој мерак од кога се отвори темава. Денес јадев 7ца и цел ден ми е лошо. Значи добро било што сум прекинал, не ми се верува дека 3-4 пати во неделата сум го јадел ова срање. :D
 
па и да немаш проблеми, ако јадеш такви ствари редовно после некое време ќе почнеш да имаш.

било која брза храна да ја јадеш редовно, ќе имаш. не е тоа храна за секој ден туку за понекогаш.
 
Хаха,ја едвај чекам од 7-ца или од Ројал да пробам,а и башка не јадам многу брза храна,не дека не ја сакам,туку дека не сум во можност нонстоп.Нормално иди ти секој ден јади од 7-ца или Ројал,нормално дека ке ти се згади xD
 
има луѓе што редовно јадат таму по тие места и вкусно им е
 
Ројал бургер некако ми се со константен квалитет како за брза храна .Мани имаат, премногу сос се става, и некогаш месото е мн испечено и крцкаво, лош принцип на послужување (кога има гужва се губи ред .. ) .Ми се допаѓа што вложуваат во амбалаж за носење на сендвичите (за разлика од 7ца ).Никогаш не сум нарачал за достава знаејки дека таму тоа го работат нај дно од луѓе .
Би ги оценил 8/10
7-ца е сосема поинаква храна, се вадат на стара слава и цените ги направија астрономски.Не задржуваат некој квалитет и хигената е на пониско ниво (од она што сум го видел ).Количината на храна е пресудно за јадење во 7ца кај многумина .Оценка 7/10
 
Ројал константен квалитет? Ако земеме период од 24 часа да. :D Ројал кога се отвори и ројал сега благе везе немаат :)
 
Ројал константен квалитет? Ако земеме период од 24 часа да. :D Ројал кога се отвори и ројал сега благе везе немаат :)

Не сум мн чест конзумент , дали еднаш во неделата ке јадам и можеби не ја забележувам толку многу разликата.Сакав да кажам како за брза храна не се лоши и сепак се трудат да одржат квалитет на производите .Испади има, но тоа е поради несоодветно менаџирање на персоналот (и општо персоналот е турни ме да кинисам ) .
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom