Иницијатива за закон за забрана на финансирање на невладини организации, од НАДВОРЕШНИ спонзори

  • Креатор на темата Креатор на темата Vanlok
  • Време на започнување Време на започнување
А кој ни е национален интерес?
Отвори тема па ќе дискутираме. Опстанокот на државата, зачувување на националниот идентитет на Македонците, се веројатно меѓу најосновните национални интереси. Штета овде нема простор повеќе да се дискутира сериозно.
 
Единствен и најбитен македонски национален интерес во моментов е што повеќе македонци земат бугарски пасош, да се вработат во странство и да праќаат пари дома.

ОТИ ДРУГО ЧАРЕ НЕМА
 
Не знам зашто е потенцирано само од надворешни спонзори кога и внатре имаме НВОа финансирани дури и од буџет, кои и не знаеме точно во чиј интерес работат.
Луѓето истражувале во врска со домашните НВО-а и здруженија за кои има ставки во буџетот на РМ за финансирање, а кои имаат нејасни активности. Здружение за духовно обединување на Сетинци-Попадин.... , Синергија (кои се имаат замешано и во изборите), Народна Техника ....
Нашата влада ги части, а парите за наши услови не се малку.

Здружение на сетинци, попадинци и крушоради.
Ама тие се во ред бидејќи го бранат националниот интерес. Голема работа што од народни пари се финансираат.

Исто, нема везе што годишниот буџет на АЕК за реклами е голем колку десет буџети на Сорос организацииве.
Нема везе што Сител со помош на државните реклами стана по профитабилна компанија од некои фабрики дури и рудници (извештај од Капитал). Странците се проблемот, они ќе ни ја крадат државата.
 
Не знам зашто е потенцирано само од надворешни спонзори кога и внатре имаме НВОа финансирани дури и од буџет, кои и не знаеме точно во чиј интерес работат.

Се согласувам дека треба да се регулира и финансирање на НВО од буџетот. Се согласувам дека и тоа е неправилно, иако сметам дека е вредно да се нагласи дека финансирањето на НВО од буџетот е одбрамбен механизам од другите НВО (финансирани од надвор). Сметам и на двете пракси треба да им се стави крај.

Но за тоа @Lurtz - можеш да отвориш една посебна тема. Обрни внимание таму и за разликите во димензиите, пошто еден Џорџ Сорос тежи многу повеќе од илјадници македонски државни буџети.[DOUBLEPOST=1447151343][/DOUBLEPOST]
Значи крај цел е да се забрани протестирањето ???????
Цел е да се забрани можноста за легално внесување на пари за корумпирање, создавање на петта колона, и пропагандизирање (а тебе, изгледа не ти се читаат нешто претходниве постови што директно тебе ти ги напишав).[DOUBLEPOST=1447151819][/DOUBLEPOST]
Според она што го читам повеќето од вас предлагате да се укинат и сите грантови од холандска амбасада на пример, или работењето на Црвен крст, прекинување на набљудувањето на Мост и слично.
Ова некаде и поназад го напишав: Зошто бе зборувате за грантови и директни донации до државата Македонија? Ај прочитајте го повторно насловот на темата.

Како што некој напиша поназад, ако Словенија сака да донира за изградба на дом за сирачиња - кој вели дека тоа не е би било можно. Целта на еден ваков закон е да се спречи неконтролирано влегување на парични средства, со кои се корумпираат и опозицијата и позицијата, и други елементи од опшеството - петтата колона, луѓе кои се плаќаат за активно да работат за странски интереси внатре во државата Македонија.
 
Последно уредено:
Целта на еден ваков закон е да се спречи неконтролирано влегување на парични средства, со кои се корумпираат и опозицијата и позицијата, и други елементи од опшеството - петтата колона, луѓе кои се плаќаат за активно да работат за странски интереси внатре во државата Македонија.

Тоа може да се постигне и само со измени во постојниов закон. Не мора да се забранува воопшто целата активност на ваквите организации и потполно да се изолира државата по примерот на Русија, Кина.. Оти ние не сме Русија и Кина.
 
Vanlok, наведи во која реченица, пасус или дел од колумната на Геровски се промовира подривање на општеството и унитарноста на република?!

Бидејќи, ако тој ти е пример за "штетноста" на организациите финансирани од странство имаш невалиден доказ во случајов (без разлика колку и јас самиот некогаш да не го одобрувам она што тој го пишува).

Јас ќе ти одговорам.

Геро не е некој рандом будала на која и текнало да разгорува дискусија за една толку осетлива тема како што е ФЕДЕРАЛИЗАЦИЈАТА, ПОСЕБНО, затоа што неговиот падан Латас ја тера таа дискусија.

Со оглед дека Латас очигледно си одработува за некоја од соседните држави во овој критичен момент, мене ми личи дека сето ова е оркестрирано, навидум наивно, ама во позадина со злобни намери за нашава држава.

За тоа колку е Латас патриот и му веруваат можевме да го слушнеме Мартин во бомбите.
 
Последно уредено:
Не мора да се забранува воопшто целата активност на ваквите организации...
Па воопшто НЕ зборуваме за забранување на невладините организации.
Зборуваме за забранување на нивно финансирање од НАДВОРЕШНИ спонзори. Зборуваме за неконтролирано влегување на парични средства, со кои се корумпираат и општеството и државата.

... Оти ние не сме Русија и Кина.
Па не сме нити САД, или западна Европа.
 
Здружение на сетинци, попадинци и крушоради.
Ама тие се во ред бидејќи го бранат националниот интерес. Голема работа што од народни пари се финансираат.

Исто, нема везе што годишниот буџет на АЕК за реклами е голем колку десет буџети на Сорос организацииве.
Нема везе што Сител со помош на државните реклами стана по профитабилна компанија од некои фабрики дури и рудници (извештај од Капитал). Странците се проблемот, они ќе ни ја крадат државата.
Овие само ги наведов. Инаку Попадинци биле донатори за спомениците, нивното салдо е матно, имале добиено околу 30.000 евра а донирале 5 споменици. Исто така и нивното основање е чудно, без основачи и така натаму.
За Синергија пишува и Фокус
http://fokus.mk/koj-ja-finansira-koalitsijata-izlezi-da-glasash/
А што е од национален интерес-донирање споменик или апарат во детска болница и амбулантни возила? Едноставно не може да се направи рез-домашните работат за Македонија, странските против. А реално пред закон е потребен и доказ дека некој работи против држава.
 
Јас ќе ти одговорам.

Геро не е некој рандом будала на која и текнало да разгорува дискусија за една толку осетлива тема, ПОСЕБНО, затоа што неговиот падан Латас ја тера таа дискусија.

Со оглед дека Латас очигледно си одработува за некоја од соседните држави во овој критичен момент, мене ми личи дека сето ова е оркестрирано, навидум наивно, ама во позадина со злобни намери за нашава држава.
Фала богу нешто да се согласиме. Мејнстрим новинарите од оваа или онаа групација никогаш не седнуваат и објавуваат нешто пошто им прекипело или онака еј немав што да правам дај ќе си пишам колумна. Се си има позадина, скриени пораки и тн. Латас, Геровски, Кабранов, групата позади Нова Македонија тоа се се искусни новинари кои си тераат некоја агенда.
 
Vanlok, наведи во која реченица, пасус или дел од колумната на Геровски се промовира подривање на општеството и унитарноста на република?!

Примери како последната колумна на преститутот Геровски има многу, но последниот пример е избран како најактуелен. Инаку во уводниот пост дадов линк кон целата колумна, и извадок - иако сметам дека и самиот наслов е повеќе од доволен:
Ајде да зборуваме за федерација, зошто да не?!
читај: „Ајде да зборуваме за национално самоубиство, зошто да не?!
 
Фала богу нешто да се согласиме. Мејнстрим новинарите од оваа или онаа групација никогаш не седнуваат и објавуваат нешто пошто им прекипело или онака еј немав што да правам дај ќе си пишам колумна. Се си има позадина, скриени пораки и тн. Латас, Геровски, Кабранов, групата позади Нова Македонија тоа се се искусни новинари кои си тераат некоја агенда.

Е па стисни ми лајк ебате :)
 
Опстанокот на државата, зачувување на националниот идентитет на Македонците,

ако мислиш на опстанок на држава на чие чело седат борци команданти и водачи на УЧК и ОВК, и национално единство каде на една третина држава се веат странски знамиња се зборува странски јазик се преименуваат школи и патишта со имиња на паднти борци против Македонија и им се подигаат споменици, одма нек дојде Сорос да ни биде и претседник и премиер заедно
 
Овие само ги наведов. Инаку Попадинци биле донатори за спомениците, нивното салдо е матно, имале добиено околу 30.000 евра а донирале 5 споменици. Исто така и нивното основање е чудно, без основачи и така натаму.
За Синергија пишува и Фокус
http://fokus.mk/koj-ja-finansira-koalitsijata-izlezi-da-glasash/
А што е од национален интерес-донирање споменик или апарат во детска болница и амбулантни возила? Едноставно не може да се направи рез-домашните работат за Македонија, странските против. А реално пред закон е потребен и доказ дека некој работи против држава.

Недај Боже таа порта да ја отвориме. Само за владини реклами (индиректно купување медиуми) годинава од Влада се одвоија 20 милиони евра. А каде е МТВ, грантови, невладини организации.
Ќе испадне сума со многу повеќе нули отколку таа што ја добиваат НВО кај нас.

Настрана што не правиме муабет дека ваков закон воошто не е компатибилен со нашата желба за членство во ЕУ. Само изгледа тое што ја пропагираат идејава не гледаат накај ЕУ туку гледаат накај Русија, Белорусија, Казахстан и други земји.
 
Па воопшто НЕ зборуваме за забранување на невладините организации.
Зборуваме за забранување на нивно финансирање од НАДВОРЕШНИ спонзори. Зборуваме за неконтролирано влегување на парични средства, со кои се корумпираат и општеството и државата.

Па не сме нити САД, или западна Европа.
Така де. И јас за тоа зборувам. Не мора да се забранува финансирањето од странство, туку наместо тоа може да се контролира.

Ма нашиот проблем е што цело време се однесуваме или како курва која им се нуди на белосветските мераклии што од исток, што од запад, или како нејзината екстремна алтернатива на самобендисана мома по која сите еден ќе плачат ама може и без никој да преживее.

Што зборува за крајна неувереност и шизофренична природа.

Јас ќе ти одговорам.

Геро не е некој рандом будала на која и текнало да разгорува дискусија за една толку осетлива тема како што е ФЕДЕРАЛИЗАЦИЈАТА, ПОСЕБНО, затоа што неговиот падан Латас ја тера таа дискусија.

Со оглед дека Латас очигледно си одработува за некоја од соседните држави во овој критичен момент, мене ми личи дека сето ова е оркестрирано, навидум наивно, ама во позадина со злобни намери за нашава држава.

За тоа колку е Латас патриот и му веруваат можевме да го слушнеме Мартин во бомбите.

Геро разгорува дебата.. Па види дебатата е донекаде потребна, а начинот на кој резонира и полемизира Геровски е правилен.
Федерализацијата на Македонија е бесмислена освен за задоволување на племенските амбиции на Албанците.
Но, во Македонија треба да се размислува за нејзината алтернатива која би го направила смешно дури и самото споменување на зборот федерализација, а тоа е рамномерен регионален економски развој. Во тој правец е и текстот на Геро-профитеро чијшто наслов е одговор на обидот да се воскресне духот на екстремизмот меѓу албанскиот електорат.

За Латас неќам ич да зборувам. Не вреди и нема смисла.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom